|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

До Др. кој рече дека никогаш нема да имам дете!

Kristina Wright, 19.1.2016
Никогаш нема да ти простам, за начинот на кој ми се претстави и бидејќи не ме остави да се облечам, пред да ми кажеш дека никогаш нема да станам мајка...

image
/11


 

Седев гола на столицата за преглед, на себе имав само хартиена наметка, со танок слој на тоалетна хартија под мене, за да ја собере крвта која течеше заради мојот спонтан абортус. Се завиткував со хартиената наметка, сакајќи да покажам достоинство, иако бев свесна дека тоа истече од мене, побрзо од крвта од спонтаниот абортус. И не постоеше ништо на светот што ќе го запре истекувањето на достоинството.

“Три до пет проценти”, рече. Ова беа предвидувањата кои ми ги даде за износување на бременоста до крај и носење на свет живо и здраво дете. Ги поткрепи своите предвидувања, со мојата фактичка ситуација: имав 41 година и го доживував својот трет спонтан абортус во текот на 18 години, никогаш не сум имала бременост износена до крај и тоа што имав утерини фиброиди.

Ти не ме познаваше. Ме немаше видено никогаш, пред тој ден. Дојдов два пари на гинеколошки  преглед. Првиот пат имаше биење на срцето на бебето и ми кажа дека 90% се ќе биде ОК. Два дена подоцна, срцето на бебето престана на чука.

Веќе беше предоцна. Седејќи на твојата столица за преглед, крварејќи толку силно што хартијата остана залепена за столицата, кога конечно собрав сила и станав за да се облечам, ти ги искористи овие факти против мене. Не беше тоа злобно, о не. Тоа беше професионално! Ладно. Не видов сочувство во твоите очи. Всушност не ми се гледаше пред очи.

Не помнам се' што рече. Зборуваше дека треба да се оперирам за да ги отстранам утерините фиброиди. Те прашав дали може да се зголеми можноста да ја износам бременоста до крај. Само се насмеа иронично: “На твоја возраст? Кој може да го гарантира тоа? Можеби има шанси, но се многу мали”. Рече дека сакаш да ги провериш моите резерви на јајце клетки. До ден денешен не знам што е инволвирано во таа процедура, бидејќи се исклучив. Не можев да слушам повеќе. Сакав само да заминеш за да се облечам  и да си одам дома.

Ми закажа уште еден преглед, на твое барање, на кој не дојдов. Се облеков, излегов од ординацијата и не се скршив се додека не влегов во мојот автомобил. Три до пет проценти. Ги знаев веќе овие бројки, ги имав прочитано во повеќе статии на интернет, отколку што можев да замислам. Ти ме гледаше како статистика, како бројка, како жена во поодминати години, која само ја поткрепува теоријата  за неможноста да се стане мајка на тие години. Ти виде некој на кој му треба операција, тестови и тешка шлаканица на реалноста.

Погледнав во огледалото и видов очајна жена со полни очи солзи, која очајно сака дете. Но видов и жена која нема да се предаде. Не се уште.

Најдов друг доктор. Неговото име не беше поврзано со никаква научна студија и не ми удри од глава статистика како тебе. Отидов кај него кога бев шест недели бремена и побарав да ми даде Прогестерон, нешто што прочитав дека земаат постарите жени во бременост. Рече дека нема да боли и ми напиша рецепт. Не ми кажа да очекувам уште еден спонтан абортус. Не се однесуваше чудно заради мојата надеж дека овој пат се ќе биде ОК. Не знам дали прогестеронот помогна, или едноставно дојде моето време, но ги победив предвидувањата. Два пати. Моите 3-5% шанси за бебе сега се 3 и 5 годишни деца.

Не те обвинувам докторе кој ми кажа дека никогаш нема да имам деца. Дојдов предоцна кај тебе, а ти можеше само да ја сумираш мојата загуба. Можеби мислеше дека ми помагаш, давајќи ми ги фактите кои веќе ги имав, не давајќи ми лажна надеж и никаква надеж воопшто. Беше брутално искрен.

Можеби друга жена ќе престанеше да се надева и да се обидува. Можеби некоја друга жена ќе ти се заблагодареше и ќе продолжеше со својот живот. Таа статистика, тие бројки на извештајот од специјалистот, можеа да бидат вистина за некоја жена, но не и за мене. И сакам да запомниш убаво, докторе кој ми кажа дека никогаш нема да имам деца: следниот пат кога на твојата столица ќе седне расплакана, скршена, жена облеана во крв од спонтан абортус, гледајќи и барајќи во тебе искра надеж, остави ја прво да се облече и тресни и го од глава бруталниот говор за статистиката. И кога ќе завршиш, те молам кажи и за мене.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Спермограм
Спермограмот или анализата на семенската течност е еден од првите чекори на постапка на лечење на неплодноста.
4
Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
4
Фото: Вака изгледа борбата за бебе!
Не постои нешто што жените не би направиле за да си го исполнат сонот да станат мајки. Секојдневно, голем број од нив по...
3
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?