|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Девет неверојатни месеци

Редакција Рингераја, 31.5.2020
Дали знаевте дека во третиот месец од бременоста рацете на бебето се подолги од неговите нозе? Дали сте знаеле дека во петтиот месец се формираат јајце клетките кај женскиот плод? Прочитајте колку чудесни нешта се случуваат во текот на деветте месеци

image
/11


 

 

Прв месец

-  Оплодената јајце клетка се вгнездува на ѕидот на материцата. Некои од клетките ќе го формираат плодот,  а некои плацентата.

-  Се формира почетокот на рацете и нозете.

-  Се формира мозокот и рбетниот мозок.

-  Почнува развојот на срцето и белите дробови. На крајот на овој месец срцето почнува да чука.

 

Втор месец

-  Се формираат очните капаци но остануваат затворени.

-  Почнува развојот на внатрешното уво.

-  Почнуваат да се формираат коските.

-  Се формираат зглобови и прсти на рацете и нозете.

-  Се развиваат гениталиите.

-  На крајот од овој месец најважните органи и телесни системи се формирани.

 

Трет месец

-  Се појавуваат 20 пупки на местото каде што ќе се наоѓаат забите.

-  Прстите на рацете и нозете продолуваат да разстат. Се формираат дури и меки нокти.

-  Растат мускули

-  Се формираат цревата.

-  Кичмениот столб е мек и се витка.

-  Кожата е проѕирна.

-  Во овој период рацете се подолги и поразвиени од нозете.

 

Четврт месец

-  Се формираат клепки

-  Рацете и нозете можат да се виткаат.

-  Видливи се половите органи.

-  Кожата е набрана и телото е прекриено со восочна обвивка и мали вланкенца.

-  Се развива надворешното уво.

-  Плацентата е формирана во потполност.

-  Фетусот може да голта и слуша звуци.

-  Формиран е вратот.

-  Бубрезите почнуваат да работат се произведува урина.

 

Петти месец

-  Се развива рефлексот за цицање. Доколку рацете се најдат во близина на устата, фетусот ќе го цица палецот.

-  Фетусот е активен. Во овој момент веќе гичувствувате неговите движења.

-  Фетусот редовно спие и има  периоди на будност.

-  Ноктите се израснати на површина на прстите.

-  Жолчната кеса почнува да призведува материја која е неопдодна за варење на хранливите материи.

-  Кај девојчињата се формираат јајце клетки во јајниците.

-  Кај момчињата почнуваат да се спуштаат тестисите.

 

Шести месец

-  Расте коса.

-  Мозокот се развива забрзано.

-  Бебето ги отвора очите.

-  Белите дробови се развиени во потполност, но се уште се нефункционални.

 

Седми месец

-  Фините вланкенца кои ја прекриваа кожата на бебето се губат.

-  Бебето клоца и се тегне.

-  Прави изненадни движења и реагира на звук.

 

Осми месец

-  Бидејќи е завршено формирањето на органите, бебето почнува да добива на тежина.

-  Коските стануваат се поцврсѕи, но черепот останува мек и флексибилен за да се олесни породувањето.

-  Бебето сега може да почувствува горчлив и сладок вкус.

-  Бебето ика.

 

Деветти месец

-  Бебето се завртува со главата надолу за да биде подготвено за раѓање.

-  Кожата е се помалку набрана.

-  Белите дробови се подготвени самостојно да функционираат.

-  Се развива образецот спиење – будност – спиење.

-  Бебето добива на тежина повеќе од двеста грама неделно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Ако немате утринска мачнина, носите машко ...
Дали е вистина дека ако немате утринска мачнина рано во бременоста, носите машко дете?!
4
Очекуваат свои и близнаци од сурогат мајка
Брачен пар, кој се обидувал да добие бебе цела деценија, сега очекува четири бебиња, бидејќи и мајката и сурогат мајката...
4
Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?