|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детска непослушност: Ти не си ми шеф!

Редакција Рингераја, 19.6.2012
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се справите со непослушноста на Вашето дете и не можете да го контролирате, без да употребите сила?

image
/11


 

 

Што треба да прават родителите? Децата се однесуваат непослушно и инаетливо кога се чувствуваат оддалечени од родителите и најчесто тоа го искажуваат преку бес и неслога со родителот. Непослушноста тешко се решава со старите познати  “мерки на дисциплина” кои многу често само ја влошуваат ситуацијата.

 

Родителите често забораваат дека секој човек (вклучувајќи ги и најмалите), мора да го штити својот интегритет. Затоа толку често на се одговараат со “НЕ” и плачат. Нивната напослушност и инает најдобро се решава преку:

  1. Нека знае дека сте го слушнале: “Велиш НЕ за бањање, те слушнав…” (Понекогаш тоа е доволно за најмалите да соработуваат)

  2. Гушнете го. (Некогаш им треба само љубов)

  3. Бидете флексибилни и преговарајте: “Добро денес ќе ги миеме само рачињата и лицето” или “Многу си валкан/а, треба да се бањаме, ајде да најдеме начин за да ти биде убаво.”

  4. Мирно и нежно инсистирајте на Вашата цел: “Добро, плачеш бидејќи не сакаш да се бањаме...тука сум...исплачи се, па кога ќе завршиш земи си ја омилената кукла да се бањаме со неа и да и ја миеме косата.”

 

 

Децата во предучилишна возраст ги знаат правилата. Кога се однесуваат непослушно, тие всушност сакаат да кажат: “Мамо, тато, нервозен сум, не знам како да си ги изразам чувствата...па затоа ќе бидам непослушен и лош за да ми обрнете внимание”. Нивниот инает најдобро се решава со:

  1. Не заборавајте дека нивната непослушност е молба за внимание, не нешто што бара мерки на дисциплина

  2. Поврзете се со детето преку игра, ако можете. Ако ја играте со него омилената игра, тоа сигурно ќе ја исфрли негативната енергија  и ќе биде подготвено да направи се што барате од него.

  3. Ако неговиот бес и инает продолжи, оставате го да се исплаче. Можеби се што му е потребно е да се исплаче и да му поминат сите лоши мисли и чувства. Гушнете го за да ја почувствува Вашата врска со него.

 

Децата кои одат во основно училиште реагираат со непослушност и инает кога ќе почувствуваат дека не сте фер кон нив. Кога тие постојано се расправаат, тоа е сигнал дека се чувствуваат како да не Ви е грижа за нивните потреби и желби. Со нивниот инает најдобро е да се справувате преку:

  1. Стоп...оставете се' и дишете. Пред да реагирате за однесувањето на Вашето дете, прво смирете се.

  2. Потсетете го дека непочитувањето е надвор од правилата: “Знаеш дека во оваа куќа така не се зборува. Мора да со многу лут/а”

  3. Сметајте дека кога децата се однесуваат непослушно тоа се проблеми во врската со нив.

  4. Поврзете се со него со сослушување и разбирање: “Велиш НЕ, бидејќи мислиш дека тоа не е фер? Можеби јас нешто пропуштам, кажи ми повеќе зошто е тоа така?”

  5. Соживувајте се со него: “Аха значи ти мислиш, ти чувствуваш...”

  6. Барајте “win-win” решение: “Јас сакам....ти сакаш...ајде да направиме вака...”

 

 Децата кои се во предтинејџерски години експериментираат со непослушност и инает и ги тестираат границите. Со нив најдобро се справувате преку:

  1. Стоп...оставете се и дишете. Пред да реагирате за однесувањето на Вашето дете, прво смирете се.

  2. Бидете построги во врска со поставените граници на почит во Вашиот дом: “Знаеш дека во оваа куќа не се зборува на таков начин...”

  3. Дадете му шанса на детето да се поправи уште на почеток на кавгата: “Знам дека не сакаше да не повредиш и дека не почитуваш, сакам да слушнам што имаш да кажеш. Ајде од почеток...”

  4. Размислете за Вашиот пристап. Никој не сака да му се кажува што треба да направи. Секој родител дава по стотина наредби секој ден, најчесто со негативен тон. Ако Вашето дете се лути, помогнете му да сфати кои му се обврските, без да му наредувате.

 

 Тинејџерите се однесуваат непослушно кога се чувствуваат отфрлени и кога ја губат почитта кон родителот. Со тоа најдобро треба да се справите со:

  1. Преведете ги зборовите на Вашиот тинејџер. Тинејџерските години се годините кога сите се чувствуваат сами, отфрлени, проблемите се нерешливи. Разговарајте и бидете до него, да му го покажете патот. Разберете го.

  2. Останете смирени и полни со разбирање: “Уф! Тоа беше дрско. Мора да си многу вознемирен/а штом зборуваш така со мене...Јас смирено те прашувам во што е проблемот?...” Само дишете и останете смирени. Мора да го оставите да се искаже, колку и да Ве излудува сето тоа.

  3. Постојано пронаоѓајте начин за поврзување. Слушајте. Разбирајте. Реагирајте. Кажете му дека го сакате и колку ви значи и најдете взаемно решение.

 

 Без оглед на возраста на детето, имајте на ум и почитувајте го неговото право да Ве одбива понекогаш. Можеби учи за тест или е занесено во својата игра која во моментот е поважна од се друго. Ако повеќето од времето е послушно и соработува со Вас, исполнувајте му ги желбите и дозволувајте му (секако не премногу). Колку повеќе чувствува дека го слушате и разбирате, толку помалку ќе има потреба да се инаети.

Не мора да значи дека треба да му дозволувате се'. Мора да постои јасна граница за стандартите на почит во Вашиот дом. Работете на врската со Вашето дете и искористете ја секоја можност за да ја подобрите. Со тоа ќе го подобрите целиот негов живот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Анита Даева
Анета Даева е новинар во утринската програма на телевизија Сител. Преку интервјуто ни ја доловува атмосферата и односите...
4
Моето име е: МАЈКА
Се препознавте ли?
4
Направете сами фондант за торта!
За сите креативни мајки, кои уживаат во изработката на торти и колачи, фонданот е вистинска играчка. Густата маса која с...
4
Избираме најубава творба: Јана Најдоска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Јана Најдоск...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?