|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Моите жени се чудо…мајки со шест пара очи за чедата и уште два на тилот (за секој случај)љубовници кои купуваат долна облека во секс шопови и чорапи со жартери пред подзинатите продавачки
Клучни зборови:

image
/11


 

Моите жени се чудо…
мајки
со шест пара очи за чедата
и уште два на тилот (за секој случај)
љубовници
кои купуваат долна облека во секс шопови
и чорапи со жартери пред подзинатите продавачки
сопруги
кои меѓу перење и пеглање го затоплуваат ручекот
и со насмев го пречекуваат саканиот
ќерки
кои трчаат да испазарат за родителите
дур на телефон решаваат математички равенки
колешки
кои со маникираните нокти типкаат по тастатура
и во актовката носат уплатници за топол оброк
моите жени се чудо
тие се се’ во едно и многу повеќе од тоа
плачат на романтични филмови
кршат чаши на тамбураши
се расправаат со пцости од кои мажите срам ги фаќа
и гугуткаат нежно меѓу две воздишки во кревет
тие се плејада жени во една
секоја толку посебна во својата лудост
кои на пијано песните ми ги рецитираат
а на трезно си ги исплакуваме промашените љубови
тие се ноќ и ден
сонце и полна месечина
гризат со оголени песјаци сред пмс
дур со ангелски поглед те гледаат
моите жени немаат години
во сета бркотница зад себе ги оставиле
ниту ги бројат
ниту пак даваат некој да им ги брои
денот го живеат ко последен да им е
а ноќите ги пејат на сиот глас
брчките си ги чуваат како скапоцености
по ѓаволите, си ги сакаат, нивни се
и носат црвен кармин на усните
оти им се сака
оти им се може
оти им стои
оти иста боја како срцата им е
моите жени
моите борци
моите
вашите
нивните
жени
Ана Бунтеска

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дренвин - Извонреден природен помошник про...
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле производот и забележале значителни подобрувања во нив...
4
На кафе кај Викторија Спенџарска Стин
Сигурно ги знаете оние блогови на кои ќе налетате случајно и во кои ќе се заљубите веднаш. Кои ве пренесуваат на друго м...
4
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Соф...
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петковска опстојува веќе четири години. Оваа година, на ...
4
Поддржуваме мали бизниси: Брзо подароче
Во потрага сте по подароче за на мекици или повојница, можеби за крштевка или роденден, за бебе или детенце? Подароче ко...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?