|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

denim: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 23.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: denim

Датум на породување: 19.04.2003 година

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

Би сакала да го споделам и моето породилно искуство кое се случи  пред 7 и пол години. Тоа беше најнеобичниот и најубавиот ден во мојот живот, раѓањето на мојата ќерка Мила. Целата бременост помина нормално, без никакви компликации. Последен термин ми беше 29.04.2003 година, но јас се надевав да се случи на 01.05. кога е и мојот роденден. Се разбира дека такви калкулации со бременоста не се можни, од причина што мојата принцеза малку побрза во желбата да биде во прегратка со своите родители. Попладнето на 18.04. бевме договорени со мојот доктор во ГАК да направиме контрола. Докторот ме прегледа, па потоа ЦТГ и се беше во ред. Во меѓувреме осетив течност која беше многу малку во споредба со она што го очекував. Му кажав на докторот и тој ме посоветува да одам дома, да се напијам чаша млеко  и повторно да се вратам. Тогаш знаев дека ни претстои финалната битка. Во договор со мојот сопруг, без да информираме никого се вративме во ГАК околу 22:30 ч. По сите прегледи, докторот ме задржа. Јас и мојата мала ќеркичка се впуштивме во последниот чин од авантурата наречена -породување. Мислите ми навираа и се присетував на моментите кога со нетрпение го исчекував овој миг кој се случуваше. По бројните прегледи на ред дојде и долгочасовната инфузија која ми се присторуваше дека е подолга од цела вечност, зачинета со крици на мајки кои раѓаа и најмузикалниот бебешки плач. Следуваа неизбежните провокации кои во мојот случај не предизвикаа некоја особена промена. Помислив дека сум можеби една од ретките трудници кои ги немаат почувствувано породилните болки, но и овој пат се имав безмилосно излажано...тие доправа следуваа во кратки и жестоки интервали, што беше на работ со нереалното. За среќа тоа траеше многу кратко. Конечно се докопав до толку посакуваната цел- боксот. Кога легнав на него ми се помешаа емоциите и желбите во еден вртлог од чувства кој ме наведуваше на помислата дека ова му се случува на некој друг. Но навреме се созедов и одлучно решив максимално да соработувам во интерес на сите нас. Се разбира и последното премрежие не беше толку тешко како што изгледа од некоја друга перспектива. По две до три напнувања мојата прекрасна, најсакана  љубов Мила го почувствува здивот на надворешниот свет, во 09:15 ч.

Добредојде најпосакувана, малечка, принцезо... Малку нескромно, но тогаш го запознав за прв пат најсовршеното и најубавото суштество на целиот мој свет; Беше на креветот до мене...   

И секогаш се сеќавам со радост на врежаниот филм во мојата меморија за моето прво породилно искускуство, во очекување на второто (двојно) кое што допрва ни предстои за нови, незаборавни патувања...

 

Рингераја и посакува среќно детство на принцезата на denim !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4
Тања: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .
4
Анорексична трудница тешка само 25 кгр.
Иако за чудо останала бремена на 27 години, Кети, уплашена од новонастанатата ситуација, почнала да слабее. Толку ослабе...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?