|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бањање на бебето - чекор пo чекор

Редакција Рингераја, 18.1.2023
Кога го бањате Вашето најмило, потребно е да му го посветите целото внимание само него. Еве неколку совети со кои ќе можете да избегнете да се случи нешто што не го посакувате.

image
/11


Прв и најважен совет: НИКОГАШ не го оставајте бебето само во кадата или коритото, ниту за секунда.

 

1.      Измијте ги рацете и кадичката пред бањање на бебето

 

2.      Налејте малку топла вода во кадичката и проверете ја топлината на водата со подлактицата. Длабочината на водата треба да е околу 5 cm. Ако не сте сигурни во топлината на водата, можете да проверите со топломер за вода. Температурата треба да биде 37 степени.

 

3.      Налејте малку топла вода во бокал. Таман ќе се излади до потребната температура додека Вие го бањате бебето.

 

4.      Подгответе се' што Ви е потребно за бањање. Нека Ви бидат при рака чешел, сапун, крем, витамин Д и тупфери од памук. Уште само додадете ја чистата облека на бебето и се е спремно.

 

5.      Сега расповијте го и соблечете го бебето. Земете тупфер од памук и со чиста вода измијте ги очите на бебето. Секој тупфер посебно за секое око, од надвор кон носот.

 

6.      Голото бебе замотајте го во пелена и полека спуштајте го во вода. Зборувајте му на своето бебе и смејте му се. Левата рака нека Ви биде под раменцата на бебето, главата потпрете му ја со подлактицата, десната рака нека Ви биде под газето на бебето, а на десната подлактица нека бидат потпрени нозете на бебето.

 

7.      Најпрво ослободете ја десната рака така што газето и ножињата на бебето ќе ги спуштите во водата. Со прстите на левата рака го држите бебето под пазувите. Главата на бебето е потпрена на левата рака и никогаш не се спушта потполно во водата. Држете го цврсто бебето во коса положба така што водата да му допира само до градите. Значи левата рака Ви е зафатена со држење на главчето на бебето, а за бањање Ви е слободна десната рака.

 

8.      Десната рака најпрво насапунете ја и измијте го лицето на бебето, главата, вратот, една по една рака, градниот кош, стомакот, гениталиите, па нозете. Измијте ја раката во кадичката, или крпата за бањање, доколку ја користите, и повторно насапунете. Пределот на половите органи треба два пати да се насапуни и темелно да се измие.

 

9.      Завртете го бебето на стомак, така што предниот дел на градниот кош и главата да ги држите преку левата рака, а бебето да биде потпрено со колената во кадичката. Измијте го вратот на бебето од задната страна и грбот, а потоа и газето од задната страна.

 

10.  Подигнете го бебето над кадичката и измијте го со чистата вода од бокалот. Температурата на водата во бокалот проверете ја со рака пред да го измиете. Бебето се мие од главата кон грбот, газето и нозете, потоа се врти и се мие на предната страна.

 

11.  Извадете го бебето од кадичката и замотајте го во голема и мека крпа. Наместо да ја бришете и триете кожата, исушете ја со нежно тапкање.

 

12.  Избришете ги ушите на бебето однадвор, намачкајте го газето со павловиќева маст, намачкајте го телото на бебето со Јекодерм, преповијте го во чиста пелена, облечете му бенкиче, горна облека, дајте му Витамин Д и надојте го.

 

Мирен сон слатко бебенце!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
7
10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
6
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?