|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Првото движење на фетусот е повод за неверојатни емоции кај идната мајка. Во исто време е и повод за вознемиреност - треба ли да се движи толку, кога, на каков интервал

image
/11


 

За да заштедите непотребни грижи, запознајте се со општите правила во однос на движењето на бебето.

Веројатно токму првото движење е повод идната мајка да сфати дека веќе не е сама. Се претпоставува дека бремената жена, која за прв пат очекува дете може да ги почувствува првите движења по дваесеттата недела. Оние кои очекуваат второ, трето дете, го  чувствуваат тоа некаде околу осумнаесеттата недела. Се разбира, тоа се условни рокови и кај секоја жена е индивидуално.
Всушност чувствата на мама не се показател дека ова реално се првите движења на бебето. Првите се поврзани со различни фази од формирањето на нервниот систем на фетусот. Тоа е околу осмата недела од тазвојот на бебето во утробата. Во почетокот движењата се неосвестени и се рефлексни.

Во овој период ембрионот е со сосема мали димензии - од 8 до 11 мм. Но тогаш нежните движења не можат да се почувствуваат од мама. Бебето веќе е опкружено од амнионската течност во амнионската меур, а тоа е околу 10 мл во осмата недела, додека во десеттата веќе 30 мл. Постепено, сепак и бебето стекнува на тежина и мускулната сила му расте, па неговите движења почнуваат да се чувствуваат.
Првото движење на бебето се чувствува како слаб бран. Може да биде поединечно или серија од сензации. Постепено почнуваат да се чувствуваат регуларно и мама може да комуницира целосно со бебето.

Бебето во утробата не може да прави разлика помеѓу ден и ноќ, тоа си има свој ритам на спиење и будност, кој може да се разликува тотално од ритамот на мајката. Значи, ако бебето се движи  малку во текот на денот, тоа не е причина за загриженост. Тоа може да биде поактивно во текот на ноќта.

 Кон седумнаесеттата недела бебето веќе слуша и ги разликува најсилните звуци од мама, а од дваесеттата натаму се смета дека дури има свои преференци. Најдобро му влијае спора и мелодична музика. Острите и силни звуци предизвикуваат напорна моторна активност.
 По движењата може да се утврди и поставеноста на фетусот.


Во последниот месец од бременоста, кога состојбата на бебето е главична и релативно стабилна акушерките одредуваат положбата на бебето во зависност од тоа дали грбот на бебето е од лево или од десно. Бебињата соодветно би требало да се чувствуваат од спротивната страна.
Некои лекари се убедени дека по 28-та недела идната мајка треба да чувствува не помалку од десет движења на фетусот во час, како такви часови треба да бидат барем неколку дневно.

Сепак бројките се многу релативни и секој организам е индивидуален. Секое дете уште во утробата на мајка има свој темперамент и го избира својот ритам на моторна активност. Ако сепак чувствувте некоја разлика во чувствата и мислите дека има разлика во движења на бебето, консултирајте се со вашиот  гинеколог.

Многу ниска, но и многу високата моторна активност на плодот може да е знак за недостиг на кислород или хипоксија. Причините за ваквата состојба може да се најразлични - болест на фетусот или на мајката, патологија во бременоста или друго. На почетокот во присуство на хипоксија движењата стануваат поактивни и силни. При ваква продолжена состојба постепено активноста опаѓа.

Понекогаш при зголемена активност е доволно само да го промените ставот на телото, за да се смири бебето. На пример ако лежите на грб, бебетоја  притиска главната артерија - аортата, што во одредена мера може да ја отежне циркулацијата и соодветното снабдување со кислород.
Ако за време на втората половина на бременоста (особено по 28-та недела) воопшто не ги чувствувате движења на плодот во текот на едно деноноќие, треба задолжително да одите на консултација кај гинеколог.

Преслушвањето на тоновите на бебето и прегледот на ултразвук ќе го воспостават со точност статусот на бебето. Имајте на ум дека во последните една, две недели пред породувањето движењата на бебето стануваат поретки, бидејќи бебето се подготвува да се појави на виделина.

Не заборавајте и дека вашиот глас, комуникацијата со бебето, галењето на стомакот и гласот на таткото делуваат одлично на бебето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Тања: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?