|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Социјалните улоги се распределени во таква хиерархија што успешните луѓе обично се лидери. Тие се силни и гламурозни и често предизвикуваат восхит, почит и дури завист кај другите. Повеќето родители би сакале нивните деца да се такви
Клучни зборови:

image
/11


 

Дали, бидејќи тоа е општествено повисока категорија, или едноставно посакуваат нешто неизживеано од нив самите, не е јасно, но статистиката е убедлива. Се разбира не станува збор за водство по секоја цена. Тука повеќе се работи за стекнување квалитети кои би биле од корист на детето во иднина. Во пракса тоа е тешко и не секое семејство го постигнува посакуваниот резултат. Бидејќи и тука нема рецепти. Но можеме да тргнеме од назад кон напред и да проследиме кои се всушност квалитетите кои ги сакаме во лидерите, а потоа ќе ги разгледаме и можните начини да ги развиваме тие квалитети и кај своите деца.

Лидер, значи водач. Луѓето во секоја сфера се поделени на овој знак - водачи и следбеници. Понекогаш не е задолжително оваа позиција да се зацврсти со хиерархиско ниво или социјален статус.


Кои се лидерите?


Лидерите се многу социјално активни. Тие секогаш се опкружени со многу луѓе, вешто комуницираат и лесно се комуницира со нив. Се изразуваат многу добро и успеваат да ја предадат не само пораката, но и расположението на своите зборови. Тие се храбри и имаат храброст да искажат мислење, без загриженост и вознемиреност. За нив сервилността е непозната. Имаат интересни и понекогаш чудни идеи, почитуваат авторитет, но не угодуваат. Значи до тука имаме неколку квалитети кои се повторуваат - имагинација потребна за оригинални идеи, храброст во искажувањето на одлуки и постапки, вештина за комуникација и дипломатија. Лидерите имаат верба во своите способности и висок степен на самодоверба. Ако го вклучиме оптимизмот, исто така, нема да згрешиме, бидејќи позитивното размислување исто е од корист и делува многу магнет на луѓето. Главната причина за тоа е ведроста и насмевката која ја имаат луѓето кои се задоволни од себе. Имаме почетна точка на квалитетите потребни за успешност. Сега да видиме кога и како тие се препознаваат и можат да се развиваат кај децата.


Имагинација


Воспитувањето на детето во способност за имагинација треба да започне уште во најраните години. Главните тактики се охрабрува и наградување. Стимулирањето на детето да пробува различни нешта и да експериментира исто така помага за развојот на неговата имагинација. Се разбира, имагинацијата може да се охрабри и на друг начин. Со многу приказни за секакви случки. Читајте му на детето, многу! Ова ќе стави предуслов исто така да ги засака книгите и потоа само да сака да чита, кога ќе се научи.

Храброст


Да ја стимулирате бестрашноста на детето не е еднонасочна акција. Треба истовремено со него да ја развиете и својата бестрашност. Да ја минимизирате анксиозноста и да заборавите покажување прст и втренчен поглед, како и зборовите "Мал/а си!", "Внимавај!". Тоа е тежок потфат, но можете да го поедноставите ако елиминирате дел од опасностите на патот на своето дете, па тоа да нема пристап до нив. Откако ќе се надмине таа пречка, следниот чекор е да ги промовирате обидите на децата за запознавање на светот. Во почетокот вашата улога ќе биде пронаоѓање на авантури. Не го прекинувајте детето во неговата желба да открива и да се впушта во различни игри. Помагајте му да ги надмине своите стравови. Влегувајте смело во темните соби. Преземете мерки за безбедност пред тоа, за да не го претворите недостатокот на страв во непромисленост. Храброста сепак треба да биде и одговорна. Односно треба да го научите детето дека секоја акција има свои последици и човек треба да презема потфати со подготвеност да ја преземе одговорноста потоа. Можеби ви изгледа дека се оддалечуваме од храброста, но не е така, бидејќи да си храбар значи да можеш да се заштитиш.

 

Оптимизам


Може да не верувате во моќта на позитивното размислување, но има објективни (логички поддржани) факти со кои категорично се докажува користа од оптимизмот. На прво место тој е предуслов за добро расположение. Исто така и за верба во успехот. Тоа, само по себе, зборува за насоченост и мотивација. Ќе помогне и за побрзо решение во дадена ситуација, бидејќи позитивното размислување ги "држи" настрана очајот и негативните мисли, кои можат да ни ја замаглат проценката и да ни ги засенат способностите. Сите знаеме дека е тешко да се разбесниме на некој спокоен и насмеан човек, исполнет со ентузијазам. Напротив, вообичаено при нашата средба со такви луѓе се полниме со позитивизам и тоа делува мотивирачки. На примарно ниво, луѓето кои се насмевнати и весели стануваат многу симпатични на околината. Лесно се дружат и стануваат омилена друштво. Ако научите вашето дете да биде радосно и среќно, ќе му помогнете многу понатаму. Како да го направите ова? Па, преку личен пример. Нема друг начин, освен Вие да се претворите во таков човек, но не само на зборови, туку и на дело.

Самодоверба


Несомнено највисока самодоверба игра важна улога во лидерството. Таа е поврзана со искуството. Советите за храброст можете да ги примените и тука, со мала модификација. При изградба на идентитет и самодоверба има значење мислењето на детето. Треба да научите да го почитувате неговото мислење. Покажете му дека ви се допаѓаат неговите размислувања  и неговите погледи кон одредени прашања. Консултирајте се до детето за различни прашања кои се во неговите домен, или го засегаат. Давајте му можност за избор, но тесен избор. Тоа се случува со еден родителски трик – ограничување на изборпт (Сакаш жолт или црвен фустан?; Ќе вечераш пред или после бањање?). Важен составен дел на самодовербата е и самостојноста. Детето треба да биде оставено да се справи само со некои работи, прилагодени за неговата возраст и неговите вештини. Наградувањето и пофалбата за напорите би поттикнале и подоцнежни обиди за решавање на ситуации.


Комуникативност и говорни способности


Истражувања покажуваат дека децата, кои се зборлести и  досадуваат како мали, многу почесто стануваат лидери и умеат да привлечат приврзаници на својата кауза. Причините се јасни - обично оние деца кои постојано поставуваат прашања, подоцна ќе се стекнат со арсенал на знаење, кој ќе чека пригоден момент да биде спроведен. Ова се случува во случаите кога родителите и наставниците не го загушуваат овој ентузијазам, преку апатија и игнорирање. Способноста на детето да се изразува добро исто така се случува преку пракса. Колку повеќе детето зборува, толку подобро ги апсорбира вештините на реториката. И тука повторно на помош доаѓа читањето. Книгите го развиваат неговиот говор. Не ги игнорирајте!


Обединувачки вештини


На игралиште лидери стануваат оние деца кои ги претчувствуваат желбите и интересите на другите и ги здружуваат во различни игри и активности. Често се однесуваат заштитнички кон другите и можат да западнат во неволја, но такви се ризиците на лидерството. Колку помалку  подлегнуваат на прифаќање сугестија, толку им се поголеми лидерските способности. Се разбира, без да користат агресија и принуда. Кога едно дете од најмало манифестира лидерски способности, задача на родителите е да му објаснат какви се неговите надлежности  и да го научат дека водачот ја носи одговорноста за групата. Обично децата кои се справуваат подобро во колектив, во детските години, подоцна пројавуваат такви лидерски квалитети, освен ако ентузијазмот не им е прекинат од надворешни фактори (родители, наставници, повеќе силни лидери). Исто така е тешко човек да биде лидер во секоја фаза од животот. Бидејќи најдобар лидер треба да може да биде и добар следбеник.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
8
20 работи кои само сестрата ги разбира
Таа е една и единствена. Не можете да ја замените. Со вас е и во добро и во лошо. Постојат и ситуации кога ве доведува д...
4
Како да развеселите тажно дете?
Понекогаш децата се натажуваат, без за тоа да постои видлива причина, или не таква која возрасните ја разбираат. Тоа кое...
3
(Не)правилен изговор на гласовите
Една од најчестите причини заради која родителите бараат помош и совет од логопед, е неправилниот изговор на гласовите и...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?