|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Движење на бебето во стомакот

Редакција Рингераја, 8.5.2021
За секоја идна мајка, првото движење на бебето во стомакот претставува најсреќен момент во животот, бидејќи тоа говори дека се е во ред со бебето.

image
/11


 

Иако ќе поминат уште неколку месеци пред да се сретнете лице во лице со своето бебе, уште сега можете да почнете да се запознавате. “Разговорот” со бебето, нежното милување на стомакот, пуштањето на пријатна музика, се прекрасен начин за да воспоставите врска со бебето, уште кога е во стомакот.
Доколку се работи за прва бременост, големи се шансите дека нема да имате  изразен стомак се до 12. недела. Меѓутоа, тоа не значи дека во Вашето тело не се одигруваат живи активности, бидејќи едно малечко суштество таму започна да живее. Кога стомакот ќе се заобли и ќе почне да расте, ќе може да го насочите сето свое внимание на најсаканиот потстанар, кој во наредните месеци се почесто ќе Ви покажува дека нестрпливо чека да дојде на свет.


Што се случува внатре?


За секоја идна мајка првите движења на бебето претставуваат најсреќен момент во целиот живот. Тие и говорат дека бебето е активно и дека се е во ред. Тоа обично се случува околу седмата недела од бременоста, но бидејќи тогаш плодот е многу мал, мајката тоа не го чувствува. Значајните движења на бебето се јавуваат околу 20. недела од бременоста, но многу мајки нема да сфатат дека тоа што го чувствуваат е всушност движењето на бебето.
Бебето е најактивно околу 24. недела. Тогаш почнува да ги истегнува и собира мускулите и има поголема контрола над своите движења. Меѓутоа, заради амортизирачкиот ефект на плодовата вода, можеби нема да ги почувствувате движењата дури ни тогаш. Од друга страна, ако бебето се сместило под градниот кош, или се спуштило ниско во карлицата, ќе ги почувствувате дури и најмалите движења – дури и оние кога бебето ика.



Време за одмор


Како што напредува бременоста, а бебето расте и се развива, просторот во стомакот е се помал и неговите движења се се' поизразени. Околу 30. недела од бременоста ќе ги чувствувате движењата на бебето секој ден – обично наутро или навечер. Во оваа фаза од бременоста бебето ќе воспостави некаква рутина – ќе мирува додека сте будни (бидејќи Вашите движења го заспиваат), а ќе биде активно додека Вие спиете. Тоа значи дека ќе пропуштите многу движења, ако сте активни во текот на денот и цврсто спиете навечер.
Секако, оваа појава е крајно индивидуална, па некои жени имаат чувство дека нивното бебе игра фудбал во стомакот, додека други веруваат дека во нивниот стомак има заспано јагненце. Како бременоста се движи кон терминот почнуваат ударите со раце. нозе, колена и лакти. Некои од нив можат да бидат толку јаки што ќе предизвикаат болка. Доколку тоа се случува често, сменете ја положбата на телото, за да го натерате бебето и тоа да заземе друга положба.



Рака или нога?


Во последните неколку недели од бременоста, бебето ќе биде потиснато од внатрешниот ѕид на Вашиот стомак, што го ограничува просторот за изведување на гимнастиката која порано ја практикуваше. Сега лесно ќе можете да ги почувствувате движењата, држејќи ги рацете на стомакот. Впрочем, тоа му овозможува на лекарот, во тек на прегледот, со помош на допир да почувствува во која положба се наоѓа бебето, како и да ја процени неговата големина.
Заради тесниот простор во стомакот, движењата на бебето сега можат не само да се почувствуваат, туку и да се видат. Многу мајки забележуваат контури од рака или нога, на кожата на стомакот, додека бебето немирно се врти, трудејќи се да најде удобна положба. Опуштете се во топла бања и нежно поминете со раката по стомакот допирајќи го грбот на бебето (мека заоблена површина), главата и газето (округла површина, со скоро иста големина), раце и нозе (мали, заоблени и цврсти делови).



Здраво малечко!


Околу 18. недела од бременоста, бебето може да чуе, а од 26. недела веќе го препознава Вашиот глас. Тоа е сосем добра причина за да почнете да разговарате со него. Освен чувството на поврзаност, кое го развивате низ разговорот со него, неговата способност да го препознае Вашиот глас, ќе му донесе голема сигурност во моментот кога ќе стигне на овој свет. Вклучете го и сопругот во овој ритуал. Иако не може да го разбере значењето на зборовите, бебето ќе ја запомни бојата на Вашиот глас и тонот со кој зборувате.
Вашето расположение исто така има големо влијание врз бебето. Ако сте на пример анксиозни, уплашени или нервозни, во организмот на бебето ќе се појави иста количина на адреналин, како и во Вашиот. Исто така, се' што Ве опушта, Ве прави смирени и среќни, предизвикува ист ефект и кај Вашето бебе. Обидете се да се опуштите кога можете, користете ги вежбите за дишење, топла бања, благи масажи и слушајте релаксирачка музика.



Големото спуштање


На околу четири недели пред породувањето ќе забележите дека стомакот Ви се спуштил. Тоа значи дека бебето се спуштило во карлицата , во положба за раѓање.
Заради зголемениот притисок на бешиката, ќе почувствувате поголема потреба за мокрење, а заради притисокот кој главата на бебето го врши врз мускулите на карлицата, ќе чувствувате болки и трпнење во овој регион.
Редовните лекарски контроли ќе бидат сосема доволни за да се утврди дали се' се одвива нормално. Во најголемиот број на случаи бебето ќе се намести со главата надолу, додека само 4% од бебињата заземаат странична или карлична положба.

 

Колку често треба да се движи Вашето бебе?


Сите бебиња се различни: некои се движат без престан, а други се многу мирни и тешко се чувствуваат. Некои покажуваат утврдена динамика на активности, додека други се огласуваат редовно во одреден период, а потоа ги нема со денови.
Сите овие облици на однесување се сосема нормални. Сепак, ако сте загрижени дека Вашето бебе не се движи доволно, обратете се кај лекарот. Тој прво ќе побара од Вас да направите табела на неговите активности, запишувајќи го времето на секое движење. Доколку не регистрирате 10 движења во рок од 18 часа, веројатно ќе Ви биде направен ултразвучен преглед за да се провери дали е се во ред со бебето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто бебињата икаат во стомакот?
Како се чувствува икањето на фетусот, и дали бебето ика премногу или премалку? Имаме информации за сите тие прашања и мн...
5
Фантастично видео: Како расте бебето во ст...
Има ли поголема среќа за жената од сознанието дека е бремена? А покрај таа среќа доаѓаат и многу промени, како во психич...
4
Хурем: Вереникот ме тераше да абортирам
Хурем, во исповед за турскиот “Хуријет” открила дека во моментите на очај помислувала да се убие, а се обидела тоа да го...
4
Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
3