|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Денес е меѓународен ден на лица со посебни потреби

Редакција Рингераја, 3.12.2014
Според податоците на Светска здравствена организација(СЗО), повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на хендикеп. Ова одговара на околу 15% од светската популација

image
/11


 

Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби.

Земјите со пониски приходи имаат повисока преваленција на инвалидност за разлика од земјите со повисоки приходи. Попреченоста е почеста кај жените, постарите лица, децата и возрасните кои се сиромашни. Овие лица и тешко можат самостојно да си обезбедат соодветна здравствена заштита и затоа е потребно секоја држава целосно да им помага на лицата со пречки во развојот.

Во Република Македонија се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Здравствената и социјална заштита на лицата со посебни потреби има значајно место во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини.

Иако на лицата со инвалидност им припаѓаат сите права коишто се загарантирани со универзалните документи усвоени под закрилата на ООН, тие се уште се среќаваат со голем број на препреки во нивното остварување. За жал, се уште има предрасуди, маргинализација, дискриминација.

Во Македонија, како што е наведено во соопштението објавено на веб страната на ИЈЗ,  видот и степенот на пречките во физичкиот или психичкиот развој се уредува со Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој (Службен весник на РМ бр.30/2000 год) и според него лица со пречки во физичкиот или психичкиот развој кои имаат специфични потреби се:

- лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)

- лица со оштетен слух (глуви и наглуви)

- лица со пречки во гласот, говорот и јазикот

- телесно инвалидни лица

- ментално ретардирани (лесно, умерено, тешко и длабоко)

- аутистични лица

- хронично болни лица

- лица со повеќе видови на пречки.

Општо земено причините кај сите видови недостатоци можат да бидат хередитарни (наследни), конгенитални (вродени) и аквирирани (подоцна стекнати).

 

Здравство24

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
11
40 нешта на кои сакам да ја научам ќерка ми
Лекции напишани од Dani Ryan, кои се важни за сите мајки кои имаат ќерки
6
Пролетно чистење на домот
Доаѓањето на пролетта е вистинска инспирација за освежување на домот, но ова не треба веднаш да Ве асоцира на макотрпна ...
5
Како да исчистите дамки од маркер и фломас...
Од лицата на непослушните деца!
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?