|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што од нас кријат жените кои изгледаат совршено по породувањето?

Helena K., 2.1.2017
Постои тренд кај модерните родители дека доаѓањето на детето не смее да промени ништо. Пред се не смее да ја промени количината на слободно време и динамиката на друштвениот живот. Морници ме лазат кога ќе го слушнам тоа!

image
/11


 

Згодна мама! вака изгледа само еден месец по породувањето!

Вришти на насловните страни. Вришти по коментати на друштвените мрежи. А таму некаде исцрпена, дома со своето бебе, вришти од мака некоја обична мајка која во тоа не успеала...

Има толку многу мајки кои како лавици се бореле со здравствените проблеми во бременоста. На многу мајки проблемите им продолжиле и по породувањето. На чело со постпородилната депресија. Нејзиното тело е поинакво. На местото каде беа стомачните мускули, сега виси кожа, за два броја поголема. Не знае дали и кога ќе се повлече. Толку многу нешта ја плашат. Толку многу нешта не знае. Се обидува да постигне се. На штета на својот одмор, сон, и оброк. Понекогаш ќе фати чекор, а кога тој ритам ќе стане секојдневен, сфаќа дека тоа е премногу за неа. Плаче. Понекогаш се лути и на бебето кое плаче. Па плачат заедно. Потоа го зема бебето во раце и го држи цел ден, бидејќи бебето сигурно почувствувало дека мама е лута, па сега мора да го надокнади тоа. И на сето тоа одозгора и фали очекувањето за некој ден да ја врати првобитната килажа, свежина, фризура. Како породувањето да не се ни случило. Како да не постои денот кога го роди своето дете.

Па како тогаш треба да изгледа по породувањето? па, не е важно! По породувањето тоа не треба да биде тема. Тема е дали е мајката добро, дали зараснува раната од епизиотомија или царски рез, дали бебето е здраво, дали добро се развива, дали е воспоставен ритам на доење, дали на мајката и е потребна помош, може ли да го носи сама товарот на првите месеци на мајчинството? Непримерно е да се коментира како изгледа жената. Тоа не е тема!

Сите сме гледале фотографии на дотерани дами пред болницата, како Кејт Мидлтон. Таа навситина блескаше и секако дека е пример за одмерена и елегантна мама, но тоа не е нешто со што треба да се споредувате при вашето излегување од болница. Пред вратата на нејзината соба чекаше цел тим на фризери, шминкери, стилисти. И веројатно тоа бил најголемиот напор кој требало да го направи тие денови, да го издржи тоа позирање, бидејќи пред и после него, на принцезата и беше на располагање цел тим кој се грижеше за неа и за бебето, со цел таа да се одмори.

Сето ова го пишувам заради жените кои се чувствителни над туѓите погледи и коментари, но и заради медискиот терор над животите на обичните жени и мајки.   Ги гледам и ги слушам тие жени како потиштено им оддаваат признание на мајките чии профили на друѓтвените мрежи се преполни со слики од богатиот друштвен живот, а тука и таму ќе се појави и по некое “stylish” бебе во некоја идилична атмосфера, како од насловните страни. Велат дека стигнуваат, бидејќи се добро организирани. Драги мајки, не им верувајте ништо!

И ве молам, немојте да им се восхитувате. Списокот на активности со бебето е бесконечен, а вкупното време кое го имаме на располагање е константа. Секој пат кога некоја мајка ќе ви каже како е добро организирана и дека успева да спие, да се храни здраво, секогаш има средени нокти и беспрекорна фризура, куќата и е уредна, стигнува да пие кафе со пријателките, знајте дека зад сето тоа стои баба која готви/ помошничка која доаѓа секој ден/ мајката не го дои бебето, па е лесно заменлива/ детето го остава да плаче и да се челичи/ купува готови кашички па нема многу работа околу шпоретот/ му дава на детето телефон или таблет па е мирно одредено време/ го носи бебето кај баба за да не и страда друштвениот живот.

Каде е овде проблемот? Па некоја ставка е во ред, ако ви се може и на сите би ни значела. Другите ставки не се во ред бидејќи значат скратување на вниманието над детето и неговата нега.  Заради тоа, не се споредувајте со другите мајки, правете се најдобро што можете и дајте си самите признание за тоа. Тоа не го постигнале затоа што се добро организирани, туку затоа што имаат зад себе сервис. А вие, се што не сте постигнале, не сте постигнале бидејќи на бебето сте му дале предност.

Постои тренд кај модерните родители дека доаѓањето на детето не смее да промени ништо. Пред се не смее да ја промени количината на слободно време и динамиката на друштвениот живот. Морници ме лазат кога ќе го слушнам тоа! Ако навистина сакате да се занимавате со своето дете, сето тоа мора да се промени. Детето е најдобар филтер за вашите несредени купови од се и сешто. Бидејќи детето од вас ќе го извлече најдоброто. Дајте си себеси време, со целото свое битие да уживате во тие промени.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Краток водич: Како да ја одржуваме облеката?
Знаеме ли што значат симболите на етикетите?
13
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?