|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Др.Оз советува: Навики на здравите семејства

Редакција Рингераја, 15.4.2014
Семејствата кои заедно носат здрави одлуки за начинот на живот, остануваат заедно здрави. Др. Оз советува како да изградите стратегија на здраво семејство

image
/11


 

Немојте намерно да се изгладнувате

За да одржите здрава тежина треба да јадете нормално, а не да гладувате. Ако не јадете редовно ќе станете неиздржливо гладни, па ќе ве нападне хормонот на глад, грелин.  Проблемот е што на хормонот му треба половина час за да се врати во нормала, откако ќе почнете да јадете, а во тој половина час ќе внесете  многу калории. Затоа секогаш во близина држете бадеми и слични здрави грицки.

 

Планирајте го појадокот и ручекот

Секогаш однапред испланирајте што ќе јадете за појадок и испланирајте го ручекот. Во спротивно ќе посегнете по она шт веќе го имате, а тоа најчесто е нездрава опција.

 

Вежбајте 20 минути дневно дома

Ако излегувате од дома, автоматски ќе изгубите повеќе време и тоа ќе ги измени вшите планови. Држете се до планот за вежбање од 20 минути, бидејќи толку време може да одвоите за себе.

 

Вие одлучувате за изборот на храната

Тоа можеби им е тешко на родителите, но одлуката за тоа што се јаде дома морате да ја донесете вие уште во маркетот. Ако донесете дома чипс и кекси, нормално дека децата ќе сакаат да јадат. Децата ќе јадат здрава храна кога доволно ќе изгладнат.

 

Вечерајте заедно

Едноставниот ритуал нема да делува само на начин децата да почнат да јадат здраво, туку и во опуштена семејна атмосфера ќе можат да разговараат отворено. Семејствата кои заедбо јадат создаваат емоционална хармонија, која ќе ги ибележи за цел живот. Ако вие невозможно да го изведете тоа навечер, појадокот нека ви биде заеднички оброк.

 

Играјте заедно секој ден

Пуштете гласна музика и играјте – направете своја мала забава. Баш како и со вежбањето, поентата е во тоа да бидете активни со семејството. Тоа е и добар начин да го задржите младешкиот изглед.

 

Раскажете им на децата приказна пред спиење

...или разговарајте со постарото дете за тоа како го поминало денот. Кога се уморни децата  ќе ги спуштат сите бариери и ќе ви кажат што им лежи на срце.

 

Рутината пред спиење е задолжителна

Добриот ноќен сон ќе ве одржи млади. Помалку од седум часа сон зголемува ризик од срцев или мозочен удар. Нека вашата спална соба биде со пониска температура, добро замрачена и без технологија. Ако не можете да заспиете ни по 15 минути, станете и читајте нешто за да се опуштите.

 

Блискост во брачниот кревет

Редовниот секс може да ви го продолжи животниот век за три години. Др. Оз советува да практикувате секс два пати неделно. Љубовта која произлегува од  моментот кога сте во прегратка на партнерот, клучна е за јакнење на вашата врска и здравјето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?