|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Џенифер Анистон во 40-та поубава од секогаш!

Убавина и Здравје, 10.12.2010
Сите женски магазини барем неколку пати имаа нејзина слика на насловните страници, сите многу пати пишуваа за неа, за нејзината несреќна љубов со Бред Пит, и сите во неа како да гледаа осамена и оставена жена. Но таа е многу повеќе од тоа.

image
/11


Сите женски магазини барем неколку пати имаа нејзина слика на насловните страници, сите многу пати пишуваа за неа, за нејзината несреќна љубов со Бред Пит, и сите во неа како да гледаа осамена и оставена жена. Но таа е многу повеќе од тоа. Џенифер Анистон, пред се е жена што умее да се смее...

Дете на актери, со шкотско – италијански корени по мајка и Гркинка по татко, Џенифер на 11 години се запишува на училиштето по драма на Рудолф Штајнер. Школувањето го продолжила во њујоршко средно училиште по примената уметност, а фактот што уште тогаш била дежурен забавувач, укажувал дека наскоро ќе се развие во извонредна комичарка. Првата ТВ-улога ја доби бо 1989 г, а веќе во 1994. Благодарение на Рејчел Грин во серијата “Пријатели“, стана интернационална ТВ – звезда. Таа улога и донесе многу номинации и награди, слава и успех. А благодарение на тоа, набргу и голема љубов.

Холивудска бајка

Се почнало како во бајка : договорен состанок со тогаш веќе славниот Бред Пит, кој им го наместиле пријателите, кој набргу се развил во голема љубов и во брак. Џен тогаш своето презиме во официјалните документи го смени во Пит. Но пред  врската со Бред Пит, Анистон на новинарите и на таблоидите не им беше многу интересна. Затоа малкумина знаат дека најзини предходни момчиња биле : Чарли Шлатер, Даниел Мекдоналдс, Тејт Донован и музичарот Адам Дуриц. Но врската со Пит беше нешто поинаку – нереалната блискост меѓу нив се забележуваше и на папарацо – фотографиите.

Скршен сон

Сепак бракот траеше само пет години. Достоинствено ги поднесе фактот дека е оставена, здодевните папaраци, таблоидите, среќата на бившиот сопруг и неговата избраничка, па затоа списанието  “GQ 2005” ја прогласи за жена на годината. Џен едноставно вели:“Сфатив дека човекот може да поднесе многу болка“. Со помош на психотерапевите и јога, ги канализирала лошите емоции без да го плука бившиот и да ги полни таблоидите. Кога Бред ја остави, преживеа благодарение на пријателите, пред се на брачната двојка Кортни Кокс – Дејвид Аркет.

Како да се победи стравот од летање

“Колку  е поголема способноста да сакате, толку поголема болка можете да поднесете“, изјави Џен во една пригода. По брачниот бродолом, сфатила дека не треба да се прават планови, туку да се смислуваат опции. Долго и требаше да ја врати самодовербата. Иако два пати ги тужеше таблоидите поради објавување нејзини топлес – фотографии, минатиот јануари се појави разголена на страниците на списанието “GQ“. Во интервјуто изјави дека сега подобро се чувствува во сопствената кожа отколку во дваесеттите и во раните триесетти години од животот : “Жената во 40-та изгледа подобро од секогаш!“

Стил – девојка

Годините по разводот, и покрај маките, сепак и беа многу значајни за кариерата, бидејќи сними неколку филмски хитови. Со работата успеа да ја врати самодовербата, но вистинската љубов се уште ја нема најдено. Наследниците на Бред, актерот Винс Вон, моделот Пол Скулфор и музичарот Џон Мејер немаа среќа. Иако би сакала да е во врска, сепак вели дека не и е неопходна, но ни била само “шлаг на тортата“. Ужива во животот, конечно задоволна од себе и од сопственото тело. Ако некој се уште ја сожалува, нека се откаже, бидејќи Џенифер е доволно духовите да се избори дури и со шегите на сопствената сметка. Неодамна, примајќи ја Кристалната награда , за својот живот направи ваква споредба : “Почна со  Добра девојка, потоа, се разбира, Се зборува дека..па Фаталната прељуба, а потоа и Раскинување.Ако некој од вас има проект насловен Вечна љубов со зрел и сигурен маж, јас сум на масата бр.6, а моите агенти се на бр.12!“

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
9
Тест: Изберете Велигденско јајце
Кое е првото јајце кое ви падна в очи? Погледнете што значи. Тест: Изберете Велигденско јајце
4
15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?