|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Блог: Царски рез во време на корона

Редакција Рингераја, 18.12.2020
Блог на @_taseski.i_ мајка на Адам
Клучни зборови:

image
/11


360 степени промена на светот, но и промена за мене.

 

Здраво на сите, јас сум Ивана мама на Адам.

 

Мојата прва бременост помина чиста 10ка. Чувство како и секогаш, но малку повеќе енергија. Моментот кога дознавме со сопругот дека ќе имаме нешто наше, нешто бесценето и највредно, мислам дека беше еден од најубавите. Очекувана бременост со оглед на тоа што бевме долго време во врска и една година во брак. Сопругот живее во Америка, додека не се среди документација, јас сум тука. Бременоста ја поминав повеќето време сама и мислам дека машки издржав. Моите блиски ме подготвуваа со милион и еден совет и како тие се чувствувале. 

 

adam


Очекувајќи и мене тоа да ми се случува, бременоста брзо ми помина. Никакви симптоми, освен мешето кое беше големо, но не многу. Уште во 12 недела докторот ми кажа дека носам машко. Сите беа уверени 100 проценти дека е женско, но бебуш ја послуша мама.

 

Од бременоста имам преубави спомени како и фотографии. Фотографиите од ултразвукот кој ни ги направи докторот се совршени. Како да ни даваше знак Адам уште од меше дека ќе биде фраер и шмекер кој ќе обожава да се фотографира.

 

adam1

 

adam2

 

Бременоста заврши така што мораше со царски, а јас не се бунев. Храбра сум и издржлива па така со огромна насмевка го прифатив тој факт и тадааам, родив храбро дете. Не сакам изговори, не прифаќам збор не можам, па така уште од 5тиот ден јас нормално се движев, фокусирана на Адам, не на белегот кој засекогаш ќе ме потсетува на нешто убаво. Не бев од оние мајки кои кукаат и лежат, велејќи дека ги боли и не можат да ги извршуваат обврските. Како новопечени родители и карантински денови, сами затворени дома по 5 дена со малечко бебе, ги поминавме најубавите моменти. Искуство за на век! Денес после 9 месеци, горда сум што успеав самата да подигнам дете, насмеано, весело, и помош од сопругот кој не може често да доаѓа поради состојбата со пандемијата.  Не е лесно, но нема откажување. Горда сум што еден ден ќе му раскажувам на синот дека ги пробив сите стереотипи за царски рез и постпородилни депресии. 


Вас, идни мамички ве охрабрувам, доколку е неизбежно и мора да биде царски, само насмевнете се и речете си во себе- Јас ова го можам за тебе дете мое! 

 

 

adam3

 

adam4

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Во овие моменти потребно ви е екстремно тр...
Постојат моменти кога, како родител, потребно ви е големо трпение. Всушност, тоа е секој ден. А потоа, постојат моменти ...
4
6 работи кои не ве прават лоша мајка
Постојат општо прифатени норми кои општеството сака да става и еден од нив секогаш е тоа да си лоша мајка - да го остава...
4
Колку треба да јаде дете на возраст од 1-3...
Како да знам дали моето дете јадело колку што е потребно - е едно од најчестите прашања што ги поставуваат родителите. С...
4
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?