|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали кафеавиот шеќер е поздрав од белиот?

Редакција Рингераја, 27.5.2016
Која е разликата меѓу кафеавиот и белиот шеќер и дали е заблуда мислењето дека кафеавиот шеќер е поздрав?

image
/11


 

 

Една супена лажица бел шеќер содржи 16 калории, а една супена лажица кафеав шеќер содржи 17 калории.  Белиот шеќер е 99,9% сахароза. Кафеавиот шеќер е 97% сахароза, 2% вода, 1% занемарливи траги на калциум, железо, калиум и некои други малку важни елементи. Количините на овие минерали се толку минимални што организмот нема никакви бенефиции од нив.

Луѓето се залажуваат со епитетот “кафеав”, кој е додаден пред оризот, лебот и тестенините, кои навистина имаат предности пред избелените производи. За жал, во случајот на кафеавиот шеќер единствена корист имаат трговците кои, заради добриот маркетинг, овој шеќер го продаваат по многу повисоки цени.

 

Како се добива белиот шеќер?  Кога од шеќерната репка ќе се добие меласа, со нејзина преработка и кристализација се добива кафеавиот шеќер. Потоа се подложува  на уште еден процес на избелување, со помош на хемикалии и така се добива белиот шеќер.

 

Како се добива кафеавиот шеќер? Некои ќе претпостават дека одговорот е во претходната реченица, каде рековме дека со преработка на меласата се добива кафеав шеќер. Логично е да се помисли дека кафеавиот шеќер е неизбелен бел шеќер. Но тоа не е точно. Купечкиот кафеав шеќер се добива така што на белиот шеќер му се додава меласа, за повторно да стане кафеав. Со други зборови, кафеав шеќер еднаш веќе бил бел, на кој му е додадена темна меласа.

 

Сега се прашувате – зошто производителите го прават ова?  Затоа што им е многу полесно да ја контролираат бојата и големината на кристалите на овој начин. Мора да напоменеме дека на пазарот може да се најде и првичниот кафеав шеќер, но ќе го барате под името Raw sugar, односно сиров шеќер.

Трговците можат да расправаат дека кафеавиот шеќер е поздрав од белиот. Да, тој е за промил помалку штетен од белиот шеќер, но зборот здрав не може да се поврзи со ниту еден вид на шеќер, без оглед на тоа дали доаѓа од шеќерна репка или кокосова палма. Аргументот дека кафеавиот шеќер е поздрав е сличен на аргументот дека е потешко да се удавите во езеро отколку во море, затоа што морето има повеќе вода.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Масирање на бебиња
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е нео...
4
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
4
Неверојатни факти за мајчиното млеко
Сите знаеме дека ништо не може да се спореди со мајчиното млеко и неговите придобивки. Отсекогаш била и ќе биде најдобра...
4
9 природни лекови против грип и настинка
Студеното и непредвидливо време во текот на зимата често е главна причина за настинка. А сезонскиот грип е нешто што мно...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?