|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали ги сакаме децата подеднакво?

Редакција Рингераја, 11.11.2014
Срцето на мајката е вечен оган, од чиј пламен може да се земе многу пати, за да се палат друг свеќи, но вечниот оган не се гасне...Дали мајката ги сака сите свои деца подеднакво?
Клучни зборови:

image
/11


 

Баба ми е учителка и ми кажа дека нејзиниот стремежот секогаш бил, да биде непристрасна во односот спрема децата во одделението. Сакала да не се приврзува многу за нив, бидејќи е тажно кога тие ќе преминат во петто одделение и таа треба да почне одново со "нови" деца. По години откако ќе завршеле, нејзини ученици доаѓале да се видат со неа. Се замислив на оваа тема, кои ученици се враќаат да ја видат? Одговорот беше - можеби оние кон кои имала симпатии и со кои чувствата им биле взаемни. Бидејќи и таа, како и сите нас, е човечко суштество кое има свои несовршености. Една од нив е тоа што пројавува преференции, во ситуации во кои е редно да постапува непристрасно. И тука не станува збор за врска, туку за чувства. Таа едноставно не можела да ги сака сите деца подеднакво. А и логично е, сепак тие се многу различни, секое со своите индивидуални црти. Во реалниот живот луѓето се среќаваат и ако си се допаднат, почнуваат да се гледаат почесто, бидејќи заедно им е пријатно. Но оваа првична симпатија е во основата на раѓањето на силни емоции - приврзаност, љубов итн. Кога зборуваме за случајните средби во нашите животи сè е во ред. Но, ако ја свртиме темата кон задолжителните врски - со семејството, најблиските, роднините, тогаш излегува дека немаме право да сакаме поинаку. Реално, она што го држиме под контрола се постапките, понекогаш емоциите, но не и чувствата. Можно ли е, со оглед на сè, да не ги сакаме подеднакво децата? На ова прашање (доста тешко и ретко поставувано на глас) ќе се обидеме да најдеме одговори.


Љубомората и ривалството


Љубомората меѓу децата се случува токму поради љубовта и вниманието на родителите. Многу често се случува, дека децата во семејството се борат за вниманието на родителите. Децата се екстремни во своите позиции, соодветно и во реториката и најверојатно ги вербализират овие свои стравови со директно обвинување кон родителот: "Ти го сакаш брат ми / сестра ми повеќе од мене!". Оваа љубомора е вообичаена, но сепак е добро да му се обрне внимание, ако работите се продлабочат. Но, што ако тоа ривалство не е неосновано? Тогаш што се случува со детето? Виновен ли е родителот? Сите ја знаеме историјата, дека срцето на мајката се удвојува, кога ќе роди второ дете и на тој начин љубовта и е еднаква спрема децата. Еден вид поделена. Многу е убава и компарацијата – Срцето на мајката е вечен оган, од чиј пламен може да се земе многу пати, за да се палат друг свеќи, но вечниот оган не се гасне.

 

Психолозите говорат за индивидуалниот однос кон двете деца, што е различно нешто од љубовта. Мајката и таткото комуницираат на одреден начин со секое од своите деца, бидејќи тие се различни личности и кон нив се пристапува индивидуално, во однос на нивните уникатни квалитети, карактеристики итн. Во љубовта различноста не значи квантитет. Стравувањата на децата дека родителската љубов е различна, најверојатно провоцираат диференцијација во нивната љубов кон нивните идни деца. Или токму спротивното - огромен стремеж да нема такво разграничување. И во двата случаи тоа чувство наоѓа одраз во сопственото семејство на детето еден ден.


Љубомората е вознемирувачко чувство и детето не умее да се справи со такво силно чувство. Најважно во случајот е не дека детето доживува љубомора, што е природно и нормално, туку начинот на кој тоа го толерира и се справува со неа. Љубомората има различни манифестации. Понекогаш тоа може да биде прикриена и да биде претворена во радикално спротивставени реакции и однесувања (претерана загриженост), но може да предизвика и апатија кај детето.


Ги сакаме ли подеднакво родителите?


Неминовно се доаѓа и до реципрочно прашање - дали ги сакаме подеднакво родителите? Во многу семејства до таков степен е заштитено верувањето дека љубовта кон децата е еднаква и соодветно треба родителите да се сакаат подеднакво. Повеќето луѓе не успеваат да изберат некој од своите родители како фаворит, токму поради тоа. Има и уште нешто, кога ги коментираме чувствата на едно дете кон неговите родители сепак не треба да го игнорираме фактот дека тоа гледа радикално различни модели во двајцата. Таткото е во улогата на татко и кон него се упатуваат и гледаат едни модели на однесување, а соодветно односот кон мајката е сосема поинаков. Реално не може да се направи споредба помеѓу два радикално различни односи, бидејќи тие функционираат во целосно поинаков поредок. Тука станува збор за перцепција на улогата на секој еден од родителите и нивното прифаќање од детето. Се разбира, постојат семејства, кај кои околностите се наметнале детето да е блиско, повеќе приврзано и можеби повеќе да го сака едниот родител. Обично во овие случаи причините се објасниви и објективни (пр. кога животна ситуација на детето наметнува поинтензивна врска со едниот родител).


Можна ли е практично еднаква љубов?


Дефинитивен одговор на ова прашање нема. Секое дете има својата индивидуалност. Дури и да се трудиме да ја даваме на ист начин љубовта, грижата, односот и слично, еднаква љубов не се добива. Дури и кога зборуваме за две бебиња близнаци, тие сепак имаат свои карактерности и провоцираат различно внимание и различни емоции. Иако го знаат ова, многу родители се обвинуваат. Многу често се  чувствуваат одговорни и виновни и се стремат да "поправаат" тоа. Во многу случаи токму овој обид да се "корегира" односот кон двете (или повеќе) деца, води до вештачки процес на комуникација, до неприроден однос, што децата го чувствуваат. И што ги збунува; ги тера да бидат неискрени, бидејќи го прифаќаат тоа за норма.



Како се случува разликата?


Односот и љубовта на родителите се различни и тоа зависи од степенот и начинот на кој мајката или таткото се препознават во своите деца. Се појавува едно прашање на потсвесно ниво "Колку од себе гледам во својата ќерка / син?". Постојат одредени причини кои ја провоцираат оваа разлика. Но тука не постои правопропорционална зависност помеѓу степенот на препознатливост во детето и соодветно љубовта и односот. Може сличноста да е импресивна (како на физичко, така и на емоционално ниво) и токму тоа да е причината родителот да не го толерира детето.

 


Родителите се менуваат


Иста мајка не може да одгледа две деца на ист начин. Дури само фактот дека жената на 20 е една, а на 25, 30, 35 ... е сосема друга. Се менуваат разбирањата, нејзиниот поглед кон светот, нејзините можности, нејзините перцепции - може да се каже дека речиси сè трпи измени, поради силата на времето. Да не зборуваме дека секој човек се учи од своите грешки и при втора и трета можност се справува подобро (во смисла на тоа дека успева да се справи со фрустрациите, не секогаш, но барем стремежот е таков).


И уште ...


Децата имаат различен карактер, па затоа и односот кон нив е различен. Детето кое наоѓа начин да освои повеќе внимание, бидејќи има дарба да го прави тоа природно, е привилегирано во некои случаи. Другото, за да компензира, има шанса да стане лошо, токму бидејќи тоа е неговиот начин да привлекува внимание. Така постепено децата почнуваат да се чувствуваат "поделени". Има и друга зависност - понекогаш мајката (бидејќи најчесто борбата е за нејзиното внимание) е приврзана кон детето, што е помало и таа инстинктивно се однесува кон него со поголема загриженост и внимание. Своевремено имало поголема поделба помеѓу децата во зависност од тоа дали е девојче или момче. Момчињата биле значително повеќе сакани, бидејќи тие се сметаат за наследници на родот и фактички наследници и чувари на некоја генерациска традиција. Дистинкција се случува и на основа на редоследот на раѓањето. Првородените деца биле привилегирани. Во моментов овие модели не се продуктивни и постепено отпаѓаат, иако сеуште се случуваат и такви работи.


За крај


Мајките изјавиле дека доживуваат љубов кон децата како целина, а не кон секое едно од нив одделно. Ова е некоја збирна љубов, која звучи како прифатливо решение. Не е јасно како се постигнува и колку е рационална, но дефинитивно е задоволителен одговор на прашањето "Дали е можно да ги сакаме подеднакво децата?". Кога станува збор за емотивно-психолошката страна на човекот, тогаш еднозначни одговори нема. Ништо не е само црно или само бело, затоа и тешко се даваат совети, бидејќи сè е во проценти на сиво, а таму варијантите се стотици. Целта на статијата е што поскоро да поставиме почетна точка од која секој сам ќе го открие својот начин да го разбере проблемот.

 

Консултант: Светлана Благоева, психотерапевт

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Еден ден, кога јас ќе имам син...
Мил мој, не мораш да бидеш инжињер. Не мораш да бидеш адвокат. Не е важно што ќе бидеш кога ќе пораснеш. Сакаш да бидеш ...
4
Mлечните заби ги чуваат трајните
Многу од родителите знаат да дадат одговор дека не ги поправале млечните заби на нивните деца затоа што тоа се млечни за...
4
Ќотекот НЕ е излезен од рајот
Родителите имаат многу улоги во животот на детето. Тие се воспитувачи, доктори, тренери, возачи, учители, медијатори, го...
3
Ненасилно воспитување на децата
Насоки за ненасилно воспитување на децата
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?