AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Со цел да се транспортираат надвор од телото сперматозоидите се мешаат со ејакулатот, во одредени места на машкиот репродуктивен систем. Понекогаш, заради блокада или проблеми со производство на сперматозоиди, тие не се мешаат со ејакулатот и затоа не можат да го напуштат телото. Ова е причината зошто толку многу мажи со азооспермија не можат да имаат деца.
Постојат два типа на азооспермија:
- Опструктивна азооспермија
Опструктивната азооспермија е застапена кај 40% случаите на азооспермија. Тоа се случува кога блокадата во семеноводите ја спречува спермата да се измеша со ејакулатот.
- Не–опструктивна азооспермија
Не-опструктивната азооспермија е застапена кај 60% од случаите. Тоа се случува кога изостанува производството на сперматозоиди во вашето тело, што е резултат на хормонален дисбаланс.
Колку често заболување е азооспермијата?
Од азооспермија се погодени само 2% од машката популација, но оваа стапка е многу повисока кај мажите кои се подложуваат на третмани за плодност. Се смета дека помеѓу 10-20% од мажите, кои лекуваат неплодност, страдаат од азооспермија. Повеќето од овие мажи имаат мало, или никакво ниво на сперматозоиди во ејакулатот.
Симптоми на азооспермија
За жал, многу е тешко да се препознае азооспермија без соодветно испитување. Тоа е затоа што не постојат симптоми кои се поврзани со ова заболување. Вие најверојатно ќе имате ејакулат со нормална боја и текстура и ќе имате мали потешкотии со ејакулацијата. Само спермограмот може да ја дијагностицира состојбата.
Причини за азооспермија
Постојат две главни причини за азооспермија: Проблем со производство на сперматозоиди и проблем со транспорт на сперматозоидите и нивно мешање со ејакулатот. Постојат различни фактори кои можат да придонесат на секоја од овие причини.
Проблеми со производство на сперматозоиди
Понекогаш, азооспермијата е резултат на дисфункција во рамките на самите тестиси, што му оневозможува да вашето тело да произведе доволно квалитетна сперма. За да се произведат сперматозоиди потребно е да се присутни правилни клетки во тестисите и со правилни хормони да се стимулира производството на сперматозоиди. Неможноста за производство на сперматозоиди најчесто е резултат на:
- Хормонални абнормалности – Понекогаш вашето тело не може да произведе доволно неопходни хормони, кои се вклучени во производството на сперматозоиди, предизвикувајќи азооспермија. Хормоналните дисбаланси може да ги предизвика користењето на анаболни стероиди и Синдромот на Кушинг.
- Крипторхидизам – е состојба во која вашите тестиси не се правилно спуштени. Овој проблем вообичаено се корегира во детството, но сепак, доколку тоа не е санирано, вашите тестиси нема да бидат во можност правилно да произведуваат сперма.
- Васкуларна повреда – Повредата на тестисите, или на крвните садови во нив, може да го спречи телото да произведува сперматозоиди.
Проблеми при транспорт на сперматозоидите
Овие проблеми најчесто се предизвикани од:
- Вазектомија - Вазектомија или машка стерилизација е операција при која се подврзуваат семеводите кај мажот. На тој начин се оневозможува патот на сперматозоидите надвор од тестисите.
- Конгинетално отсуство на семеноводи – Некои мажи се раѓаат без семеноводи – мали каналчиња кои ја носат спермата во уретрата пред ејакулација.
Недостатокот на сперматозоиди во ејакулатот не налага веднаш лечење со тестостерон, како што често се практикува. Лечењето со тестостерон би имало ефект само кај мажи кај кои е докажан проблем со неговото производство. При генетски проблеми, тестостеронот е непотребен и нема ефект
Постои утврдена програма по која работат докторите во светски рамки, откако ќе дијагностицираат азооспермија. Основните цели на програмата се:
- Да обезбедат брза и квалитетна информација на мажот со азооспермија, во врска со можните причини за неговата состојба
- Да одржат соодветна консултација со двојката, која за прв пат се среќава со овој проблем
- Да спроведат лекување и по потреба да побараат помош од експерти кои работат во земји со напредна репродуктивна медицина
- Да ги објаснат процедурите на асистираната репродукција, погодни за конкретниот пациент и со согласност со желбата на партнерот
- Да пружат психолошка поддршка на двојката и да им ги објаснат потешкотиите кои треба да ги надминат.
Ви посакуваме што побрзо да зачнете!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?