|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Bibijana: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 6.8.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/21


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Bibijana

Датум на породување: 13.08.2003 и 09.03.2010

Тип на породување: природно

Болница: Битола

 

 

Иако немам баш многу слободно време сепак се рeшив и јас да ви ја раскажам мојата породилна приказна, поточно моите две породилни приказни. Терминот за породување ми беше на 05.08.2003 година. Поминуваше една недела после терминот и решив да отидам на доктор за да видам каква е состојбата. Кога ме прегледа ми рече дека не сум отворена но дека веќе сум при крај. Кога отидов дома прокрварив малку и знаев дека дојде времето за моето ангелче да дојде на свет. Не отидовме на болница бидејќи немав болки.Но на 12.08, ноќта околу 12 часот почнаа болките. Јас поучена од искуството на другите, не отидов веднаш во болница. Како поминуваше ноќта болките стануваа посилни се до утрото кога веќе имав болки на некоја минута. Се ми беше подготвено претходно само се истуширав и заминавме на болница. Таму ме прегледа докторката и рече дека треба да останам. Ме подготвија и ме оставија во една од собите да лежам. Болките стануваа се посилни. Од време на време доаѓаше докторката да види како сум и два три пати ме прегледа да види колку сум отворена, а тоа, да ви кажам искрено, беа страшни болки. Ми направија и ЦТГ и повторно останав да лежам сама. Шетнав еднаш да се видам со сопругот и после тоа не ни можев да станувам повеќе од болки. Денот полека изминуваше, јас не знаев каде сум од тоа што имав многу силни болки. Докторката дојде уште некој пат да ме види и само ме прашуваше дали имам болки. Се стемни и конечно се решија да ме однесат во салата. Ни самата незнам како станав за да стигнам до таму. Кога ме наместија докторката само си седна наспроти мене и ми рече: Ајде раѓај! Потполно сама бев, настрана од мене стоеше само сестрата. По неколку обиди ништо, бебето не излегуваше. Докторката ме прашуваше дали имам болки а пак сестрата и вели: не гледате дека таа одвај зборува сигурно дека има болки. По некој обид повторно ништо и докторката едноставно почна да се нервира и да ми вика дека немам болки поради тоа што не сум викала, требало да викам за да види дека сум готова да го родам бебето. Јас не викав поради тоа што едноставно не сакав да викам, не дека ми беше срам или нешто слично. И како врв на се ме слезе од боксот и ме натера да се шетам наоколу. Јас едвај стоев на нозе, ни самата незнам како издржав. Со инфузијата на рака се виткав од болки над масата.  Кога повторно ме легнаа неможев да дадам напон бидејќи не ни имав напони. Таа почна уште повеќе да се нервира и да ми вика дека јас сум безобразна дека ќе си го убијам бебето и дека на крај ако не го родам веднаш ќе го извади со вакуум. Почна да ми кажува дека ако го извади така можи бебето да не е во ред. Можете да замислите во каква состојба се наоѓав јас во тој момент и што се не ми се сврте во главата. Потоа си продолжи да си вика и се собраа еден куп доктори и сестри над мене и во целата таа несреќа имало и среќа. До мене се пораѓаше една друга мајка, па докторот што беше со неа дојде кај мене, и се развика на докторката да ја пушти инфузијата посилно и застана над мене. За кратко време добив посилни напони, а односот на докторот, ми помогна најмногу. Ме стегна со рацете на стомакот двапати и бебето излезе. Ме сечеа многу. Кога го видов можев само телото да го забележам бело, чисто, а главата му беше модра толку многу што едвај ја забележав. Веројатно се измачило премногу. Јас заплакав повеќе од среќа, но и од мака. Конечно од 8 утрото во 19 и 35 дојде на свет нашето бебенце. Му се заблагодарив од се срце на докторот кој ми помогна и кога тоа го слушна докторката се налути па можете да замислите што ме снајде кога требаше да ме шие. Три пати му се кинеше конецот и немаа конец па трчаа низ болница да бараат, а кога ме шиеше тоа беше ужас. Подобро ќе беше да примав електро шокови одошто да го истрпам тоа. Подоцна мајката која се пораѓаше до мене ми рече дека кога ме гледала мене како се пораѓам си помислила тешко неа  ако и таа се пораѓа така. И се’ се заврши. Докторката воопшто не се појави да праша како сум, иако беше дежурна цела ноќ. Целата болница разбра за пораѓајот и нон стоп доаѓаа да прашаат кој имал тежок пораѓај претходната ноќ. Tаму воопшто не можев да станам од кревет, не можев ни да се поместам од болка и никој не ми помогна. Кога конeчно ме пуштија да си одам дома цел месец после тоа мајка ми и мојот сопруг на рамена ме носеа во ве-це, не можев ни да се исправам, ни да седам ниту пак да лежам од болки. Но, ете се помина ама не се заборави. Кога ќе си ја видев ќерќичката си велев вредела маката.. на момент можеби заборавав. И така времето си одминуваше таа растеше и стигнавме до моментот кога требаше да одлучиме дали да имаме и друго дете. Е тогаш почна мојата борба . Мојата психа не можеше да го заборави тоа што се случи пред околу 6 и пол години. Никако не можев ни да замислам повторно да се најдам на одделението за гинекологија. Со години се убедувавме со сопругот. Тој беше многу упорен за да имаме уште едно дете. И некако попуштив но не сосема. Мене сеуште ме мачеше онај 13 август пред околу 7 години. Веднаш останав бремена. Многу се плашев. За разлика од првата, оваа бременост ми бешe многу потешка, воопшто неможев да се движам, ми беше многу лошо се заморував, постојано одев на инфузии и речиси цело време го поминав во кревет. Но, за разлика од првиот пат овај пат се обратив кај една моја пријателка и се договорив со докторката која сакав да ме породи. Бев закажана 3 дена пред терминот. И двата пати се породив природно. Кога отидов таму ни самата незнам како влегов во болницата и како се качив по скалите, се разбира од страв. Во 9 утрото ми ставија провокација и така лежев и се шеткав неколку саати. Кон 12 и 30 почнаа болки но не беа силни. Околу еден ме посети докторката да види како сум. Подоцна дојде кон 3 и бев отворена три прсти но сеуште беше рано. По 5 минути се врати и ми рече дека ќе ме породи. Ми ставија инфузија и за 30 минути ме фатија силни болки. Неможев дури ни да станам кога требаше да ме прегледа, па се решија да ме однесат во породилна сала. Кога ме прегледа докторката рече супер па бев целата отворена за само 30 мин. Се помачивме малце бидејќи бебенцето беше големко. Но замислете не му излегуваше главата поради тоа што сметаше нешто од претходниот порaѓај кога докторката ме шиела. Бабицата се чудеше кога ми објаснуваше во каква состојба сум била од претходниот порaѓај. И овај пат мораше да се изврши  епизиотомија но далеку, далеку од онаа првата, без болки. Цело време бев присебна свесна и најсреќна на свет. Са секунда заборавив се. Кога и се јавив на мајка ми да се слушниме таа веднаш ми рече: Сега знам дека се е во ред. И олесна бидејќи и таа се грижеше поради претходното наше искуство. Бебенцето беше супер само што беше многу притегнато со папочната врвца околу вратот и мораше да биде на кислород, но и тоа помина. Сега растеме и сме најсреќни. Неможам да речам дека сум заборавила се, но овај порaѓај многу ми помогна околу тоа. Кога ќе ги видам моите ангелчиња е тогаш заборавам на се, на сите маки и болки. Се надевам моето искуство нема да го доживее никој, мислам на она неубавото искуство...Сакам да ги охрабрам идните мајки дека ете и покрај се мајката е храбра, а децата се најголемото богатство на светот па затоа понекогаш е тешко да се донесат во него. Никогаш не се откажувајте од доживувањето на чувството да се стане мајка. Тоа е најблаженото чувство на целиот свет. Еве ги и моите два ангели на сликите подолу.

Поздрав од мене

Растете сите заедно и бидете среќни.

 

Рингераја им посакува среќно детство на Јана и Дамјан !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаци дека сте бремена со девојче-дали се ...
Стомакот ви се проширува, јадете повеќе слатки, имате дамки на вашата кожа... Погледнете ги знаците дека носите девојче,...
4
Габични инфекции на женските полови органи
Габичните инфекции можат да бидат непријатни, но за здравите жени, кои немаат пропратни сериозни заболувања, не претстав...
3
Флуорот во борбата против забниот кариес
Во превентивата против забниот кариес најголемо место им припаѓа на флуоридите. Флуорот во организмот се наталожува во к...
3
Најважни совети за секое тромесечие од бре...
Бременоста е исклучително возбудлив период за сите идни родители, но и збунувачко време заради силните совети кои ќе ги ...
3




Анкета

koe ime da go izberam
gricko

koe ime e poubavo

maksim (35%)

mateo (39%)

gregori (26%)


Број на сите гласови: 119

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!