|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Доењето во трговските центри сe уште табу

www.dnevnik.com.mk, 29.1.2014
Јас не сум жена што прави стриптиз ако дои на јавно место, туку достоинствена мајка, која се грижи за своето дете - вака Хајди Штерјова-Симоновиќ, мајка на осуммесечно бебе, зборува за непријатноста што и се случила во еден од трговските центри

image
/11


 

 

Оваа млада мајка вели дека своето бебе го носела речиси секаде со себе извршувајќи ги потребните работни обврски. Не сакала бебето да го остави без цицање.

Kлупа забранета за доење

- Малечко е и цица на еден час, а јас имав многу обврски да завршам. Не помислувам да се срамам кога на јавно место го дојам моето бебе. Бев излезена по работа и бебето беше со мене. Решив да влезам во трговскиот центар „Веро - Џамбо“ за да можам на раат да му дадам да цица. Во трговскиот, на вториот кат, немаше многу метеж, седнав на клупа ја паркирав количката пред мене и му дадов на бебето да цица. Ми пријде жената што чистеше и ми рече „госпоѓо, извинете, но тука е забрането доењето. Ако сакате да доите во трговскиот, постои посебна соба за доење, која се наоѓа на крајот од женскиот тоалет“. Во моментот немав намера да престанам да го дојам детето за да одам тоа да го правам во ВЦ. Многу се вознемирив - вели мајката Штерјова-Симоновиќ.

Таа се прашува што е толку срамно мајка да си го храни детето и што ги навело во центарот да забранат доење.

Но, Влатко Величков, одговорен за маркетинг во центарот, вели дека не станува збор за забрана и не знае зошто хигиеничарката така постапила.

- И' се извинувам на мајката. Во трговскиот секогаш има многу луѓе, има и тинејџери, кои понекогаш може да изреагираат малку невкусно и да ја вознемират доилката. Најверојатно жената што и се обратила на мајката тоа го направила за да ја заштити од тие што не ја разбираат таа потреба. Не станува збор за никаква забрана, ако на мајката не и е непријатно да дои јавно, ние немаме проблем со тоа. Децата се на прво место. Имаме и соба за доење, која сум ја видел еднаш, навечер, кога нема посетители, оти ми е непријатно да влезам во женскиот тоалет. Лично ќе ги проверам условите, оти нам ни е многу важно убаво да се чувствуваат и децата и возрасните - вели Величков.



Соба за доење во тоалет

Штерјова Симоновиќ кога го довршила доењето го напуштила центарот.

- Наскоро имав потреба повторно да дојдам и тогаш ја посетив нивната соба за доење. Но, тоа не беше соба, туку шпајз, без прозорец и едно столче, кое повеќе личи како да е за казна, а не за место каде што треба да го хранам моето дете. Да напоменам дека собата за доење е дел од тоалет и дел од остава за метли. Несоодветно и деградирачко место за мајка што дои дете. Доењето за мајката и детето е момент на неизмерна среќа, најчистата енергија што си ја даваме еден на друг, а јас требаше да седам на столче во тоалет - вели оваа мајка.

Таа додава дека жените треба да бидат погласни, не смеат да се молчат. На интернет-страницата во групата наречена „Соба за доење“ уште неколку мајки се осмелиле и ги споделиле своите непријатни искуства за забраните за доење на јавни места и трговски центри, една од нив е и Симона Тоефиловска, која имала слично искуство во „Сити мол“.

Но, од тој центар велат дека нивниот став е да им ги овозможат сите услови и потреби на родителите да ги завршат обврските што се однесуваат на доење и прехрана на своите деца во рамки на самиот трговски центар.

- Во „Скопје сити мол“ во ниеден случај не е забрането доењето, напротив, согласно светските трендови, го охрабрува, поради што и се поставени безброј клупи и фотелји во самиот трговски центар на кои можат непречено да го завршат процесот на доење. Меѓу многуте посетители на „Скопје сити мол“ најредовни се младите брачни парови со деца и млади мајки со своите новороденчиња. Тоалетот за деца е простор предвиден исклучиво за најмалите и за родителите што имаат потреба да ги преповијат децата. Тоа не е наменски простор за прехрана и како таков не им го посочуваме на родителите - вели Александра Шаровиќ, одговорна во „Сити мол“.

 

МариЈа Тасев

 

Срамот и табуата не смее децата да ги остави гладни

И Александар Сајковски, шеф на оддел за неонатологија во Kлиничка болница „Аџибадем систина“, вели дека како педијатар смета оти треба да се работи на подигнување на свеста кај луѓето за доењето на јавни места. Тоа е природен чин и нема никакви моменти на непристојност.

- Мајчиното млеко е единствена и незаменлива природна храна за доенчето. Доењето е единствен и незаменлив начин за правилен емотивен и физички развој на новороденчето. Претставува најблагороден, најтопол и најдобар начин на исхрана на едно доенче, особено во првите шест месеци. Мајката треба да го дои новороденчето кога тоа ќе посака, без оглед каде се наоѓа во моментот, бидејќи неговите потреби се на прво место. Ако доењето е најприроден начин на исхрана, се поставува прашањето дали мајката треба да биде лимитирана да го храни своето дете само дома или тоа може и треба да го прави и на јавни места. Жените имаат право и слобода да го дојат своето дете секаде, според потребите на бебето, без да се ограничуваат и осудуваат. За жал, се уште во 21 век се дискутира на тема дали мајката смее да го дои своето новороденче на јавни места - вели педијатарот Сајковски.

Тој додава дека во светот се поддржува и се поттикнува доењето на новороденчињата на јавни места, во некои земји ова право на мајките и на доенчињата им е загарантирано со закон.

Тој како пример за поддршка на мајката и нејзиното право на доење го посочува законот за еднаквост на половите во Велс и Англија, каде што спречувањето доење на јавно место се третира како криминален акт на полова дискриминација.

 

„Kапитол“ и „Рамстор мол“ од март ќе имаат посебно катче за мајки

Одговорните во „Kапитол мол“ велат дека со оглед на тоа дека овој трговски центар е најновиот се потпираат на позитивните светски искуства.

- Особено кога се работи за мајка и дете, а уште повеќе кога се однесува на еден толку интимен и убав момент каков што е доењето. Досега, искрено, не сме се сретнале со такво барање, што не значи дека не размислуваме на оваа тема.

Идејата е да намениме едно убаво катче за мајки што имаат потреба да ги надојат своите деца, и тоа во рамките на детскиот центар на третиот кат, кој треба да биде отворен, најдоцна кон крајот на февруари и почетокот на март годинава, велат од „Kапитол“.

Елена Џиковска, една од одговорните во „Рамстор мол“, вели дека тие имаат големо реновирање на дел од центарот и токму сега се обновува собата наменета за мајки и деца.

- Досега во собата мајките имаа можност да ги пресоблечат децата, а ако имаат потреба, и да ги надојат во многу интимна атмосфера. Има и мијалник. Сега со реновирањето размислуваме да ставиме и гратис пелени и влажни марамчиња - додава Џиковска.

 

Преземено: dnevnik.com.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
8
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?