|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Да, и јас сум вистинска мајка

Rachel E Bledsoe, 31.5.2016
Камите доаѓаат во сите облици. Нивните рабови од челик се изострени за да можат да пуштат крв и да повредат. Сум прочитала зборови. Сум слушнала зајадливи забелешки:Ти имаш само едно дете. Ти не си остварена, вистинска мајка...
Клучни зборови:

image
/11


 

О Господе, ти си толку среќна што имаш само едно.

Ајде замисли да имаш повеќе од едно дете. Немаш претстава колку е тешко.

Како да удираат бокс во моето срце. Секогаш си го гризам јазикот за да не одговорам. Среќа? Јас би сакала да имам повеќе, но моето тело не е во можност. И јас знам да менувам пелени.  Сум се справувала и со колики. Моето дете почнуваше да вреска од болка секој вторник во 23 часот. Тоа траеше два месеци. Плачеше до утрото до 7 часот. Тогаш го легнував во креветчето и плачев до Бога. Му се молев на мојот создател за моето дете.  Денес се уште се плашам кога ќе дојде вторник. Тие пеколни кошмари траеја до неделата. Понеделникот ќе донесеше уморни детски очи. Тоа е моето дете. И јас не сум мајка...

Сум го чувала детето со 39 температура. Кога ќе качеше повеќе влегував во бањата и го туширав. Плачев заедно со него. Моето дете е болно, а јас не можам да го оздравам. Се што можев да направам е навреме да му давам лекови и да седам по цели ноќи за да гледам дали вдишува и издишува. Следната ноќ повторно нема спиење. Можете само да го однесете на лекар и да се молите. Лекарствата не лекуваат преку ноќ. Се што можев да понудам е мајчината љубов. И јас не сум вистинска мајка...

Луѓето за кои мислев дека ми се пријатели ќе речеа: “Таа е пристоен родител”. Направив грешки во минатото. Не гледам потреба да се скријат. Тоа беа грешки на кои не сум горда, но ги прифаќам. Денес, една деценија потоа, му се осветуваат на моето дете. Моето дете не е покането на забавите покрај базен, бидејќи мајка му е грешник. Малиот град никогаш не ги заборава грешките. И јас не сум мајка...

Едно дете не ти дава право на етикетата мајка. Не е важно што со ноќи не спиеш. Не е важно колку тешко заработуваш за твоето дете да има убава облека кога во недела ќе го носиш во црква. Како единствено дете на мајка, секогаш ги чувствувам палците на неговите чевли, проверувајќи дали дошло време за поголем број. Малите момчиња растат толку брзо. Летата брзо поминуваат и наскоро ќе бидат потребни зимски капути. Таа грижа ја имам уште во јули. И не сум мајка...

Малото момче речиси го израсна креветот. Треба да му направам поголема соба и за играње. Ќе има и место за читање. Планирам и мал простор за музика и сликање. Собата чии ѕидови ќе бидат украсени со дрва, облаци и глуварчиња ќе биде тука наскоро. Соба за големо момче и голем кревет во неа. И јас не сум мајка...

Навечер, моето дете ќе заспие откако ќе му прочитам две – три книги и откако ќе му ги испеам омилените приспивни песни. Ќе се загледам во него и ќе му кажам: “Лека ноќ мило мое. Те сакам.”

Тоа ќе каже: “Ноќ мама. Те сакам.”

За вашите очи, во чиј поглед има остри ножеви, можеби не сум вашиот калибар на мајка. Имам само едно дете и направив многу грешки во животот. Но кога едно момче вели: “Дојди мамо”, јас ја подавам раката и го оставам да ме води во светот кој сака да ми го покаже. Никогаш нема да ја одбијам таа рака. Јас сум единствената жена која ова дете ќе ја знае како своја мајка. ЈАС СУМ МАЈКА на некого.

Јас сум негова мајка!

И секогаш ќе бидам тоа.

Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
12
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
5
Оставете го детето да се исплаче!?
Плачењето го ослободува вашето дете од потиснатите емоции и тоа е добро за него. Не судете му веднаш
4
Дислексијата да се брише од дијагнози!
Експерти во Durham и Yale Универзитетот јавуваат терминот дислексија да се брише од дијагнози, бидејќи е ненаучен и нем...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

/
Jana9

So sto odite na odmor?

Avtomobil (100%)

Avtobus (0%)

Avion (0%)

Brod (0%)

Voz (0%)

Nesto drugo (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!