|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Денот кога мојот син се откажа од мене...

Редакција Рингераја, 25.9.2015
Исповед на една мајка...
Клучни зборови:

image
/11


 

Од  првиот ден кога моите синови почнаа да ја делат собата, нивната вечерна рутина не се менуваше посебно. бањање, пижами, миење заби, читање приказни, галење. И секоја вечер кога ќе ја напуштев собата, Ели ќе речеше: “Не заборавај да се вратиш, уште малку да се галиме и да ни донесеш вода!”

Додека тоа го изговара, јас веќе слегувам по скалите и низ главата ми поминуваат сите работи кои треба да ги извршам пред да си легнам. Му одговарам на синот: “Ок”, иако знам дека шансите да се вратам горе се скоро никакви. Денот е долг, таман толку за да успеам да се преморам и краток, бидејќи не стигнувам да направам се што треба. Работа, вечера, веш, садови, подготовка на појадок за наутро, сето тоа ме чека, иако сум веќе на раб да се онесвестам.

Понекогаш нема ни да стигнат повторно да викнат по мене, туку сами потонуваат во сон. Но понекогаш, по само неколку минути чекање да се врати мама, довикувањето почнува: “Мама, мамаа, маааамаааааа, МАААААААМАААААА!”

Веќе доволно уморна и изнервирана, застанувам покрај скалите и налутено викам : “Молам???!!!”

“Можеш ли да донесеш вода?”

“Доаѓам за неколку минути.”

Ја завршувам започнатата работа, полнам две чаши вода и ги носам горе, изнервирана што ме прекинале во работата. Брзо им давам вода, ги бакнувам, па излегувам од собата говорејќи си на себеси дека на децата им е потребен сон.

Едно попладне  си играв со постариот син и слушав што разговара помладиот син со мојот сопруг. Не можев добро да слушнам, но зборовите мама и лутење сигурно ги слушнав. Се префрлив преку креветот и почнав да го скокоткам, па во шега прашав : “За кого ти велиш дека е лутко?”

Кратко потоа, децата отидоа в соба по играчки, а јас седнав покрај маж ми. “Дали слушна што рече Ели”, ме праша.  “Мама секогаш се лути кога пред спиење  ќе ја повикам горе да се врати, уште малку да се галиме. Затоа престанав да ја барам.”

Како најголемата карпа составена од каење и вина да падна во тој момент на мојот грб. И никако не можев да ја поместам. Станав, се качив по скалите и отидов во нивната соба. Ели лежеше на креветот и дремеше. Кога легнав до него, тој се сврти, а јас му шепнав. “Нема ништо на светот што сакам повеќе од галењето со тебе.”

Нешто промрморе, ги обвитка рацете околу мојот врат, го допре своето лице на моето, онака како што прави секогаш. И се беше простено.

Но, додека лежев до него, вистинската тежина на неговите зборови уште еднаш падна на моите рамена.

“Затоа престанав да барам”.

Никогаш не придавав голема важност на тоа како моите деца го доживуваат нашиот вечерен ритуал, секогаш претпоставував дека моите зборови нема да остават некои последици. Но моите деца го почувствувале тоа мое брзање и потреба да бидам на друго место, наместо покрај нив. И во некој момент одлучиле дека повеќе не вреди да бараат, бидејќи секој пат се одбиени.

Во тој момент сфатив и се запрашав: “Којзнае од што се се откажале, бегајќи од моите нервозни одбивања?!”

-          Мамо, сакаш да ми читаш?

-          Мамо, сакаш да си играш со мене?

-          Мамо, слушни денес што се случи в градинка!

-          Мамо, гледај што научив!

-          Мамо, што мислиш за она девојче!

-          Мамо, можеме ли за нешто да разговараме?

А каков беше мојот одговор? Каков беше мојот став?

-          Еве, за една минута. А тоа ќе биде пет, десет, дваесет минути, половина час...

-          Немам сега време, одговарам а не сум го слушнала ни прашањето.

-          Тоа малку подоцна, а кулата на прекршени ветувања расте секој ден.

Моите изговори се можеби валидни, а понекогаш и неопходни. Знам дека децата мора да се научат да бидат трпеливи и дека мораат да раазберат дека не можат да бидат приоритет во секој момент. Но, моите зборови, во комбинација со мојот став, недела по недела, месец по месец, година по година...Еден ден, можеби ќе сакаат да ме прашаат нешто важно, нешто побитно од чаша вода и малку галење, но ќе се откажат бидејќи : “Можеби мама сега нема време”.

Во последно време се гушкаме секоја вечер и ако кажам минута, тоа навистина е минута.

Мојот син се откажа од мене, но јас навреме сфатив и успеав да го поправам тоа. Не сакам да мислам дека се би било поинаку – нашиот однос и неговиот живот, да ја научев оваа лекција неколку години подоцна.

Галете ги вашите деца па макар и подот да е валкан, садовите неизмиени, играчките растурени. Еден ден тие нема да се сеќаваат  на чистите садови, туку на топлата прегратка која ќе ги грее секогаш кога им е тешко.

 

Извор: Huffington post

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пелтечење кај школските деца
Пелтечењето е нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на м...
6
ХОТЕЛ ШПИК, во прегратка на недопрената пр...
Летото пред три години единственото Алпско одморалиште Шпик го здогледа светлото на светот, кое се наоѓа под врвовите на...
5
Зошто е добро пешачењето на плажа?
Пешачењето е фантастична активност за вас и вашите деца. Децата можат да бидат слободни, спонтани, а заедно и вие со нив...
4
Необични, светлечки Велигденски јајца
Ефектот се постигнува со перфорирани провидни лепенки за јајца и силиконски бои.
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?