|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бразилските ореви ја зголемуваат плодноста?!

Редакција Рингераја, 29.12.2014
Елементот кој се наоѓа во оревите, црвеното месо и морската храна, може да ги зголеми шансите на една жена да зачне

image
/11


 

Научниците утврдиле дека селенот, природен антиоксиданс, игра клучна улога во раните фази на зачнувањето - и од сите хранi, бразилските ореви имаат највисоко ниво од супстанцијата. Селенот е од суштинско значење за развојот на здрави фоликули кои се одговорни за производство на јајце-клетки кај жените.

Мелани Цеко, од Универзитетот во Аделаида, која извршила истражувањето, рече: "Селенот е важен микроелемент, кој се наоѓа во храна богата со протеини како црвено месо, морска храна и ореви. Тој е важен е за многу биолошки функции, како производство на хормонот на тироидната жлезда, и делува како антиоксиданс. Освен тоа помага за детоксикацијата на штетните хемикалии во организмот. Ние знаеме веќе извесно време, дека селенот е важен за машката плодност, но до сега никој не  истражувал  како овој елемент влијае на здравствената репродукција кај жените . "

Како дел од студијата, истражувачите ја откриле точната локација каде се наоѓа селенот во јајниците. Потоа, тие го свртеле вниманието кон протеинот селен, наречен GPX1. Тие откриле дека нивото на селен и протеини кои содржат селен се повисоки во здрави фоликули, од кои подоцна се прават јајце-клетки.


Истражувачите се надеваат нивните откритија ќе помогнат за лекување на жени со проблеми со зачнувањето.

Понатамошните истражувања може да се извршат за да се разбере како нивото на селенот може да се оптимизира, за да ги подобри шансите на жените да зачнат, рекоа тие.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Запознајте ја јајце клетката со сперматозо...
План: Како да ја запознаете јајце клетката со сперматозоидот?
4
Феномен! Забременила на 60 години
Деновиве во Србија се рашири веста за новиот медицински феномен.Имено, шеесет годишната Љ.М. од Смедерево е најстарата ...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2
Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?