|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дневен центар за деца со аутизам

vlada.mk, 2.4.2012
Дневен центар за деца со аутизам ќе биде отворен во Скопје.

image
/11


 

Дневен центар за деца со аутизам треба да биде отворен до септември на површина од 479 метри квадратни во Заводот за рехабилитација на деца и младинци Топанско Поле. Со отворањето на центарот се очекува да се подигне квалитетот на животот на овие деца за што се обезбедени средства во буџетот на Министерството за труд и социјална политика.  

- Центарот е потврда на нашите напори што ги вложуваме за овие деца да се интегрираат во општеството и да не останат на неговите маргини. Ова докажува дека овие лица не се сами и препуштени на случајноста и дека ја заслужуваат нашата љубов и внимание, истакна ресорниот министер Спиро Ристовски на денешната прес-конфренецвија по повод 2 Април - Светскиот ден на лицата со аутизам.

Дел од лицата со аутизам, посочи тој, ќе имаат можност да го користат дневниот центар каде ќе бидат распоредени во три возрасни групи од по шест деца, од 5 до 10 години, од 10 до 15 години и од 15 до 18 години.

Ристовски рече дека корисниците на центарот ќе имаат организиран превоз во утринските часови, појадок после кој во рамки на своите групи ќе го почнат денот со активности како што се групен и индивидуален третман и рехабилитација, спортско-рекреативни и културно-забавни активности итн.

- Дневниот центар за деца со аутизам има можност за користење сала за спортско-рекреативни активности, како и простории за работилници во кои ќе се спроведуваат работно-окупациони терапии, а ќе биде опремен и со сензорна соба, истакна Ристовски.

Тимот во дневниот центар ќе биде составен од најмалку шест стручни работници со полно работно време, а тие ќе бидат обезбедени со внатрешно распоредување од кадарот кој работи во Заводот.

- Исто така ќе бидат вклучени и практиканти од области релевантни за работењето на центарот. Министерството планира ширење на мрежата на постојните 23 дневни центри за деца со пречки во менталниот развој во оние локални заедници каде што истите не постојат и каде за тоа има потреба, посочи министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Извор: vlada.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?