|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дехидратација - летна опасност

www.rak.mk, 6.8.2011
Под дехидратација се подразбира негативен биланс на вода во организмот. Ако се работи за губиток на чиста вода, хиперосмоларноста на екстраклеточната течност ја привлекува водата од клетките и настанува синдром на клеточна дехидратација.

image
/11


 

Ако постои комбиниран губиток на вода и на електролити, како што се случува на пример при повраќање, пролив, примена на диуретици, тогаш се јавува екстраклеточна дехидратација.

Освен наведениве состојби (повраќање, пролив, земање на диуретици), дехидратација може да предизвикаат и некои заболувања како на пример: бронхит, воспаление на белите дробови, други воспалителни процеси и други заболувања. Исто така, дехидратацијата може да биде предизвикана и од претерана физичка активност со недоволно консумирање на вода. До губиток на вода доаѓа и кај пациенти со дијабетична хипергликемија, пратена со осмоларна полиурија (зголемено излачување на мочка).

 

Клиничка слика на дехидратацијата

Дехидратацијата е пратена со јака жед, сува слузница на устата, отежнат говор. Јазикот е сув и обложен, со збришани папили. Хиповолемијата доведува до тахикардија (забрзана работа на срцето) и ортостатска хипотензија (нагол пад на притисокот при исправување на телото, при нагло станување).

Се јавуваат и симптоми од страна на нервниот систем: наизменично депресија и зголемена надразливост, делириум и кома. Се намалува излачувањето на мочката и таа е концентрирана и темно жолта.

Клиничката слика на дехидратацијата зависи од количеството на изгубената вода.

  • Блага дехидратација постои кога се губи 1-2 литри вода и таа се манифестира со чувство на жед и со концентрирана мочка.
  • Средно тешката дехидратација се јавува при губиток на 2-4 литри течност и се манифестира со јака жед, намалено потење, вртоглавица, блага конфузија, агресија и слабост, намалена количина на урина, концентрирана урина.
  • Тешка дехидратација настанува при губиток на 4-10 литри течност и се манифестира со интензивно јака жед, конфузија, мускулна слабост, сува уста и суви слузници, тахикардија, низок крвен притиок и кома.


Како да се делува?

На дехидрираниот болен треба веднаш да му се даде да пие течност, најдобро вода во која претходно е растворена сол, а потоа, во зависност од тежината на дехидратацијата, треба да се консултира лекар и евентуално, доколку е потребно, пациентот да се задржи во болница.

Лекувањето се состои во надокнадување на изгубената течност. При тоа може да се дава вода преку уста, или во потешки форми на дехидратација се даваат и интравенски инфузии на 5% гликоза.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебињата разбираат пред да научат да збору...
Стоп за лигавото обраќање кон бебињата! Тие учат од вас, па зборувајте им како на кој било возрасен соговорник
5
Како антибиотиците влијаат на здравјето на...
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порас...
4
Чај кој го зајакнува имунитетот
Не чекајте да ви се растече носот, да ве заболи грлото или да добиете температура, туку на време послушајте ги советите ...
4
Со храна против слабокрвноста
Често се случува при крајот на зимата да се чувствуваме исцрпено, уморно, поспано, често не боли глава, намалена ни е ра...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?