|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Домашна или купечка кашичка за бебе?

Редакција Рингераја, 4.6.2015
Кога ќе дојде време за прихранување на бебето, многу мајки си го поставуваат прашањето, кој е вистинскиот избор - дали да купат кашичка за бебето од продавница или да приготват дома. Кој е вистинскиот одговор – домашна или купечка кашичка?

image
/11


 

Домашна кашичка

Многу мајки се приврзанички на домашни кашички за бебе, поаѓајќи од ставот дека тие се поздрави од купечките. Тука состојките се јасни - што мајката ќе избере да стави, тоа ќе има внатре. Книгите изобилуваат со секакви рецепти за бебешки кашички, кои се подготвуваат брзо и лесно, без да се бараат посебни кулинарски вештини.

Овошјето и зеленчукот успеваат да ги задржат значителен дел од корисните материи во нивниот состав и на тој начин му ги обезбедуваат на бебето потребните витамини и минерали. Иако некои мајки се загрижени дека овошјето и зеленчукот за домашните кашички  може да содржат нитрати, други пронашле најде решение на проблемот, натопувајќи ги состојките 30 мин. во ладна вода.

Според некои педијатри една од предностите на домашните кашички е дека со нив хранењето  станува полесно. Со домашно приготвените овошни кашички детето побрзо се навикнува на густата храна. Со зеленчуковите кашички детето постепено се запознава со различните состојки од кујната - специјалистите советуваат првично да се подготвува пире само од еден зеленчук, по неколку дена да се додава втор, подоцна трети и т..н. Овој систем има и друг плус - мајката може да го набљудува бебето и да утврди дали одредена состојка предизвикува колики или алергија.

 Некои педијатри велат дека домашното пире може да го поттикне апетитот на бебето. Причината е дека во домашното беби пире состојките успеваат да ја задржат бојата, а колку повеќе "шарена" е храната, толку повеќе расте детското љубопитство и желбата да се проба  од неа.

Бебешка кашичка од продавница

Купечките бебешки кашички исто така имаат свои предности, затоа многу родители веруваат на проверени брендови. Купечките кашички заштедуваат време и напор - нема вртење околу шпоретот, стерилизација на садовите, миењето садови. Опасноста да се даде на бебето кашичка која содржи штетни стабилизатори и емулгатори, отпаѓа, ако мајката го проверува напишаното на етикетата. Освен тоа отпаѓа и стравот  дали зеленчукот во кашичката содржи нитрати, бидејќи производството минува низ претходна контрола.

 Многу мајки го отфрлаат и аргументот дека бебешките кашички од продавницата се поскапи. Во груби сметки енергијата, водата, времето и потребните производи за правење на домашно бебе пире не се далеку од цената на купешкото. Во исто време кашичката од продавницата може да се чува подолго време (ако не е отворена) за разлика од домашното пире што не издржува повеќе од 2 дена во фрижидер.

И додека некои педијатри ги поттикнуваат мајките да приготвуваат кашички дома, тогаш други сметаат дека кашичката од продавница е подобар избор, бидејќи е со соодветна конзистентност за возраста на детето. Освен тоа, за правење на купечките кашички се  користат специјални технологии, прилагодени за фазите на развој на детскиот организам.

 Во случај да не може да одлучите што е подобро – домашна или купечка кашичка, направете компромис. Многу мајки користат купечки кашички -во зима, кога нема доволно свежо овошје и зеленчук, и подготвуваат домашно во другите сезони. Други, пак, сакаат да експериментираат мешајќи  ја домашната со купечка кашичка.

Најважно правило е да се водите според вкусови и желбите на бебето.

Идентични близначки се породија во ист ден!
Идентични близначки, кои забремениле во ист период, ги родија своите бебиња во истата болница, со истиот доктор, само тр...
10
Бебе ја имитира бремената мајка!
На прашањето - Можеш ли да одиш како мама? - ова бебе започнува да оди како бремена жена. Погледнете
6
Oral Biotic-пробиотик за заштита на уво, н...
Oral Biotic - прв пробиотик во светот за заштита на уво, нос и грло
4
Лековитите својства на ананасот
о народната медицина со векови се познати лековитите својства на ананасот
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

koj sport go sakas
daniel



rakomet (42%)

futbal (23%)

odbojka (35%)


Број на сите гласови: 31

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!