|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дознала дека е бремена два часа пред да се породи

Редакција Рингераја, 18.7.2012
Жена на која докторите и рекле дека има болки и отечен стомак заради повреда во сообраќајна несреќа, била во шок кога се испоставило дека е бремена

image
/11


 

 

Gemma Cleghorn (25) тврди дека немала поим за бременоста кога е однесена во болница под сомневање дека има внатрешно крварење заради преживеаната сообраќајна несреќа. Таа всушност добила породилни болки.

Gemma отишла 6 пати на лекар по несреќата, жалејќи се на болки во грбот и отечен стомак. Меѓутоа лекарите секој пат и велеле дека тоа е од сообраќајната несреќа.

“Секој пат кога ќе отидев на доктор, тврдеа дека симптомите кои ги имав се предизвикани од таа несреќа. Кога почувствував болки мислев дека ќе умрам од внатрешно крварење. Во болницата ми рекоа дека сум бремена и дека раѓам! Тоа беше шок за мене и за мојот дечко. Не можевме да веруваме дека тоа се случува, бидејќи бев шест пати на лекар по несреќата.”

Само неколку часа по веста дека ќе станат родители, овој пар го добил синот Александар.

 

son

 

Gemma раскажува: “Вистинско чудо е што ја преживеа несреќата а уште поголемо чудо е што никој од докторите не забележа дека сум бремена. На почетокот бев загрижена заради лековите кои ги земав, а не знаев дека носам дете. За среќа Александар е совршен, а јас сум пресреќна што станав мајка. Секогаш сум сакала деца, но никогаш не мислев дека ќе се случи толку брзо.”

Gemma која живее во Сандерленд тргнала за на работа во јануари оваа година кога доживеала сообраќајна несреќа во која нејзиниот автобомил е потполно уништен. Докторите и дијагностицирале повреда на вратната кичма, а имала и модрици по телото. И покрај тоа што и биле дадени лекарства против болки таа во следните месеци се чувствувала уште полошо.

“Ми рекоа дека симптомите кои ги имам се од ударот и дека заради стресот и траумата имам нередовен циклус.”

Таа почнала да добива на тежина но мислела дека е заради мирувањето по несреќата. Се до мај оваа година го посетила својот доктор шест пати заради истите симптоми.  На 23. мај Gemma почувствувала болки во стомакот, но мислела дека ќе и помине. Околу 3 часот ноќта болките станале толку силни што нејзиниот дечко повикал брза помош. Откако докторот и направил ултразвук, дознала дека очекува бебе и тоа за некој час.

 

son1

 

Младата мајка вели -  “Кога го зедов во прегратка, мислев дека сонувам. Како може да биде мое дете? Фала Богу што нашиот син е совршен, по се' што преживеавме по несреќата. Само неколку часа пред да се роди не ми паѓаше ниту на крај на памет дека ќе станам мајка. Но се случи, а јас сум неизмерно среќна.”

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Cysticare таблети, помош при уринарни инфе...
HealthAid Cysticare таблетите се специјално формулирани со користење на природни и високо квалитетни билни екстракти кои...
4
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?