|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали Facebook прави од нас лоши родители?

Редакција Рингераја, 21.1.2015
Дали првата работа која ја правите кога ќе станете е истовремено последна работа која сте ја направиле синоќа пред спиење? Не, тоа не е миењето заби. За многу мајки тоа е проверка на електронската пошта, социјалните мрежи, блогови и пораки
Клучни зборови:

image
/11


 

Ова е исповедот на младата мајка Jamie Bisot, кој го пронајдовме на интернет. Корисно е да се прочита.

 

Дали Facebook прави од нас лоши родители?

Минатиот ноември ги анализирав своите активности на интернет и сфатив дека поминувам многу часови на мрежата:хмм, добро, не толку многу. А потоа сфатив дека сум потрошила драгоцено време на блогови, на Твитер и цело кампување на Facebook, поврзувајќи се со пријателите. Всушност, го занемарив својот реален живот и сериозно ги доведов во прашање негата и воспитувањето на своите деца, а зошто? За мало парче виртуелна стварност на екранот на компјутерот. Како и останатите мајки на мрежата, секогаш се жалев како немам доволно време за ништо. А како би го имала, кога без ден по поминував во трачарење на Facebook?  За тоа време моите деца со тажен поглед ги испраќаа своите врсници во парк и во детските игралишта. Кога децата почнаа да инсистираат дека не сакаат да го поминуваат своето време со мене, туку со тато, баба и дедо, тогаш сфатив дека имам сериозен проблем.

Проблемот секако беше мојот лап-топ – стандардно сместен во дневната соба, стуткан во мал, пријатен агол на едната страна од масичката, веднаш до моето место. Јас би сакала да станам и како секоја нормална мајка на децата да им направам крофни, но наместо тоа, им кажувам на децата да се занимаваат со нешто и потоа си седнувам на интернет со филџан кафе покрај себе. Ако децата станат бучни, остро ги предупредувам да бидат потивки.

Имам блог на кој пишувам еднаш неделно за се што ќе ми падне па памет. Но Твитер е тој кој го потпали огнот. За некој кој сака површни мисли и безначајни случки, Твитер е патот по кој треба да оди. Сум читала се, од ударни вести, до тоа што кој појадувал, каква глупост рекол, што облекол... А потоа дојде Фејсбук, кој е замислен за размена на значајни информации со пријателите, на кој јас почнав да поставувам безначајни мисли, на уште побезначајни луѓе и многу бескорисни работи.

Во некој момент, рутината потполно се промени. Наместо неколку минути на компјутерот наутро, почнав да поминувам часови, а за тоа време децата гледаа цртани филмови, или било што на ТВ, што престанав да го контролирам. А и зошто би, тивки беа. Наместо кратко прегледување на поштата додека вечерата е во рерна, времето поминато на компјутер се повеќе и повеќе  се продолжуваше, па се почесто констатирав дека немам време на децата да им подготвам оброк, па купував брза храна.

Сакам да сум информирана  и да читам за тоа што другите луѓе мислат и чувствуваат, а Facebook стана мој начин да го правам тоа. Освен што ми стана гадна навика, почнав и да се чувствувам виновна. Бидејќи верувам во идејата дека, ако се чувствувате виновни, веројатно за тоа постои причина, сфатив дека нешто не е во ред.

Тој ден знаев дека нешто мора да се промени. Поминував премногу време на интернет, а многу малку време планирајќи го својот ден и играјќи си со децата. Почнав така што точно дефинирав што треба да направам на интернет и кога ќе го направам тоа. Одредив време за работа и време за игра, цврсто се држев до својот план и се стана сјајно, за многу кратко време.

Потоа доаѓаа денови кога немав многу работа, а децата имаа обврски. Тогаш се вклучував на Facebook, каде никогаш не е досадно. Некој напишал на вашиот ѕид. Некој слави роденден. Некој коментирал на вашите фотографии. Сето тоа беше премногу за да се противам.

А тогаш, како неочекуван благослов, мојата интернет конекција се прекина. Во нормални околности тоа би било причина да го повикам провајдерот за да го поправи дефектот. наместо тоа, краткотрајното исклучување го претворив во вистинска пауза. Важната пошта можев да ја проверам на телефонот, но Facebook и Twitter не беа забавни на тој начин. Признавам дека малку повеќе гледав телевизија, но со децата почнавме почесто да читаме книги, заедно готвевме, дури и заедно чистевме. Повторно почнав да шетам со децата. Успеав да го насочам својот ум на она што се случува во дневната соба. Повторно се поврзав со децата, па мојата желба да се поврзам на интернет беше премногу мала. Сега, неколку месеци подоцна, повремено ја посетувам својата страница на Facebook, пишувам, статии на блогот редовно, а интернетот го користам за да добијам неопходни информации за секојдневно функционирање.

Секако, мојот компјутер и понатаму го користам – морам, сите мораме, секако. Живееме во свет во кој е неопходна брза информација, но неопходно е и да се одржува рамнотежа. Не сум совршена мајка, што и да значи тоа, но чувствувам дека родителството е најважна задача во мојот живот и дека тоа ја одредува мојата сегашност и мојата иднина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
5
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Период: Тато го сакам повеќе од мама?!
Заеднички феномен кај малите деца е да минуваат низ фаза, ориентирана кон татковците. Оваа фаза се случува обично околу ...
4
Одлучив да бидам лоша мајка!
Кои се нештата кои една мајка ја карактеризираат како добра или лоша? Има ли учебник од кој една жена може да научи како...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?