Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Детско катче
Препорачливо е, ако децата се доволно големи да јадат со вилушка и лажица сами, да ги одделите на самостојна маса. На овој начин возрасните можат спокојно да јадат и да разговараат, а децата да се забавуваат. Освен тоа посебната маса ќе ги натера да се чувствуваат посебно.
Затоа аранжирајте ја масата соодветно. Заврзете панделки на столовите, ставете салфетки со снешковци или Дедо Мраз. Наредете дел од подготвените јадења и чаши, за децата да се чувствуваат посебно.
Што треба да вклучува менито?
Важно е детското мени да не вклучува ништо непознато или егзотично. Новогодишната ноќ не е време за експерименти со детските вкусови, ако сакате да видите празни чинии до крајот на вечерта. Приложете традиционални и проверени рецепти - свежа салата, печено месо, гарнир од компири или ориз, примамливи десерти како мафини или торта.
Ако сакате масата да изобилува со разновидност, може за децата да приготвите палачинки со месо или мини пици. Ореви, лешници и бадеми не се препорачува да се најдат на детската маса, бидејќи можат да бидат опасни по здравјето. Заменете ги со грисини.
Бидете генијални
Презентацијата на јадењето е од суштинско значење за апетитот кај најмалите, затоа треба да пројавите повеќе оригиналност при послужувањето. На пример, млечната салата може да биде обликувана како снешко. Зеленчукот може да се сече на стапчиња и да го наредите во голема чинија, во форма на елка.
Ако додатокот на главното јадење е ориз, тогаш оформете го во круг, кој ќе служи за глава на снешкото и направете очи и уста од сецкани маслинки. Мафините пак украсете ги со цветчиња. Од свежо овошје и чепкалки за заби може да направите различни фигури - како џуџиња, новогодишни капи, снешковци.
Рекламирајте го менито
Кога им сервирате на најмалите, користете ја вашата имагинација. Може да споменете дека печеното месо е омилено јадење на некој популарен лик од бајките. Попај морнарот сака се што е со спанаќ, Медо Пух - сè со мед, а зајачето Бани - сè со моркови.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?