|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бијонсе сподели детали од породувањето

Редакција Рингераја, 10.8.2018
Бијонсе сподели дека ги роди близначињата со итен царски рез, проговори и за неверството и телото по породувањето
Клучни зборови:

image
/11


Бијонсе е главната ѕвезда која го краси најважното издание на „Вог“ - септемвриското.

Покрај тоа што сними фотосесија за модната библија, 36-годишната пејачка се отвори за приватниот живот, откри дека ги роди близнаците со итен царски рез, зборуваше за изневерувањето од страна на Џеј Зи и прифаќањето на облините и телото по породувањето.

„По раѓањето на првото дете, верував во нештата кои општеството ги зборуваше за тоа како моето тело треба да изгледа. Се притискав во три месеци да ги изгубам сите килограмите од бременоста и закажав мала турнеја за да се осигурам дека ќе го сторам тоа. Гледајќи наназад, сега знам дека тоа беше лудост. Сè уште доев и одржував концерти во Атлантик Сити во 2012 година. Со близнаците, им приоѓав на работите поинаку.“

„Имав 99 килограми на денот кога ги родив Руми и Сер. Бев потечена поради токсемија и бев врзана за кревет повеќе од еден месец. Моето здравје и здравјето на моите деца беа во опасност, па имав итен царски рез. Поминавме многу недели на одделот за неонатална интензивна нега. Мојот сопруг беше војник и силна поддршка за мене. Горда сум што сум сведок на неговата сила и еволуција како маж, најдобар пријател и татко. Бев во фаза на преживување и не бев свесна за тоа сè до пред неколку месеци. Денес, чувствувам поврзаност со секој родител кој има минато низ истото искуство.“

„По царскиот рез, моето торзо го чувствував поинаку. Беше голема операција. Некои органи привремено се поместуваат, а во ретки случаи, се отстрануваат за време на породувањето. Не сум сигурна дека сите го разбираат тоа. Ми требаше време да заздравам, да се опоравам. За време на закрепнувањето, си дадов себеси љубов и грижа и ги прифатив моите облини. Го прифатив тоа што моето тело сакаше да биде. По шест месеци, започнав да се подготвувам за Коачела. Привремено станав веган, се откажав од кафе, алкохол и сите овошни пијалаци. Но, бев трпелива со себеси и уживав во моите пополни облини, како што и уживаа и моите деца и сопругот“ – изјавила славната пејачка.

„Сметам дека е важно жените и мажите да ја видат и ценат убавината во нивните природни тела. Токму затоа ги тргнав сите перики и надградби на косата и користев малку шминка за оваа фотосесија. До ден-денес моите раце, рамена, гради и бутови се пополни. Имам мало мајчинско стомаче, но не брзам за да се ослободам од него. Сметам дека е реално“ – додала таа.

1

2

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
4
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
4
Хепатит Б
Хепатитис Б е сериозна инфекција која се пренесува преку крв или телесни течности. Вакцинирање е задожително кај новород...
4
Педијатарот и родителите
Педијатарот, секогаш за свои партнери ги има родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на детето
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?