|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Често се прашуваме која е тајната на дишење на бебето, зошто дише толку брзо и неурамнотежено? Во бременоста детето дише преку папочната врвца и во еден момент треба да се префрли на самостојно дишење со своите бели дробови. Како е тоа можно?

image
/11


 

Колку пати во текот на денот и ноќта сте го слушале дишењето на бебето, како би се увериле дека се е во ред? Гледајќи ги сцените на породување во филмовите сите со нестрпливост очекуваме бебето да заплаче, за да бидеме сигурни дека го вдишало првиот воздух. Веруваме дека ќе се пронајдете во овие активности.

Со првото вдишување белите дробови на бебето се ставени во функција. За почеток тие полесно се затвораат, отколку што се отвораат, но за да се спречи нивното затворање, бебињата повремено дишат на специфичен начин. Со измени во интензитетот и брзината на дишење, бебето ги зајакнува мускулите на белите дробови, што на целиот систем за дишење му дава сила да не му допушти на притисокот за издишување да ги затвори белите дробови. Таквото дишење кај новороденчињата е природно.

Важно е да се знае дека во првите три дена од животот на новороденчето, низ неговите бели дробови ќе проциркулира двојно повеќе воздух отколку кај постарите деца. Тоа е заради брзата размена на материи, за што се потребни поголеми количини на кислород. Зголемената потреба за кислород се задоволува со почесто вдишување и затоа забрзаното дишење е типично за првите месеци од животот на бебето. Ако ја следите брзината на дишење во првите месеци, ќе изброите 40-60 вдишувања и издишувања во минута, додека околу 6-от месец тие ќе се намалат на 35-40, а на година дена 30 ќе бидат вдишувања и издишувања во минута. До полнолетство тој број нема да  надминува 18 вдишувања и издишувања во минута.

Грижата околу тоа дали бебето дише е нормална, но природата на бебето му подарила важни рефлекси за преживување. Тоа ќе го воочите ако го легнете детето на стомак, тоа автоматски ќе ја заврти главата лево или десно, за да дојде до воздух. Кивањето и кашлањето имаат слична функција, бидејќи на тој начин од грлото или носот се исфрла се' што би можело да го спречи патот на воздухот до белите дробови.

Родителите би можеле да бидат загрижени за повремените прекини во дишењето кај бебето, но тие се јавуваат кај секое бебе и претставуваат дел од нормалниот процес за созревање на системот за дишење. Доколку прекинот трае повеќе од 12-15 секунди, значи дека детето има проблеми со дишењето и тоа треба да се сфати сериозно, бидејќи периодот поминат без кислород може да остави последици врз детското здравје, или да резултира со несакан чин. Иако таквите последици се исклучително ретки, пожелно е родителите да го следат дишењето на бебето во првите неколку месеци.

 

Особености на системот за дишење кај бебето

- Бидејќи во првите денови од животот бебињата тукушто почнуваат да ја развиваат техниката на правилно дишење, за нејзино совладување ќе им помогне доењето, со кое белите дробови на бебето побрзо се развиваат.

- Од третата до седмата година детето дише се подлабоко и поретко, околу десттата година детскиот систем за дишење потполно созрева и почнува да функционира како систем за дишење кај возрасен човек.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да препознаете труење со храна?
Стомачните вируси кои активно заразуваат периодов можеби и не можеме да ги спречиме, но може да се заштитиме од труењата...
6
Бањање кое ќе Ве остави без здив
Толку нежност! Толку убавина! Нема да останете рамнодушни...Задолжително погледајте
4
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?