|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Драга ќеркичке, твојот иден сопруг треба...

Редакција Рингераја, 17.7.2013
Доктор Кели Флениген е терапевт кој многу пати во животот сретнувал жени кои имаат потреба од добар маж, во нивните животи. Ова писмо тој и го посветува не само на својата мала ќеркичка, туку на секоја жена!
Клучни зборови:

image
/11


 

Ова е фантастичен потсетник за тоа каков треба да биде мажот

 

Драго мое срце,

Пред некое време, јас и мајка ти баравме некој одговор на Гугл. Стигнавме до пола со внесување на прашањето, а Гугл веќе прикажа листа на најпопуларните пребарувања на светот. На врвот на листата беше прикажано “Како да го држите заинтересиран?”.

Ме вознемири и продолжив да скенирам низ безбројните статии како да бидеш секси, кога да му донесеш пиво, а кога сендвич и начини со кои ќе го направиш да се чувствува паметен и супериорен.

Тука веќе се налутив!

Малечка моја, не е, никогаш не било и никогаш нема да биде твоја работа да го “држиш заинтересиран”.

Малечка, твојата единствена задача е длабоко да навлезеш во својата душа – во тоа прекрасно место кое не е раздрмано од одбивноста, губитокот и егото – и да сфатиш дека ти си вредна за интерес. Ако запомниш дека сите други се вредни за твојот интерес, битката на твојот живот е пола добиена. Но тоа е писмо за друг ден.

Ако можеш да веруваш ва твојата вредност, ќе бидеш атрактивна на најважниот начин на светот: ќе привлечеш момче кое е способно и кое сака да го помине својот живот инвестирајќи го целиот свој интерес во тебе.

 

Малечка, сакам да ти раскажам за момчето кое нема потреба да се “држи заинтересирано”, бидејќи знае дека си интересна:

  • Не ми значи дали ги става своите лакти на масата за ручек – се додека фрла поглед во твоето збрчкано носе, додека се смееш. И потoа не може да престане да гледа во тебе.
  • Не ми значи ако не знае да игра голф со мене – се додека сака да игра со децата кои ќе му ги дадеш и ќе ги открие сите волшебни и фрустрирачки начини како тие наликуваат на тебе!
  • Не ми значи ако не знае да го следи паричникот – се додека го следи своето срце кое го води назад кон тебе.
  • Не ми значи ако е силен – се додека ти даде простор да ја вежбаш силата која ја имаш во своето срце.
  • Воопшто не ми значи како и за кого гласа – се додека се буди секое утро и те избира тебе за почесното место во вашиот дом и место за почит во неговото срце.
  • Не ми значи бојата на неговата кожа – се додека го бои платното на вашите животи со нежните потези на четката направена од трпение, жртва, ранливост и нежност.
  • Не ми значи дали бил израснат од оваа, онаа религија или е без религија – се додека бил научен да го вреднува светото и да знае дека секој момент од животот минат со тебе, е премногу свет.

 

За крај малечка моја, ако налеташ на човек како овој и јас и тој немаме ништо заедничко, ќе го имаме најважното нешто заедничко:

ТЕБЕ!

Затоа што на крајот малечка моја, единственото нешто што треба да го правиш за да го “држиш заинтересиран” е да бидеш своја, да бидеш ТИ.

 

Твојот вечно заинтересиран за тебе,

Твојот татичко

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пелтечење кај школските деца
Пелтечењето е нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на м...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?