Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Родителите често се загрижени што ќе се случи ако некој дома е болен, или ако бебето се разболи. Еве неколку практични совети за доење, ако мајката се разболи.
Болна сум – можам ли да го дојам бебето?
Мајките ги дојат своите бебиња при најразлични болести, од настинки и инфекции до хронични состојби, вклучувајќи дијабетес и астма. Бебето било изложено на болеста, од која сте се разболиле (Вие или некој друг во Вашиот дом), уште пред да дознаете дека сте болни. Еден од незаменливите квалитети на мајчиното млеко е дека кога Вашето тело прави антитела за да се избори со болеста, овие антитела преминуваат директно во мајчиното млеко создавајќи пасивна вакцина, со која обезбедувате заштита на бебето и му помагате да се справи со болеста.
Што треба да знам кога дојам, додека боледувам?
Кога сте болна може да се чувствувате омалаксано, па затоа може да Ви биде потребна помош околу домаќинството и одгледувањето на детето. Ако некој близок може да ја преземе грижата за бебето, можете да се одморате повеќе, а за доење да го земате бебето во кревет. Обидете се да пиете повеќе течности. За да го избегнете ризикот од инфекции, се препорачуваат вообичаени мерки во случај на болест во домот: често миење на раце со сапун и топла вода, кивање и кашлање во марамче, често миење на играчките кои детето ги фаќа и става во уста. Маските за уста не штитат од пренос на вирусот, така што можеби нема смисла да носите маска додека сте болна.
Болна сум и лекарот ми препиша лекови. Безбедно ли е да продолжам да го дојам бебето додека се лекувам?
Лесно е да се донесе одлука дали да земате некој лек за време на доење, ако ја имате потребната информација. Доењето е важно за Вас и Вашето бебе, затоа вреди да одвоите малку време и да побарате информации дали да го земате лекот, дури и ако се продава без лекарски рецепт. Всушност многу малку лекови имаат докажани контраиндикации за време на доење. Ненадејното одбивање може да ги трауматизира бебето и мајката и да нанесе дополнителни здравствени и емоционални ризици за двајцата. Важно е лекарот да знае дека доите и дека имате во план да продолжите за време на третманот.
Многу нешта треба да се земат во предвид кога се препишува лек на жена која дои. На пример, се обрнува внимание на возраста на детето. Поголемо бебе, кое цица поретко, ќе прима помали количини млеко и така ќе биде помалку изложено на лекот, а и организмот му е позрел. Еве некои прашања за кои треба да подискутирате со лекарот:
- Дали тој лек се препишува и на деца?
Лек кој обично се препишува на бебиња и деца, често е добар избор за жена која дои.
- Дали овој лек се пременува и кај други доилки?
Лек кој има историја на употреба кај доилки е подобар избор од нов, неиспитан лек.
- Колку долго ќе трае третманот?
Времетраењето на терапијата може да влијае на компатибилноста со доењето. Лек кој се смета за компатибилен со доење, може да не е тоа доколку се зема долго време.
- Дали лекот е со краткотрајно дејство?
Лек кој има краткотрајно дејство може да биде подобар избор од лек што има долготрајно дејство и останува во мајчиниот организам подолго време.
- Како се зема лекот?
Лек кој се зема преку инјектирање, или орално е помалку концентриран од лек кој се дава интравенски.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?