|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бадник - нај семеен празник

Редакција Рингераја, 6.1.2015
Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година.

image
/11


 

 

Обичаите што се изведуваат на Бадник се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, но она што е заедничко секако се  богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, коледниот оган и бадниковото дрво, како и коледарските песни.
За Бадник трпезата секогаш е посна, но исклучително богата ( посна сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл.) Пред да започнат домашните да вечераат, домаќинот го отворал прозорецот и го поканувал Дедо Боже на вечера со зборовите:

"Повели Дедо Боже да вечераме".  Во некои места софрата се изнесувала во дворот и оттука се упатувала поканата кон Дедо Боже.  Обичај е по вечерата софрата да не се крева. Храната  останува цела ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божиќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. На Бадник во секоја куќа се меси обредно лепче со пара, познато како кравајче во кое се става сребрена пара.  Кога сите ќе седнат на вечера домаќинот откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата, и оној што ќе ја најдел парата ја ставал во чаша со вино од која сите пијат  за здравје и среќа. На оној што ќе му падне парата се верува дека годината ќе му донесе многу среќа, радост, успех и   богатство.Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган, како и со горењето на бадниковото дрво. Најчесто се гори  пенушка од даб. Таа ноќ, како што запишал Кузман Шапкарев, "сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: "Бадник - будник".

На Бадник се изведуваат и повеќе други обичаи, како што се сечењето и горењето на дрвото "Бадник" коледарските огнови и многуте  песни што се пеат крај нив.
Децата утрото на Бадник ги посетуваат  куќите каде што пеат песни, го најавуваат и го честитаат големиот празник "денеска е Коледе, утре е Божик" за што добиваат дарови (овошје, бомбони, пари итн.)

Коледе, леде!           
паднало греде,               
утепало деде.                   
Дедо се мачи,                       
баба го квачи,                           
со четири јајца                              
гускини, паткини!                                   
О. О. коледе!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2
Слатки слатки песнички
Песни за најмалите
2
Зборувај ми, мила мамо
Песнички за најмалите
2
Ало, амбуланта
Песнички за најмалите
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?