|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Авантурата наречена "Бебе"

Редакција Рингераја, 9.6.2015
Првата година со бебето е како патување со возот на ужасот - летала кон небесата од радост, но и нуркање кон бездна. Целиот живот ви е наопаку. Ќе ви помогнеме да застанете повторно на нозе
Клучни зборови:

image
/11


 

1-ви месец - подигнување
Бебето е до вас и ништо веќе не е како порано. Сега е најдобро да имате:
Удобен кревет, во кој ќе спиете со бебето. Таму може да се повратите не само физички, туку и ментално.
Партнер, родители или пријателка, кои можат да се до Вас од време на време.
Акушерка, која одговара на вашите прашања. Да ви покаже колку магија има во студените листови зелка врз болните гради или како да ги провнете безболно малите бебешки рачиња во ракавот на бенкичката.
Пријатели кои нема да се навредат, ако не ги поканите веднаш да го видат бебето. Но некоја вечер ќе ви дојдат на гости, ќе донесат топла храна и пијалаци, соодветни за вас ...

2-ри месец - напредок
Еден ден бебето за првпат ќе ви се насмее свесно и вие моментално ќе се стопите! Уживајте во ова достигнување. Овековечете го – фотографирајте ја беззабата насмевка и приберете ги сликите во убава кутија. Полнете ја кутијата со спомени од најубавите моменти и враќајте се кон нив секогаш кога ве обзема сомнеж во успехот како мајка. Гаранција – самообвиненијата брзо ќе ви исчезнат!

3 и месец - активни контакти
Ако сеуште стои сама бебешката количка надвор, еве неколку места каде што може лесно да најдете контакти: игралиште, чекалната кај педијатарот, зоолошката градина.

4 и месец - обновување
Дури и да нема надворешни траги од бременоста, мускулите и зглобовите уште не ви се така силни како порано. Затоа правете редовни вежби за обновување на мускулатурата на стомакот и на карлицата. Ова ќе ве заштити од проблеми со мочниот меур.


5-месеци и  - "орден" за мајчинство
Еве ја херојската хроника за изминатите четири месеци:
Сте биле на околу 2880 часа постојана должност.
Сте смениле околу 700 од просек 6000-тите пелени, потребни на детето, додека се движи кон "сувиот" период. Кон ова се додаваат секојдневните домашни активности, официјално пресметани од најмалку седум часа дневно.

6-и месец - повеќе ладнокрвност
Во првата година детето се развива со насилно темпо. Не треба да се грижите доколку на Вашето бебе му треба малку повеќе време за некоја фаза. Обрнете внимание сепак, ако тоа не испушта звуци или не се обидува да фаќа, ако во положба на стомак не се потпира на рацете или од позиција на грб не се обидува да се преврти на стомак.

7 месец - помирни ноќи
Сега бебето веќе нема потреба да се напие вода во текот на ноќта. Ако и покрај тоа често ве буди, можеби е навикнат да јаде ноќе или му треба цуцла. Обидетесе со ова:
Поделете ја исхрана од спиењето - бебето да заспива најмалку половина час по оброкот.
Дајте му оброк за последен пат, пред да си легнете.
Ако плаче ноќе, не го земајте веднаш на раце, туку смирете го со галење, пејте му, подржете му ја раката.
Ако не успеете да го утешите, нахранете  го, но секоја ноќ скратувајте го времето за оваа постапка со една минута, односно намалувајте ја содржината на шишето. Постојано поместувајте ја  исхрана во раните утрински часови со по 10 минути подоцна.

8 и месец - време за професијата ...
... Сега најверојатно едвај ви останува време за професионална докажување. Сепак не ја напуштајте целосно вашата професија. Важно е да не ги прекинувате контактите со колегите и редовно да добивате информации. Најдобро е од време на време да го посетувате работното место.

9-месец - зајакнување на 'рбетот
Ако често го носите бебето на раце, грбот Ви е сериозно загрозен. Еве како да го заштитите:
Менувајте ги рацете, кога гоносите детето.
Носете чевли еднаш со ниски, еднаш со високи потпетици.

10-месец - период за љубов
Бебето е венецот на љубовта. Тоа сепак и оптоварува. Веројатно од неодамна често се карате со партнерот. Или имате чувство дека сте само во улогите на мајка и татко. Време е за промена. Еднаш неделно затворете се во спалната соба и нека секој од вас да зборува за себе. Само сослушувајте се и по час и половина завршете го ритуалот по избор - со нежности, во тишина или секој сам по сам.

11-месец - дискусија за финансии
Можеби наближува крајот на породилно отсуство и ве мачи помислата дека ќе зависите целосно од партнерот. Или сакате да започнете работа, но идејата платата ви да оди за вработување бејбиситерка не ви се допаѓа. Може да си помогнете, ако водите сметка на вкупните приходи и расходи и најдете посебни сметки за лични трошоци.

12 месец – пораснавте

Првиот роденден! Бебето постигна неверојатен напредок. Но и Вие сте "пораснале" заедно со него и сте научиле многу за себе. Можеби само не сте обрнале внимание на тоа поради постојаниот стрес. Размислете за овие тврдења:

Откако се роди бебето, се доближив до моето детство.
Раѓањето ја промени претставата за моето тело. Горда сум со неговите достигнувања и не сум толку строга кон неговите недостатоци.
Сега подобро ја разбирам мајка ми.
Бебето го направи мојот живот повеќе значаен.


Можеби ова се однесува на Вас? Зарем не е прекрасно!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Масирање на бебиња
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е нео...
3
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?