|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Како и од сите останати слави и празници, така и од овој, неразделив дел е секако трпезата. Трпезата која што се приготвува за овој празник е многу различна од онаа за другите празници. Погледнете што се треба да има на Бадниковата трпеза

image
/11



Еден од најголемите македонски христијански празници e Бадник. Тој е познат како предвесник на раѓањето на новиот животот. Се смета дека зборот бадник е со старо македонско потекло и  значи “да бидеш буден” односно доаѓа од бдеењето над обредниот оган: бадник – будник. Исто така Бадник е познат и под името Коледе.

Овој празник симболично се поврзува со Христовото раѓање. Според нашата православна црква се слави на шести Јануари секоја година. Тој е празник кој не учи и ни ја доловува суштината на љубовта, вербата, опростувањето и милосрдието. Проследен e со многу обичаи и адети.  Иако постојат големи разлики во прославувањето на овој празник од едно место до друго, сепак неговата суштина е секаде иста: ширење и прославување на љубовта и милосрдието, како и збогатување и исполнување на човековото срце со благодарност и нежност.

Во нашата татковина овој празник е еден од најрадосните бидејќи  го најавува Божиќ и го обединува целото семејство.

Бадник е проследен со голем број на обичаи. Најпрво се оди во црква, од каде што се зема бадниково гранче. Потоа децата симболизирајќи ги ангелите,  радосни, одат по куќите да го најават Христовото доаѓање. Тие тропнуваат на вратите и откако ќе излезе домаќинот пеат најразлични коледарски песни. Овие песни и нивните стихови се разновидни и варираат од крај до крај зависно од дијалектите. Па така ќе се сретнат по повеќе верзии.

Еве дел од нив:

Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Дедо се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца
гускини, паткини!
Ткр ткр  коледе!

Сива, сива голубице! Дека си се осивила?

– Таму горе на небеси. Што правеше дедо Боже?
– Дедо Боже си седеше, рујно вино си пиеше,
си редеа златни чаши, златни чаши и канати!

Тинана нина на денеска е Коледе, утре ми е Божиќ!

 

Децата ги симболизираат истовремено и пастрите и Исус Христос, и затоа добиваат различни дарови (колачиња, јаболка, костени, ореви, портокали, пари и слично). А домовите во коишто одат ги симболизираат пештерата во која е роден спасителот и мудреците кои ги пренеле даровите на Бога.

Уште еден обичај за време на Бадник е и палењето на коледарските огнови. Се палаат во сите маала.  Дури и во црквите. Тогаш луѓето се собираат околу огновите, пеат песни, пијат греано вино и ракија и се забавуваат. Исто така се и крши коледарското лепче во коешто се крие сребрена или златна паричка. Oној којшто ќе ја најде се смета дека ќе биде најсреќен во претстојната година. Тој станува кум – ја добива честа да ја организира прославата наредната година.

Како и од сите останати слави и празници, така и од овој, неразделив дел е секако трпезата. Трпезата која што се приготвува за овој празник е многу различна од онаа за другите. Најпрво да кажеме дека се подготвува посна трпеза. Потоа исто така е важно да спомнеме и дека на овој ден завршуваат и Божиќните пости. На трпезата мора да има од се по малку за годината да биде бериќетна. Неопходно е да има и лепче со паричка, колачиња, посно гравче, зелник, сарма, риба, овошје, зеленчук, суви смокви, урми и секако јаткасти плодови. Сите тие симболизираат по нешто.

Домаќинката,  кога ја приготвува Бадниковата трпеза, најпрво го спрема лепчето со паричка. Се прават толку топчиња колку што има и членови во семејството плус за Господ, куќата и за стоката (доколку семејството ја поседува). Се става паричката во едно од овие лепчиња  и се прави погачката односно Бадниковото лепче. Потоа, се замесуваат колачињата за коледарите, бидејќи тие се предвесниците на овој празник. Подоцна се прави зелникот. Може да биде било со праз, зелка, спанаќ по желба. Се прави посна сарма во којашто место месо се става ореви. Се приготвува и најпознатиот македонски специјалитет – тавче гравче со црвена пиперка. Традиција е и да се пече тиква за десерт и посни слатки (најчесто посна баклава или гурабии. ) Сите овие јадења е задолжително да бидат посни. Не смеат никако да се изостават и овошјето и зеленчукот како и јаткастите плодови, урмите и сувите смокви. На трпезата се става од секое јадење и гранче од Бршлен. По неговите листови човек може да погодува за своето здравје  така што навечер гранчињата од бршленот се ставаат под перница, па ако наутро се свежи, тоа значи човекот ќе биде здрав.

Вечерта се собира целото семејство. Седнува на трпезата и секој член си става пари под столот. Ова се прави со цел да се имаат пари во текот на целата година. Oткако сите членови ќе седнат на трпезата, cе кажува молитвата  . Потоа, најчесто најмладите членови од семејството стануваат, го земаат лепчето и одат до иконката и го канат Господ на вечера со зборовите: “Дедо Боже дојди да вечераме.” Ова се повторува 3 пати. Но, е различно од место до место, па така во некои места се повторува еднаш, но се излегува до дворот. После ова, најстариот член станува и го крши лепчето со паричка. Првото парче е за Господ, второто за куќата, а потоа дели по големина: од најстариот до најмладиот член на семејството. Се бара паричката. Доколку се падне во делот на Бога или куќата, тогаш целото семејство го очекува бериќетна година. Доколкy паричката е кај член од семејството, се смета дека тој ќе биде најсреќниот од сите во годината. Се става паричката во чаша вино и секој член се напива по една голтка за среќа и здравје. Виното во чашата заедно со паричката во него ја симболизира крвта на Исус Христос.  Потоа започнува гозбата. Се каснува од сe по малку за здравје. Секој си одбира и  крши орев за да си го “предвиди” здравјето. Доколку оревот е здрав и бел те очекува многу здравје. Се зема и од овошјето и зеленчукот коишто се наоѓаат на трпезата и симболизираат богат род на земјоделските култури во наредната година. Се прават и други обичаи со цел да се предвиди благосостојбата на наредната година. Еден од нив е и обичајот со јагленот.

Од јагленот човекот може да разбере каква ќе му биде годината. Се одделуваат настрана 12 парчиња јаглен за секој од месеците и колку повеќе пепел останал од нив, толку подобра и поплодна ќе биде годината. Бадниковата трпеза не се раскрева после вечерата, бидејќи се смета дека ноќта ќе дојде дедо Боже да вечера и да го благослови семејството.

На седми Јануари, односно на денот после Бадник, го прославуваме вториот по големина празник – Божиќ. На овој ден се празнува раѓањето на Господ Исус Христос, второто лице од Светата Троица. Божиќ се слави три дена. Во сите наши Македонски православни храмови се одржуваат Литургии по повод Божиќ. Во нив се стана акцент на значењето на семејството коешто е нашето најголемо богатство. Исто така се проповеда и за значењето на овој најголем христијански празник.  Во некои од училиштата се приготвуваат и детски хорови коишто се спремаат многу недели претходно, па се организираат еден вид на претстави, проследени со хорски песни со цел да се запознаат децата со нашите традиции за овој празник, да научат нешто за него, а воедно и да се забавуваат.

Утрото на Божиќ се појадувa од Бадниковата трпеза, којашто потоа се раскрева. Исто така од овој ден се прекинати божиќните пости и може да се мрси. Семејствата со помали деца наутро после појадокот се приготвуваат и заминуваат на гости кај своите најблиски: баби, тетки, стрини. Им го честитаат празникот со зборовите: “Христос се роди!” A овие им возвраќаат: “Вoистина се роди!”  Целта на овој празник е токму таа, да се поврзат луѓето на овој ден со Бога и со своите најблиски. Да поминат квалитетно време заедно и да го прослават Христовото раѓање.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

A mund te mbetesh shtatzene gjate ciklit m...
Shtatzenia eshte ajo qe ndodhe kur sperma e mashkullit takon vezen e femres dhe veza e fekonduar me pas ngulitet ne mure...
4
Ало, амбуланта
Песнички за најмалите
3
Боенка: Мапет бебиња
Обојте ги ликовите од Мапет Шоу
3
Дојде есен мила
Детски песнички
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?