|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бучен Козјак во соработка со Мој Воздух постави мерни станици на територија на цела Македонија

Млекара Бучен Козјак, 15.1.2021
Компанијата Бучен Козјак инвестираше во 10 мерни станица за апликацијата AirCare (МојВоздух). Десет од мерните станици се веќе поставени во Скопје, Куманово, Крива Паланка и Охрид, а најaвено е и поставување на уште 11 нови во останатите градови

image
/11


Со оваа активност Бучен Козјак сака да придонесе кон   подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот, преку обезбедување поголема точност на информациите за загаденост на воздухот и подигнување на свеста за потребата сите компании да се вклучат во рамки на своите можности во борбата за почист воздух.

Кумановската компанија за производство на млечни производи инвестираше во мерните станици со цел да ја зголеми достапноста на информации на полето на загаденоста на воздухот, посебно онаму каде нема доволно прецизни информации за состојбата со загадувањето на воздухот. Со поставувањето на новите мерни станици во повеќето градови, во соработка со апликацијата Air Care креирана од страна на активистот Горјан Јовановски оваа инвестиција ќе придонесе кон зголемување на јавната свесност за проблемот со загаденоста на воздухот.

 

“Со оваа инвестиција сакаме да дадеме поддршка на апликацијата Мој Воздух, а со тоа и да придонесеме кон прецизноста во информирањето на граѓаните за загаденоста на воздухот. Грижата за заедницата е една од темелните вредности на нашата компанија, па затоа ова е уште една во низата наши инвестиции во важни општествени аспекти со која враќаме назад на заедницата. Загадениот воздух нè засега сите нас и се надеваме дека ова ќе биде поттик за други претпријатија да се вклучат во борбата за здрава животна средина. За нас е ова само првиот чекор, а во иднина ќе се обидеме да превземеме што е можно повеќе активности во насока на подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја.” - изјави Наташа Денковска, управител на Бучен Козјак.

 

Aпликацијата МојВоздух веќе 6 години активно работи на подигнување на еколошката свесност и зголемување на достапноста на релевантни податоци за населението. Активистите кои стојат зад апликацијата, секојдневно влијаат на  донесувачите на одлуки кон превземање на проактивни мерки за справување со проблемот на аерозагадувањето, проблем кој го засега секојдневието на граѓаните во изминативе неколку години.


,,Колку е поголема компанијата, толку повеќе може да направи за сопствената заедница. Тие треба да се пример за тоа како се враќа кон општеството, да бидат репер за сите останати бидејќи можат да го дозволат тоа. И не само финансиска инвестиција, големите фирми имаат и голем број на вработени кои преку акции може еден ден во месецот/годината да се приклучат кон подобрување на животната средина. Замислете секоја фирма да го правеше тоа, како ќе изгледаа нашите градови?’’ изјави Горјан Јовановски креатор на апликацијата Мој Воздух.

Со овој потег компанијата Бучен Козјак допринесува за подобра информираност на граѓаните за загаденоста на воздухот, а воедно и помага да се подигне свесноста за  потребата сите да се приклучиме кон решавање на овој деликатен проблем. Од компанијата велат дека и во иднина ќе продолжат со општествено одговорни практики  да инвестираат во решавање на најважните општествени проблеми кои ги засегаат сите.

Повеќе информации за оваа соработка можете да прочитате ТУКА

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Денес е ден на планетата Земја!
Наскоро воздухот ќе биде толку загаден, што ќе дишеме на сопствена одговорност...
6
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
4
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?