|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Др. ОЗ: Најдобрите совети за слабеење

Редакција Рингераја, 6.6.2013
Конечно! Победете го вишокот килограми со советите на најпознатиот доктор на светот

image
/11


 

 

Колку и да се трудите, не успевате да се ослободите од вишокот килограми? Ако Ви е веќе доста од пропаднати диети и фрустрации заради тоа, можеби популарниот Др. Мехмет Оз има решение за Вас!

 

За некои совети веќе добро знаеме, па нема потреба дополнителн да се објаснуваат:

-        Спијте барем 7 часа дневно

-        Кога сте гладни напијте се 1 чаша вода

-        Немојте да изгладнувате

-        Не се откажувајте од диетата

-        Немојте истовремено да јадете и да гледате ТВ или читате

-        Користете мали чинии

-        Секојдневно движете се

 

Сецкајте ја храната

Така може да ја намалите количината на храна која ќе ја изедете и ќе го излажете мозокот дека јадете повеќе. Погледот на полна чинија прака сигнали до мозокот дека треба да престанете со јадење.

 

Кисело пред оброк

Закиселенот зеленчук содржи тајно оружје: киселина. Киселината во храната помага да се одржи степенот на шеќер и инсулин во крвта во нормална граница. Доволно е да зедете две кисели краставички пред оброк и ќе јадете помалку.

 

Изедете чинија врела супа

Една чинија врела супа пред ручек ќе Ви помогне  да внесете помалку калории. Како? Јадејќи ја полека врелата супа, му давате време на мозокот да сфати дека сте сити, па помалку ќе изедете за време на главнот оброк.

 

Сирење како меѓуоброк

Неодамнешно истражување покажа дека замената на грицките со сирење и зеленчук, може да ја намали количината на внесена храна за 72%. Комбинацијата на сирење и зеленчук дава доволно калциум и протеин, па нема да изедете којзнае колку за да чувствувате ситост.

 

Нарачајте детска порција

Ако добиете незапирлива желба за fast food, одберете помала порција, Така ќе ја задоволите својата желба и нема да внесете двојна вредност на калории.

 

Јагленохидрати за појадок

Одберете јачмен, други здрави житарици или интегрални производи. Така ќе ги задоволите дневните потреби за јагленохидрати, а пред Вас е цел ден за да ги истрошите.

 

Вдишете ванила

Добро е познато дека различните ароми и мириси имаат големо влијание на човечкиот мозок, а миризот на ванила може да ја спречи желбата за јадење благо.

 

Мијте ги забите пред јадење

Пастата од пеперминт докажано го убива апетитот.

 

Луто за појадок

Се вели дека појадокот е најважниот оброк во денот, па еве уште еден совет: кога јадете луто за појадок, апетитот за ручек ќе Ви биде помал, тврди Др. Оз. Вкусот на лути пиперки влијае на центарот за ситост во мозокот, па подоцна нема да бидете толку гладни.

 

Јадете пред главното јадење

 Мајка Ви беше во право, јадењето пред ручек навистина го уништува апетитот. Пред јадење изедете на пр. 15-тина бадеми или лешници или  малку овошје. Тоа ќе Ви помогне да не чувствувате глад и помалку да изедете за ручек.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Новогодишни декорации
Имајте прекрасно декорирани нокти на кои сите ќе се восхитуваат
4
Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
4
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?