|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Доилките често се сретнуваат со тврдењето дека доењето предизвикува кариес кај децата. Ова тврдење не е точно. Статистичките научни истражувања досега не потврдиле поврзаност меѓу продолженото доење и кариесот

image
/11


 

 

Напротив: споредувањето  на влијанието на адаптираното и мајчиното млеко покажало дека мајчиното млеко не ја намалува PH вредноста во детската уста. Адаптираното млеко содржи додадени шеќери кои ја нагризуваат глеѓта на забите. Мајчиното млеко не е причина за кариес, ако во детската исхрана не се присутни и други извори на јегленохидрати. Мајчиното млеко содржи антитела и лактоферин кои го спречуваат развојот на бактерии.

 

Што е Streptococcus mutans?

Streptococcus mutans е бактерија која предизвикува кариес од неправилна исхрана. Доенчињата и малите деца се заразуваат со оваа бактерија од родителите и останатите возрасни кои ги чуваат. Родителите понекогаш му дозволуваат  на радозналото дете да ја стави во уста нивната четка за заби. Бактеријата исто така може да се пренесе преку бакнеж или користење на заеднички прибор за исхрана. Ако детето користи цуцла немојте никогаш да ја ставате во својата па во неговата уста, или на детето да му ги џвакате почетните парчиња храна.

 

Кои се мерките за спречување на развој на кариес?

- Не делете со детето ист прибор и четка за заби и не ставајте ја во уста неговата цуцла.

- Користете флуор.

- Темелно и редовно мијте ги забите.

- Ако го храните детето со адаптирано млеко, по секој оброк исчистете му ги забите.

- Доете го детето со паузи во текот на ноќта, немојте да го доите без престан.

Streptococcus mutans  најдобро успева во околина со намалена PH вредност, заради тоа треба да ја подигнеме PH вредноста во устата. Тоа можеме да го постигнеме ако на детето по секое јадење му понудиме вода, или му ја измиеме устата. Во времето меѓу оброците плунката ги испира забите и ја подигнува PH вредноста на природен начин.

 

На кој начин детето добива млеко?

Технички гледано цицањето во текот на доењето е потполно поинакво од цицањето од шишенце. При доењето брадавицата е длабоко во детската уста и млекото се цеди директно во задниот дел на устата празнина. Ако детето пие од шишенце, млекото му протекува низ устата.  Доколку не го испие веднаш млекото може да се задржи во целата уста и на забите.

 

Семејна генетика

За појава на кариес потребни се три фактор: околината, градбата на забите и исхраната. На околината (усната флора) не можеме да влијаеме премногу а исто така ниту на градбата на забите, која е наследна. Но исто така, не можеме да го препуштиме детето на судбината бидејќи имаме ионака лоши заби во семејството, па и тоа ќе ги има. Во таквите случаи уште е поважна соодветната хигиена со која треба да се почне уште во бременоста и веднаш по никнувањето на првите запчиња.

Родителите кои редовно и темелно ги чистат своите заби се добар пример за своите деца. Исто така, потребна е редовна посета на стоматолог.

 

Правилна нега на усната празнина

Многу ефикасна заштита од кариес е правилна и здрава исхрана. Децата кои се хранат разновидно и здраво се поотпорни на бактерии. Наместо слатки сокови и чаеви на детето понудете му обична вода. Храната која останува во устата подолго време исто така може да биде причина за кариес. Посебно штетни се лижалчињата и тврдите бонбони  кои стојат во детската уста половина час и повеќе. Шеќерот од лижалчињата и бомбоните ги прелева забите, PH вредноста во устата се намалува и бактериите имаат идеални услови за раст.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Совети за правилно подготвување на бебешка...
Бебешката храна подготвена дома е најдобрата опција за исхрана на бебето. Најлесен начин да приготвите кашичка за бебето...
4
Чај од мајчина душица – лек за болна менст...
Мајчината душица е растение кое го има речиси на сите балкански простори. Се собира од планинаските ливади се суши и од ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?