|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Др.Оз советува:Ако сакате дете не ги чекајте 30-те

Редакција Рингераја, 10.3.2014
Иако денес жените многу подоцна се одлучуваат за бременост и мајчинство, Др. Оз предупредува дека отчукувањето на биолошкиот часовник е реалност која не смее да се игнорира, посебно ако еднаш сакате да имате деца

image
/11


 

Може ли одложувањето на бременоста до средината на триесеттите години да биде погубно за вашата плодност, зачнување и бременост, се прашува Др. Оз во епизодата “Кога сте престари за бременост?” и објаснува  дека според истражувањата во статистиката, биологијата смета дека може.

Во САД една од пет жени ја одложува бременоста до после 35-та година, а во последните 15 години бројот на бремености после 40-та година бележи пораст за 50%. Многу познати личности од светот на филмот и музиката како што се Nicole Kidman, Salma Hayek, Juliane Moore, Brooke Shields и Halle Berry, родиле по 40-та година, а некои од нив и во подоцнежните 40 години. Меѓутоа, доцната бременост носи поголем ризик за спонтан абортус и поголем ризик по здравјето на мајката и детето.

Др.Оз го поставува прашањето: Дали е можно дека жените кои се воспитувани дека можат да постигнат се што сакаат, всушност не можат? Дали сме во одредена возраст навистина престари за раѓање?

Jennifer Lahl, оснивач и Претседател на Центарот за биоетика и култура, тврди дека природата не ја одредила без причина возрасната граница до која се жените плодни.

Др.Оз ги предупредува жените дека иако се сметаатза младолики и во добра форма и не чувствуваат дека стареат, нивното тело сепак старее. Гинеколозите тврдат дека во дваесеттите години жените имаат 50% шанси да забременат, во триесеттите околу 20% шанси, додека во 40-те имаат само 5% шанси за зачнат по природен пат.

Жените се раѓаат со околу 2-3 милиони јајце клетки во секој јајник, а до пубертетот ќе изгубат околу 300,000, што е голем број на преостанати јајце клетки. Но, додека да наполнат 30 години, ќе изгубат околу 88% од вкупниот број на јајце-клетки, со кои тешко се остварува бременост.

Гинекологот  Др. Ulla Marton објасни што се случува во телото на жената во текот на четириесеттите.

“Со влегувањето во 40-те, моќта на оплодување на жената бележи драматично опаѓање. Во идеални околности се оплодуваат околу 30% од јајце клетките, во 25% не е можно соодветно производство на јајце клетки и исто во 25% причина за неплодност е неадекватниот транспортен простор кај жените, а тоа се оштетени јајцеводи, неповолна реакција на слузницата на материцата на хормонските сигнали.”

Др.Оз ги предупредува жените дека биолошкиот часовник е исклучително реален и не смее да се игнорира, посебно ако еден ден сакате да имате деца.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Баба ми, 61 година, беше мојата сурогат ма...
Мажот запознава жена. Се сакаат. Потоа доаѓа и бебе. Тоа е толку едноставно. Или не е? Оваа седмица Yahoo Parenting обја...
4
Кога вие двајца мислите да имате бебе?!
Прашањата како “Кога вие двајца мислите да имате бебе?” или “Како напредуваат обидите да добиете бебе”, можат да бидат т...
3
Следење на овулација – исцедок од вагина (...
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на исцедок од вагината?
3
7 знаци дека имате циста на јајникот
Повеќето цисти на јајникот се бенигни, фоликуларни цисти кои се појавуваат и исчезнуваат со менструалниот циклус и не е ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?