|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Девојче мое...

AnnaMolly RR, 9.10.2018
Во чест на сите прерано изгубени бебиња, во чест на мајките кои поминале или поминуваат бременост по загуба...

image
/11


15 ноември е ден на прерано изгубените бебиња за време на бременоста или кратко по раѓањето.

Октомври е месецот во кој се крева свеста за загубата на бебе...

 

Зарем може да си замислите поголем хорор за една жена од губење на бебето за кое имала безброј соништа и планови? Бебето кое веќе имало и име, кое си го замислувала како ќе изгледа. На кого ќе личи? На мама? На тато? А потајно се надевала дека ќе личи на брат му... Брат му кој скокаше од радост кога дозна дека ќе има братче и го бакнуваше стомакот на мајка му, се радуваше на иднината иако имаше само 4 години...

Имав само 24 години кога го родив син ми. Нормална бременост, породување со царски. Здраво и живо машко бебе од 3,190 г. Мојата гордост и најголема радост во животот. Во каков само розов свет сум ја поминала таа бременост! Кој би помислил дека би можело да тргне нешто наопаку? Во ниедна милисекунда не размислив за фактот дека не секоја бременост има среќен крај...

Поминаа 4 години. Време е за втора радост, проширување на семејството. Како и првиот пат, и овојпат забременив веднаш. Треба ли да опишам колку се радувавме кога се појавија две цртки на тестот? Ќе имаме уште едно бебе! Во домот ќе има смеа и игра на две дечиња... Машко е. Братче за син ми. Си доби име. И покрај вербата и надежта дека се ќе биде во ред.... Со нас беше само 17 недели. Иако не дојде дома со нас, тој постои. Тој е моето второ дете. Мојот втор син. Го изгубивме пред да имаме шанса да го запознаеме...

Поминаа уште 4 години. Сега веќе имам полни 33, 8-годишно дете и едно кое го носам во срцето. Позитивен тест! Повторно сум бремена. По третпат. Но тој позитивен тест не го дочекав со среќа, не го дочекав со солзи радосници. Замислете си го моментот кога сте биле најисплашени во животот, па помножете го со 100. Каква ќе ми биде оваа бременост? Ќе си дојдам ли повторно дома со празни раце? Повторно ли ќе ми се скрши срцето на милијарда парчиња? Најубавиот период во животот на една жена, бременоста, за мене стана најмрачниот, најтежок и најтрауматичен период. Радоста која ја чувствува секоја идна мајка кај мене е заменета со страв. Со исчекување на лоши вести на секој следен преглед. Замислете си како би било 9 месеци по неколку пати на ден, каде и да се наоѓате, да трчате до најблискиот тоалет за да проверите случајно да не има крв. Иако пред само неколку часа немало. Можеби сега има? Оваа трета бременост ми е како по книга. Школски пример за тоа како треба да тече една бременост. Повеќе од половина помина, од утре сум 21 недела. Девојче е. И веќе и име има. Брат и' ја крсти. Кутрата. Зарем 9 месеци ќе ги помине со мајка која се плаши за иднината? Мајка на која и' е страв да си рече: „Кога ќе се роди бебето“... Мајка која вели: „Ако се роди бебето“... Ако ја донесеме дома... Ако овојпат помине се како што треба... Ако е здрава и жива... Го знаете чувството кога од секундата кога ќе дознаете дека сте бремена го засакувате тоа зрнце што е во вас и веднаш се јавува необјаснива поврзаност меѓу вас? Јас сум го заборавила. Го чувствував кога бев бремена со син ми, но сега тоа го нема... Како да се поврзам со неа? Како да ја засакам? А што ако?... Што ако повторно ми се скрши срцето на милијарда парчиња? Можеби е подобро да останам ладна, да не се поврзам со моето бебе. Велат тоа било одбранбен механизам. А јас велам дека ми е срам што не можам да си се поврзам со бебево што го носам во себе.

Никој не ми кажа колку емоции секојдневно ќе поминуваат низ мене во бременоста по загуба на бебе.

Никој не ми кажа дека секој ден ќе ми биде вечност, дека секоја минута ќе стравувам за моето бебе.

Никој не ми кажа дека при секое одење во тоалет ќе проверувам дали имам крв на гаќите. Никој не ми кажа дека секоја болка во стомакот ќе биде причина да трчам на лекар.

Никој не ми кажа дека секојпат кога некој ќе ми зборува за иднината, ќе ми доаѓа да избегам подалеку.

Никој не ми кажа дека утешните зборови од моите најсакани толку многу ќе ме вознемируваат. Ќе биде се во ред, не се секирај. Уживај во бременоста. Кои се шансите пак да се повтори? Имаш најнормална бременост, зошто не можеш конечно да се опуштиш и да се радуваш? Не мисли на лошо, ајде малку биде позитивна...

Бев позитивна, се радував и ја планирав иднината на моето бебе, но тоа сега се само спомени во мојата глава. Го изгубив. Не си дојде дома со нас... Ајде, уште само 19 недели. Ќе издржам јас. Како велат? Трета среќа? Зарем навистина ќе имам ќерка? Навистина ли овојпат од болница ќе излезам со здраво и живо бебе во рацете, кое ќе биде исто како брат и? Бела, со дупче на брадичката. Со зелени очи. Со руса коса. Иста како брат и! Таква ќе биде. Девојче мое, немаш бесчувствителна мајка која не те сака. Таа те сака премногу. Повеќе од што може да се замисли. И ти ќе дојдеш дома со нас...


И Вие можете да го напишете својот дневник! Споделете ги со нас чувствата и искуството како е да се биде МАМА. Може да ни пишувате на различни теми поврзани со мајчинството и одгледувањето на детето. Својот дневник може да го доставите до главниот и одговорен уредник на Рингераја.мк, на е-адресата: glaven.urednik@ringeraja.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стравовите на едногодишно дете
Со кои стравови може да се соочи детето на возраст од една година?
5
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Имунитетот на детето и неговите нарушувања
Сигурно би бил загрижен кога детето ќе доживее повеќе од шест акутни инфекции во рок од 6 месеци, односно ќе се разболи ...
4
Крал Волкашин и Марко Крале
Македонски народни приказни
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?