|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Детскиот додаток како паричен надоместок се обезбедува за покривање на дел од трошоците во подигањето и развојот на детето.

image
/11


 

Право на детски додаток остварува еден од родителите на детето, државјанин на РМ со постојано место на живеење во Република Македонија, за дете државјанин на Република Македонија и на редовно школување во Републиката, ако родителот е:

  • Вработен во трговско друштво, јавно претпријатие, јавна установа, установа и друго право лице кое врши стопанска дејност и друго лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единицата на локалната самоуправа и друго домашно и странско физичко лице и правно лице кое вработува работници, со најмалку половина од полното работно време, односно со него изедначеното работно време;
  • корисник на правата од пензиското и инвалидското осигурување, според одредбите на Законот за пензиско и инвалидско осигурување;
  • на отслужување на воениот рок во Армијата на Република Македонија, а до заминувањето бил во работен однос или имал друго својство, (невработено лице кое прима паричен надоместок; корисник на постојана парична помош; земјоделец-обврзник на данок од приход кој врши земјоделска дејност како единствено и главно занимање), врз основа на кое може да оствари детски додаток за дете;
  • невработено лице кое прима паричен надоместок;
  • корисник на постојана парична помош, според Законот за социјална заштита;
  • воен инвалид и корисник на семејна инвалиднина;
  • земјоделец-обврзник на данок од приход кој врши земјоделска дејност како единствено и главно занимање и
  • занаетчија кој врши стари занаети и занетчија кој врши занаетчиски дејности кои се дефицитарни.

По исклучок, ако родителот или член на неговото семејство е сопственик на деловен прстор, основач на трговско друштво или установа не може да го оствари правото на детски додаток за дете.  
Странски државјанин кој има живеалиште на територијата на Република Македонија може да оствари детски додаток за дете согласно Законот за заштита на децата. 

Детски додаток се остварува во зависност од возраста на детето и материјалната состојба на семејството.  

Право на детски додаток има еден од родителите на детето до наполнување на 18 години живот, доколку е на редовно школување.  
За дете кое наполнило и трајно или за подолго од една година ќе остане неспособно за работа, родителот има право на детски додаток за дете за време на траење на неспособноста на детето, но најдолго до 18 години живот. 
Како наполно и трајно неспособно за работа се смета и дете на кое му е признато правото на работно оспособуување се до неговото успешно завршување, но најдолго до 18 години живот.  
По исклучок, право на детски додаток има еден од родителите и за дете кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата и заради таквата спреченост вонредно го продолжува образованието. 
Детски додаток следува за децата што родителот ги издржува и тоа за: деца родени во брак или вон брак, посвоени деца, внуци, браќа, сестри како и за други деца земени на издржување. 
За децата земени на издржување, детски додаток следува и кога тие имаат родители, ако:

  • Родителите им се наполно или трајно неспособни за работа;
  • Се на издржување на казна затвор;
  • Им е одземено родителското право и
  • Родителите се на редовно школување.

Детски додаток во овие случаи следува кога родителите и децата немаат имот или приходи од кои децата можат да се издржуваат. 
Детски додаток следува и за дете кое е без родителска грижа, а е сместено во во дом-семејство. 
Материјалната состојба на семејството се утврдува врз основа на приходите и примањата кои ги остварува семејството и бројот на членовите на семејството. 
Граничниот износ на просечните месечни приходи и примања по член на семејството за остварување на детски додаток за дете изнесува 16% од просечната плата исплатена по вработен во Република Македонија во првата половина од претходната година, а за самохран родител 32% од просечната плата исплатена по вработен во Република Македонија во првата половина од претходната година. 


Детски додаток не може да се користи во следните случаи:

  • за дете кое поради воспитување, школување или оспособување е во завод или установа во кои целосно бесплатно е згрижено за време додека е во заводот или установата;
  • за дете државјанин на Република Македонија за кое родителот остварил право на детски додаток согласно со прописите на друга држава.

Висината на детскиот додаток изнесува:

  • за дете до 15 години живот, односно додека е редовен ученик во основно училиште 4,60% од просечната плата исплатена по вработен во Република Македонија во првата половина од претходната година и
  • за дете од 15 до 18 години живот, односно додека е редовен ученик во средно училиште 7,30% од просечната плата исплатена по вработен во Република Македонија во првата половина од претходната година.

Вкупниот месечен износ на детски додаток за децата за кои родителот го остварил правото изнесува најмногу 1800 денари.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Склопување нови пријателства
Погледнете го разговорот со психологот Розета Павлова и искуството на мајката Ивана Кочева и нејзиниот син Михајло на те...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Кога децата сфаќаат дека НЕ значи НЕ?
Децата страдаат од еден облик на амнезија заради која пред третата година не можат да создаваат долгорочно сеќавање. Пре...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?