|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дете "бунтовник" - како да ги сочувате нервите?

Редакција Рингераја, 30.5.2019
Детето бунтовник е по однесувањето и реакциите најспецифичен, а со тоа и највоочлив тип, лесно паѓа во очи бидејќи излегува надвор од рамките. Проблем е што сите сакаат да го доведат во ред - и дома и во градинка и на училиште

image
/11


Заради големите осцилации во енергијата и бурните реакции, овој тип на деца ги доведува родителите до градица на издржливост, како емотивно, така и енергетски, но тоа е само заради тоа што на него не делува ниту еден конвенционален пристап на воспитување и комуникација (ако сте препознале дека вашето дете е од ваков тип, сигурно сто пати досега сте се увериле во тоа).

Детето бунтовник е по однесувањето и реакциите најспецифичен, а со тоа и највоочлив тип, лесно паѓа во очи бидејќи излегува надвор од рамките. Проблем е што сите сакаат да го доведат во ред - и дома и во градинка и на училиште... Но тоа едноставно нема да биде можно, се додека тоа се прави на досегашниот начин - со закани, казни, молби, критики, верувања па повторно закани, казна...

Она што им е најтешко на родителите да го прифатат кај детето бунтовник е дека ова е само еден дел од неговата личност, а не детето како такво.

Друг проблем е што имаат чувство дека детето постојано пружа отпор, тера инает, а тоа всушност се бори да останеавтентично, да биде свое во опкружувањето кое упорно се обидува да го поправи и така му става до знаење дека не е прифатено такво какво што е.

Колку притисокот на опкружувањето е поголем, толку е поголем и отпорот на детето. Детето бунтовник со овој отпор всушност сака да ви каже: "Вие мене воопшто не ме разбирате и не гледате што ми треба"

Со оглед на тоа дека ова дека е многу реактивен тип и заради тоа често е под голем емотивен набој, него од родителите му е потребна помош да научи да го поврзува своето однесување/реакции со тоа како се чувствува, а потоа и да управува со својата емотивна состојба на прифатлив начин и така со тек на време да стане одговорно за своите емоции.

Доколку ова изостане во воспитувањето, ќе порасне во личност која мисли дека секогаш другите се криви/одговорни за тоа како се чувствува и бурните реакции ќе бидат единствен начин да се бори со стресот, фрустрациите и интензивните емотивни ситуации.

Прво што може да ви помогне е постојано да го имате на ум следното:

1. Детето не донесло само одлука овој дел од личноста да му биде доминантно развиен, туку така се родило;

2. Не можете да го поправите, измените, избришете или да го негирате овој дел од неговата личност...ниту да очекувате тоа да се промени со тек на време.

3. Детето има право да биде тоа што е.

4. На вам останува да најдете начин да му бидете поддршка, неговото однесување и реакции да ги насочувате на начин кој за него е најадекватен.

Друга работа која ќе ви користи е детално да се запознаете со карактеристиките на бунтовно дете, бидејќи само ако потполно го разбирате, тогаш можете да го промените.

Трето е да научите каков пристап дава резултати со овој тип на дете и така да си го олесните секојдневието.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да препознаете дисхармоничен развој к...
Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психом...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Урнебесно: Што се случува кога мајката е б...
Една мајка од Хрватска, која со години е преселена, живее и гради кариера во САД, се прослави како победник на натпревар...
4
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?