|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Доењето е најздравиот почеток за бебето...

Bebelan, 26.2.2015
Како дополнување кон хранливите состојки, мајчиното млеко е богато и со антитела, кои помагаат во борбата со вирусните и бактериските инфекции, осигурувајки добро здравје на бебето, намалувајки ги инфекциите, а со тоа и посетите кај лекарот

image
/11


 

Овозможено од

 

Доењето ја осигурува најдобрата можна комбинација од хранливи состојки од кои има потреба секое дете во вид кој е лесен за прием. Тоа исто така го менува својот состав за време на различните етапи од развојот на детето, со цел да се осигурат најправилните состојки од кои има потреба детето, во соодветното време за оптимален развој и растење.

Како дополнување кон хранливите состојки, мајчиното млеко е богато и со антитела, кои помагаат во борбата со вирусните и бактериските инфекции, осигурувајки добро здравје на бебето, намалувајки ги инфекциите, а со тоа и посетите кај лекарот.

Ефектите од доењето врз општата здравствена состојба и имуниот систем остануваат со нас за време на детството и го намалуваат ризикот од многу општи заболувања дури и во нашиот понатамошен живот.

Освен со физичкото здравје, доењето е поврзано и со повисок коефициент на интелигенција и со подобар когнитивен развој.  Тоа доаѓа како дополнување кон зголемената „поврзаност“ со мајката и чувството на сигурност, која што доаѓа со физичката близина, допирот на кожата и контактот со очите, кои се случуваат за време на доењето.

 

Исто така е полезно и за мајката....

Доењето помага за востановување на телото на мајката до состојбата пред бременоста. Доењето согорува калории и помага при побрзото губење на тежина после бременоста. Исто така ослободувањето на специфични хормони за време на доењето ја намалува големината на матката до големината на истата пред бременоста.

Исто така постојат и докази за бенефиции за здравјето на мајката и за намалување на ризикот од развој на одредени заболувања.

Не на последно место треба да се разгледа и фактот, дека доењето е БАСПЛАТНО. Без млечна формула, без шишиња и цуцли, без вриење и стерилизација – тоа означува време и заштедени пари за целото семејство.

 

Што кажуваат експертите...

СЗО (Светската Здравствена Организација) препорача исклучително доење до навршување на 6 месеци.

Како европската така и северно американската Асоцијација за педијатриска гастроентерологија, хепатологија и исхрана (ESPGHAN и NASPGHAN) посочуваат, дека посакуваната цел е исклучително доење во тек на 6 месеци, а исто така и дека дополнителната храна (тврда храна и течности, поразлични од подој или млеко за доенчиња или преодно млеко) не треба да се даваат пред 17. недела и не покасно од 26. недела. Освен тоа се препорачува доењето да продолжи се до 12-месечна возраст, па и потоа, онолку колку што сакаат мајката и детето.

 

Доењето и ти...

Ова е една од темите за која што секој има свој став. Важно е да се информирате за големите бенефиции од доењето за бебето и за Вас, пред донесување на решение, поврзано со начинот кој што ќе го изберете за да го храните Вашето бебе. Исто така е важно да се консултирате со Вашиот лекар за сите прашања или стравови кои би можеле да ги имате.

И покрај тоа што некои мајки се судираат со некои потешкотии при доењето, обично истите можат да бидат надминати со поддршка и поттикнување од страна на здравствените специјалисти, семејни и општествени организации. Многу мајки исто така можат да продолжат да дојат дури и ако решат да се вратат на работа. Иако исклучителното доење е идеална варијанта, секое количество од мајчиното млеко е полезно за бебето и мајката. Ако мајката го одмолзува и го чува млекото, многу е важно да се следат правилните процедури, за да се гарантира безопасноста и хигиената на храната.

Ако поради некоја причина не можете, не доите или повеќе немате намера да доите, ве молиме, не заборавајте да се консултирате со вашиот педијатар, пред да ја изберете соодветната млечна формула.

 

,,Редовно проверувајте го нашиот оддел „Митови и факти за бебешка храна“ на web страната: www.bebelan.mk  за да откривате нови, актуелни, интересни и полезни приказни. 

Ако Ви се допаѓа оваа статија, и мислите дека и некој друг може да има корист од информацијата во неа, слободно споделите ја. 

Следете н? и на Facebook на: https://www.facebook.com/Bebelan.Macedonia

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фебрилни конвулзии (грчеви)
Зголемената телесна температура кај новороденчињата може да биде незначајна појава, знак за некоја акутна болест, но мож...
5
Проблеми со голтањето кај предвреме родени...
Основни информации за родителите и специјалните едукатори и рехабилитатори за проблемите со голтањето на храната и дишењ...
5
Целосно повивање на бебиња - да или не?
Традиционалното целосно повивање на бебињата повторно се враќа како тренд меѓу младите мајки, но експертите нагласуваат ...
4
Доењето и предвреме роденото бебе?
За повеќето нови мајки доењето е нешто што очекуваат да се случи како последична врска на раѓањето, но како е во случајо...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?