|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

EciPeci: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 20.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/41


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: EciPeci

Датум на породување: 06.01.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

Според матичната докторка терминот за породување ми беше 11.01.2010, а според сите други калкулатори 16.01.2010 година. Толку многу се чувствував тромаво, толку многу се ми беше тешко и толку многу се имав изначитано за бебиња и пораѓај, што кога ке чуев дека некоја го надносила бебето 2 недели коса ми се креваше :) Едвај чекав да се породам во буквална смисла на зборот, впрочем како и секоја друга трудница.

На 06.01 ме разбудија коледарчињата уште во 5.30 h и додека чекав нова тура дечиња на врата, си читав породилни приказни. Во 13 h имав закажано контрола на гинекологија. Одиме со маж ми, а тој ми вика: Дај побрзо да завршиме бидејќи Пандев денес првпат игра за Интер, сакам да го гледам.

Е ти сакаш, ама некој друг не сакал :)

Ме проверува докторот и ми вика: Ти болки немаш, четири прсти си отворена?  Јас му велам- немам, а тој ми вика готова си, ке те задржам, дежурен сум до утре сабајле, ке ти ставам провокација и ке те породам...

Јас луѓе што да ви кажувам, среќна, пресреќна, не ме боли ништо, од што да се плашам?!?... Ја облеков таа спавачата и излегувам надвор со алиштата во раце, му ги давам на маж ми и му викам ништо од Пандев денес, па го пратив да ми купи некои работи што ми требаа...

Ме качија горе во т.н. претпородилна соба, таму кланица- нема слободен кревет, јас немам болки си викам - што ке ми е кревет?! И ништо... шетам по ходници, ме измерија, ме проверија, ми ставија клизма и накај 16 h ми ставаат провокација. Jас труп, ни болка, ни бутур. Е после накај 19 h докторот ми вика дојди да ти го пукнам водењакот за да мрдне работава. Јас како начитана трудница, знаев дека болките се појаки откако ке се пукне водењакот и му викам- може ли уште малку без пукнат водењак, те мооолам... и тој ме гледа и ми вика -станувај ајде да се породиш побрзо... Ми го пукна водењакот и тука почнаа маките, ама слатки маки се тоа, не е ништо неиздржливо, само Господ да го чува бебето да нема компликации, инаку се е минливо и брзо се заборава.

Како и да е, почнаа да ми се засилуваат болките и накај 23 h бев 9 прста отворена. Mи рекоа да станам да одам во породилна сала. Во тие моменти тоа го дочекав како просветлување, одвај чекав. Пак проверуваат, пак 9 прсти отворена, докторот ми вика издржи уште малку, многу е битно 10 прсти да си отворена. Јас почнав веќе ептен јаки напони да чувствувам, бебево сака да излези, ама ке трпиш што ке правиш. И туку од нигде никаде се појавува една сестра и ја вика тетка ми (заборавив да спомнам дека тетка ми работи на Клиника) кафе да пијат. Јас им викам “какво кафе, нормални сте?” а таа ми вика “ ајде издржи уште малку, нема во пост да го рагаш детето, цел живот треба посни торти да му правиш”. Во цела мака жената успеа и да ме насмее :)

Доаѓа сестрата, ме проверува и ми вика ти си готова ке раѓаш, само не мафтај со рацете многу. Незнам што ми беше додека ме прегледуваа, не од болка, туку така, си мафтав со рацете нешто, барав за нешто да се фатам. Го викнаа докторот, ми кажа како да давам напон и од еден напон ооооп излезе главче, го видов, лелееееее душа мала. После излегоа и раменца, го повлекоа и ми го покажаа. Душа мала, вришти, пишти, гледам во саатот 23.59 и им викам лелееееееее една минута пред полнок... и докторот вика лелееееееее е ова првпат го гледам, трудница да се породи и во саатот да гледа :)

Ама критично беше, дали душата моја ке се роди на 6-ти или на 7-ми, затоа следев. После нормално проверив на точно време дали бил точен саатот и на мое изненадување точен бил :)
Тоа е мојата приказна како јас станав ние, на Бадник и си го родив моето најмило и најсакано коледарче.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на синчето на EciPeci !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Интервју: Бетпет, мајка на големиот борец ...
“Нашата ќерка се роди на 6 месеци и 18 дена и тоа со тежина од само 630 грама. Сега имаме три месеци и 2050 грама, па за...
4
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
Освестувачки: Подгответе се за животот со ...
Спијте, одморајте се, гледајте ТВ и одете на романтични вечери со вашиот партнер – тоа ќе ви кажат повеќето, пред да доб...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?