|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Домашна VS супа од кесичка

Редакција Рингераја, 30.4.2014
Ширум светот, во различните цивилизации и култури, супата отсекогаш била исклучително ценета заради своите закрепнувачки моќи. Освен тоа, супата може да биде одличен сојузник при губењето на вишокот телесна маса и одржувањето на витка линија

image
/11


 

Освен поволното  влијание на телесната маса, супата е и докажан сојузник во борбата против вируси и настинки.

Денес, со длабоко вкоренетото традиционално верување, постои и научна потврда за здравствената предност од консумирање на супа. Супата отсекогаш била синоним за храна која не теши, закрепнува и лечи, а неретко не потсетува и на домашната атмосфера и времето кое го поминуваме во кругот на семејството.

 

За виток стас и против дехидрација

Пилешката супа докажано помага при настинка и затнат нос, супата од домати е народен лек за мамурлак, а од неодамна на консумацијата на супа и се припишуваат и некои други прехранбени адути. Името, се покажало дека супата може да биде одличен сојузник при губењето на вишокот телесна маса и одржувањето на витка линија. Истражувањата покажуваат дека супата како предјадење може да го намали вкупниот внес на калории внесени со главниот оброк. Значи, познато е дека започнувањето на оброк со супа, ја зголемува ситоста и го намалува внесот на енергија. Освен поволното дејство на телесната маса, супата е докажан сојузник во борбата против вирусите и настинките. Се смета дека топлината помага во исфрлањето на секретот од градите и синусите, а течноста ја спречува дехидрацијата. Во прилог е водич низ домашните и индустриските супи, нивните особености, предности и недостатоци.

 

Месни и рибји бујони

Со варење на месото или на рибата, со додаток на разновиден зеленчук, се добива бистра супа или бујон. Во таквите супи обично се додава ситна тестенина. Месото е одличен извор на вкус, но скромен со желатин, додека коските и кожата даваат слаба арома, но изобилство на желатин. Затоа во подготовка на месна супа најчесто се комбинираат  месо и коска, кои се варат во двојно поголема количина на вода. Ако не сакате да претерувате со маснотија, потребно е да ја фадите мрснотијата додека месото се вари.

За подготовката на рибја чорба потребно е пократко време за варење. Потребно е рибата внимателно да се исчисти од шкргите и темелно да се измие пред варење. Рибата се додава во вода во која претходно е варен кромид,, со маслиново масло, бибер во зрно, ловоров лист и и коренест зеленчук по желба. Пред самиот крај на варењето додадете сол.

 

Гулаш супи

Гулаш супата е комбинација на манџа, вариво и супа. Се одликува со богатство на месо исечено на парчиња, богат вкус, просечно висока енергетска вредност во однос на другите супи и разни додатоци како компири и друг разновиден зеленчук. На многумина гулаш супата може да им послужи и како главно јадење.

 

Супа од кесичка

Во денешно време, кога потрошувачите бараат производи за брза подготовка, кои се исто така економични, супата од кесичка им е потенцијално решение.  “Потенцијално” бидејќи сите супи не се еднакво добри. Добар избор би била супа која содржи голема количина на квалитетен зеленчук, што помалку конзерванси, соли и контрадикторниот  мононатриум глутаминат, што помалку заситени маснотии и хидрогенирани масти. Супите од кесичка се подготвуваат за само неколку минути, можат да бидат месни и зеленчукови, бистри или густи.  Кога одбирате индустриска супа, важно е да ја читате декларацијата. Ако видите хидрогенирани растителни масти, оставете ја супата на рафтот.

И конечно, можеме да заклучиме дека вкусот, мирисот и аромата на домашната супа е ненадминливо доживување и тешко може да се мери со готовите дехидрирани супи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
5
Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
5
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и сусам
Кашичката од цвекло ќе му биде примамлива за јадење на секое бебе заради својата интересна боја. Можете да ја воведете в...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?