|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Да имаш дете - свесен избор или судбина?

Редакција Рингераја, 14.12.2015
Живееме во свет во кој нема ништо сигурно - традициите, навиките, обичаите, технологијата, инвестициите и ... животните одлуки се променлива величина
Клучни зборови:

image
/11


 

Има, меѓутоа, една дилема во животот на секоја жена - во кој момент е време да има дете и дали за неа воопшто ќе настапи таков момент. Неколку жени на различни возрасти ги споделуваат своите искуства во врска со тоа кое од двете работи ги поставиле на прво место - мајчинството или кариерата, во различни фази од животот и како го гледаат мајчинството - како мисија или како казна.

Џени, на 39, со две деца "Забременувањето, бидејќи во тоа време изгледаше кај повеќето жени како логично нешто – беше следен чекор во мојот живот. Четири пријателки бевме бремени во исто време. Беше нешто како домино ефект. Искрено, не мислам дека бев подготвена да бидам мајка во тоа време. Дури почувствував олеснување кога требаше да се вратам на работа, бидејќи мајчинството за мене беше досадна професија. Со моето второ дете можам да кажам дека веќе знаев што правам. Но во исто време не сум сигурна дека сум од оној тип на жени кои се родени за да бидат мајки ".

Лизи, на 34, вдовица, со едно дете "Кога забременив по грешка на 23 години, работев по 14 часа на ден во Лондон и живеев со дечко ми. Во исто време одев по настани постојано и ми беше срам да признаам дека сум бремена . Кога Џеј се роди, ние се вљубивме во неа и сега се радувам што ја задржавме. Подоцна, сепак нејзиниот татко се разболе од неизлечива болест и почина. Таа беше само 13 месеци и ја одгледав сама - бевме семејство само јас и таа. Кога ќе погледнам во нејзините очи, секогаш го гледам татко и, еве зошто се радувам дека го задржав детето. Таа стана нешто како спасител во мојот живот ".

Лиз, на 23,  "Не сакам деца и се надевам сите ќе престанат да ми повторуваат дека треба да имам. Јас барам работа, која ќе вклучува патување и не можам да си дозволам да има некој да ме чека дома по уште едно патување. Иако општеството го наметнува тоа, јас засега немам желба да станам мајка ".

Емили, на 30, мајка на едно дете "На 18 бев дијагностицирани со ендометриоза и ми правеа неколку операции. Се помирив со мислата дека никогаш нема да станам мајка. Но, ете,  чудата се случуваат - на 27 забременив! Сега мојот син има три години и е мојот најдобар пријател, не можам да сум посреќна! ".

Линдзи, на 37, мајка на четири деца "Никој не ми верува, кога велам дека ниту едно од моите деца не било грешка. Обожавам деца и дури работам како дадилка и најдов човек кој ги сака токму како мене - актуелниот мој сопруг ! Секое едно од децата ни беше планирано и сакано, јас сум од оној тип на жени кои го сфаќаат мајчинството како мисија. Не би рекла дека имаме многу пари - но верувам дека за да имаш дете, сè што ти е потребно, е да имаш љубов, за да го одгледува ".

Каква е вашата приказна поврзана со мајчинството и кое од мислењата го делите?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
5
Непредвидени грижи и проблеми со родителст...
Добивте бебе и станавте родители? Но, со тоа дојдоа и еден куп непредвидени грижи и проблеми и имате толку многу прашања...
4
Бебешката храна е полна со шеќери и масти!
Германската организација за заштита на потрошувачите Foodwatch спровела истражување за квалитетот на производите кои се ...
4
Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?