|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Драга мамичке, која имаш лош ден...

Rachel Martin, 10.6.2014
Сакав да трепнам со очите и куќата да биде исчистена, а децата во кревет (со чиста постелнина). Сакав да бидам седната на троседот, да гледам телевизија, да јадам бонбони и да имам завршено се од долгата и широка листа на обврски...
Клучни зборови:

image
/11


 

Наместо тоа, го завршив денот како истрошена мајка која имаше лош ден од мајчинството. Толку многу почнаа да ме фрустрираат звуците, што на децата им реков дека на никого не му е дозволено да каже мама во рок од триесет минути, освен ако не се работи за вонредна состојба. Имаше мравки во кујната кои се насобрале околу истурените житарици, играчки, пенкала, блокови, амбалажа од ужина и лименки од сок расфрлани по масата.

И ќе ме прашаат што работам? Која е мојата работа?

Понекогаш имам чувство дека се будам трчајќи и дека легнувам во кревет се уште трчајќи. Секогаш назад со обврските, никогаш не стигната, секогаш со листа што да се направи и направи и направи повеќе. Работата не е опција, туку услов за живот, а животот стана балансирање меѓу обидот да се завршат обврските, додека се трудам да бидам присутна и добра мајка. Често пати се чувствувам дека не правам доволно.

Мајчинството е заморно и ајде да се соочиме со тоа. Понекогаш сакам да имам бело знаменце, барем за во текот на ноќта.

Знам дека е кратко.

Знам дека времето  поминува брзо и дека овие моменти нема да се вратат.

Но исто така знам дека постојат моменти кога тебе и на сите други мајки на светот им треба одмор. Постојат моменти кога сум истрошена и кога очајно ми треба помош.

Нели е така?

Нели копнеете за еден миг во кој ќе ја слушате тишината? Или за ноќ кога децата магично ќе заспијат? Кога куќата ќе биде чиста? Кога животот и бракот ќе одат како подмачкани? Кога алиштата наместо во корпата за алишта магично ќе ги поминат сите фази и ќе се најдат испеглани во плакарот?

Само затоа што имате лош ден, како што јас имам денес, не ве прави лоша мајка.

Слушајте. Ве молам слушајте.

Лошите денови не не дефинираат.

Тие денови не се слават.

Дали знаете дека е потребно толку многу сила, храброст, храброст, издржливост, трпеливост и безрезервна љубов за да успеете во деновите во кои сите околу вас се станати на лева нога? Тоа можеби не е одликувано во денешниот свет, но ете јас сум овде сега за да ви напишам неколку реда вистина на сите вас кои чувствувате како да паѓате  и да се чувствувате лоша мајка како што јас се чувствувам сега.

Слушајте.

И не заборавајте.

Ќе поминат. Ќе се протуркаат. Ги сакате вашите деца. Откако ќе заспијат ќе можете на мир да ги бркате мравките и да ги измиете садовите. И силно да воздивнете, во знак на олеснување. Ќе продолжиме да се бориме. Можеби сме уморни, исцрпени и се прашуваме дали на светот постои потешка работа од мајчинството, но кога ќе станеме наутро, подготвени сме да се обидеме повторно.

И повторно. И повторно. И повторно.

И повторно.

 

Белото знаменце е повлечено.

Вие сте борец подготвен да даде се од себе. Да љуби. Да преговара.

Лошите денови ќе исчезнат од убавата приказна за мајчинството. Тие ќе ви бидат само за доказ колку лудо трпение имате. Тие се денови на кои ќе се сеќаваме на нашата издржливост, додека се клатиме на столицата, во длабока старост.

Не може да се биде постојано совршен. Битките оставаат лузни од мајчинството – лоши денови, несовршени моменти, времиња кои ќе ги прераскажувате на идните генерации. Од тие денови ќе произлезат зборовите на утеха на некои нови мајки, кои имаат онолку сила, колку што имаат љубов кон своето малечко.

 

Лошите денови се дел од приказната. Тие не се целата приказна.

Целата приказна се пишува сега.

Не се трудете да бидете совршена. Бидете своја. Борете се. Туркајте. Сакајте.

По денешниот лош ден, застанете. Дишете малку. И земете ја таа коцка чоколадо која децата ја смачкале на подот. Проверете дали има мравки и лапнете ја. Седнете на креветот и дишете.

Држете се храбра мајко.

Држете се.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4
Совети: Што кога ќе ви се закачи крлеж?
Крлежите станаа голема опасност во последните години, бидејќи пренесуваат лајмска болест. Сепак тоа не значи дека треба ...
4
Блог: Ти благодарам мамо што ме роди, за д...
@inesgram.g ни ја раскажува својата приказна од породување
4
Блог: Мамо кога ќе пораснеме?
Многу пати децата знаат да посакат некои работи или да направат нешто а што не е за деца. Често им викам,тоа мама ќе го ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?