|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дете од 2-3 години- од аспект на мама

Редакција Рингераја, 24.4.2021
@mamamegi го споделува своето искуство

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Децата од две до три години знаат да бидат многу напорни, но сето тоа е период и треба многу трпение. Може реченицава звучи клише ама кога ќе пораснат ќе сакаме и ќе бараме да се до нас, ама тие ќе немаат време од игри и дружења.
Децата во овој перид од развојот се со поголема фантазија и често ќе гледате како се во некоја друга улога на мајка, доктор, пејачка итн.
Во овој период повеќето од децата не сакаат да ги делат своите играчки, или често знаат да си "украдат" играчка за дома од другарчето.
Кога станува збор за играта и дружењето, тие како растаат се повеќе и повеќе ќе сакаат дружење и играње со деца. Затоа, периодот од две до три години е идеален период за носење на дете во градинка поради социјализирање и која исто така ќе му помогне во растот и развојот.
Ако нешто треба на некој да му објаснуваш тоа е на дете од овој период од развојот, тие стануваат радознали. 
Иако фондот на зборови на оваа возраст кај децата е голем сепак сеуште не зборуваат правилно или имаат потешкотии во изговорот на одредени букви "р" , "л" , "џ","ш" итн.,тоа воопшто да не ве загрижува. Доколку сакате може да направите контрола кај логопед, иако тоа се препорачува да биде после третата година.
Во овој период од развојот децата треба да ги оставите полека да се осамостојуваат во одредени работи. На пример кога се облекуваат и кога јадат.
Овој период е идеален и за вклучување во домашните обврски. Ако не друго, дете на оваа возраст може барем да си ги собере играчките.
Сето ова е напишано од читање и слушање за растот и развојот на децата од овој период, а најмногу од поминато лично искуство.
Од дневникот на @mamamegi

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да знаеме дали детето е левучар ?
Како да го учиме да пишува, црта, сече…ако сме десничари?
4
5 начини да го поттикнете детето да зборува
Децата зборуваат полека и првите неколку години грешат при изговорот. Избегнувајте да ги завршувате нивните реченици
3
Не сакам на лекар!
Многу мали деца се преплашени кога ќе се спомене посета на лекар. Во прилог се неколку начини со кои ќе им помогнете да ...
3
Семејството - фактор за развој на детската...
Многубројните истражувања и сознанија покажуваат дека еден од најзначајните услови за позитивен развиток на децата е соц...
3




Анкета

/
Jana9

Dali go koristite javniot prevoz?

Da (33%)

Ne (67%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!