temjana RR во 15:27
Додаток на храна - Јод+Фолат
Автор: Кенди | 8.7.2011
Јодот е еден од хемиските елементи кој што е потребен во организмот, а пред се од медицински аспект служи за продукција на тиреоидниот хормон. Организмот самиот по себе не произведува Јод, со тоа што тој е неопходен да биде внесуван во организмот по пат на исхраната, односно диететскиот режим за да се обезбеди нормалното функционирање на тиреоидеaта.
Недостатокот на Јод на сите медицински и стручни публикации е јасно прецизиран дека доведува до појава на хипотиреоидизам, појава на гушавост и она што е за нас најбитно појава на несакано заостанување во мозочниот, интелектуалниот и развојот на интелегенцијата на детето.
Јодот е исклучително важен и за понатамошниот интелектуален развој и интелегенција кај детето поради што станува од исклучителен интерес во фармацевтските и медицинските кругови.
Јодниот дефицит посебно се разгледува кај бремените жени или жени кои ги дојат своите деца.
Тиреоидната жлезда има неоходност од Јод за да произведува хормони. Ако организмот има инсуфициенција на Јод се доведува до принуден feedback систем во телото при што тиреоидеата почнува да работи во хипер ритам кој што доведува до зголемување на истата пропратена со симптоми од типот на отежнато дишење, гушење и отежнато голтање.
Во текот на бременоста тиреоидната жлезда на мајката треба да обезбеди оптимални количини на тиреоидните хормони за нормален раст на фетусот кои се 1,5 до 2 пати поголеми во однос на состојбата пред гавидитетот.
Исто така во време на лактација значителни количества на Јод се елиминираат со млекото.
ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПОТРЕБИ ОД ХОРМОНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАДОВОЛАТ САМО СО ЗГОЛЕМЕНА ХОРМОНСКА ПРОДУКЦИЈА КОЈА КАЈ ЗДРАВА ГРАВИДНА ЖЕНА ЗАВИСИ ОД СООДВЕТЕН ВНЕС НА ЈОД
Јодот покрај базичната најглавна функција за тиреоидеата и менталниот развој на плодот и децата се користи и во неколку други третмани. На пример во подрачја зафатени со радијација каде што превенира и ја заштитува штитната жлезда од радиоактивни јодиди. Ги уништува микроорганизмите претежно во усната празнина, превенира болки при голтање и промени во усна празнина при хемотерапија кај канцерогени заболувања,превенира улцерозни лезии при дијабетични состојби со аплицирање на самото место како и при состојби на Цистична Фиброза.
Се истакнува дека приближно две третини од 600-те милиони жители на Централна и Западна Европа живеат во услови на блага до остра Јодна дефициенција (Delange 2002;Vitti et all,2003), како и се цитираат авторите кои ја истражувале во научни трудови за влијанието на хипотиреоидозата на превенирање на менталната ретардација во периодот на бременоста. (Bleichrodt&Born 1994),па дури и во случаи на средна и субклиничка хипотиреоидоза.
(Извор: www.nature.com)
Нaционалнот комитет за јодниот дефицит на Македонија, под раководство на Проф. Др. Б. Карамфилски, има направено бројни анализи за јодниот дефицит во Македонија и во продолжение е неговото мислење за значењето на јодот за трудницте:
“Во време на гравидитетот, значително се зголемени потребите од тироидните хормони. Во овој период тироидната жлезда на мајката треба да обезбеди оптимални на тироидни хормони за нормалниот раст на фетусот, кои се 1,5 до 2 пати поголеми во однос на состојбата пред гравидитетот. Јодниот дефицит се продлабочува во тек на гестацијата, со премин на дел од јодот од циркулацијата на мајката во феталниот простор и поради зголемениот бубрежен клиренс на јод за време на гравидитетот. Во време на лактацијата значителни количества на јод се елиминираат со млекото. Зголемените потреби од хормоните можат да се задоволат само со зголемена хормонска продукција, која кај здрава гравидна жена зависи од соодветен внес на јод. Недостаокот на јод во организмот во време на гравитетот предизвикува хипотироксинемија кај мајката. “
Од сето горенаведено може да се заклучи дека Јодот е исклучително важен како фактор додаток во исхраната и неговата улога е од големо значење кај трудниците.
ПОСЕБНО ЗНАЧАЈНО Е ДЕКА НА МАКЕДОНСКИОТ ФАРМАЦЕВТСКИ ПАЗАР КАКО ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА Е РЕГИСТРИРАН ЈОД ФОЛАТ КОЈ ШТО СОДРЖИ 100 микрограми Јод и 400 микрограми Фолна киселина.
Добро е позната улогата што Фолната киселина ја има во текот на целата бременост. Недостатокот на Фолна киселина предизвикува нарушување на синтезата на ДНК во клетките со реперкурсии хромозомите и нивната делба. Механизмот на дејството овозможен со учество на фолната киселина во форма на тетрагидрофолат во синтезата на нуклеинските киселини и во делба на клетките, а учествува и во квалитетот на коензим и во синтезата на пурин и пиримидин а дејствува и како еден од решавачките фактори во формирањето на централниот нервен систем кај плодот на 15 до 28 дена од оплодувањето. Неопходна е за нормално созревање на мегалобластите и формирање на нормобластите.
Водени од сето ова станува јасно зошто комбинацијата на Јод со фолат има исклучително големо значење за бременоста и општиот статус на бремените и доилките.
Токму затоа сметаме дека ЈОД ФОЛАТОТ ке најде примена во гинеколошката пракса
Пакувањето е во форма на 90 таблети во една кутија
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
-
СЛИЧНИ СТАТИИ
-
ОЗНАЧЕНИ СТАТИИ: ХОРМОНИ
