|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Блог: Посакувам да знаев што значи да си мајка

hangingwiththeheaphys, 17.9.2020
Мајчинството никогаш не било нешто со што сум се поистоветувала. Никогаш не бев „благопријатно расположена кон бебињата“ и држењето на туѓо бебе, никогаш не се чинеше дека доаѓа природно
Клучни зборови:

image
/11


Се чувствував непријатно и стресно. 

 

Секој пат кога ќе земев туѓо бебе в раце со предрасудата  „да видиме колку време ќе помине пред да заплаче“ и кога бебето навистина ќе ми заплачеше во рацете, сериозно размислував „види, не сум направена за ова“. 

 

Верував дека не сум создадена за мајчинство и се сомневав во секоја педа од моето битие дека некогаш ќе бидам во можност да се поврзам со своето бебе доволно, ако и кога ќе дојде време за тоа. 

 

Кога се водеа дискусии за „обидите за забременување“ , тоа  ме нервираше. За некое време се криев зад моите „цели во кариерата“ за да го одложам процесот. Кога забременив, ќе се шегував со пријателите, семејството и колегите за тоа колку брзо ќе се вратам на работа. Реков 6-12 месеци, но мислев и на враќање на работа порано. 

 

Сите тие беа начини да се заштитам од она што мислев дека ќе биде неизбежна борба да се поврзам со моето бебе што требаше да се роди. 

 

Тоа не беше мојата реалност. 

 

Во моментот кога станав мајка, знаев дека сум родена за тоа. Љубовта што ја имав кон моето бебе беше неограничена. Врската што ја имавме во првите моменти беше како ништо што не сум искусила дотогаш во животот. 

 

Градите беа единственитеместа  во кои бебето сакаше да се смири. 

 

Моите раце беа единствените што сакаше да ја лулаат. 

 

Мојот мирис беше единствениот што и даде утеха. 

 

Немаше непријатност, само природна реакција на туѓите потреби. 

 

Немаше враќање на мојата поранешна работа, само нов животен стил кој стана мој приоритет. 

 

Кога ќе се завртам наназад сега, посакувам да знаев неколку работи.

 

Посакувам да знаев дека не може да се предвиди патување за мајчинство. 

 

Посакувам да знаев дека неуспехот да се поврзам со бебињата што не беа мои, не е знак за одредена неможност да се поврзам со моето бебе еден ден. 

 

Посакувам да знаев дека мајката се раѓа во исто време со бебето. 

 

 

 

Ова е она што го знам сега. 

 

18 мај 2020 година

Прв пат мама

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?